Јас освен во школо, факултет или на родендени кај другарки/другари што носеле нивни другари, па така нови луѓе да запознаам, НИКОГАШ немам запознаено на излегување никој веќе 22 години. Не дека нешто многу одам по дискотеки ама и кога сме оделе секој си седи со свое друштво, никој на никого не приоѓа. А и пијани типови не ни сакам. Во кафич па воопшто не се ни приоѓа. Да не беше интернетот ќе се немав ни смувано во животот што се вика , до толку што во живо човек не приоѓа на никого. Не само на мене, не дека сум некоја прелепотица, да речете еве не е убава затоа никој не и се пуштал, туку и на другарки што се прекрасни стварно лепоти, никој не приоѓа. И да те видат, ќе те најдат на социјални мрежи, па таму ќе ти пишат. Така и во средно, во школо не ти зборат, на интернет ќе ми пријдеа.
Колку го поедностави животот интернетот, толку и го искомплицира... Можеби па и не е толку 'страшно'... Можеби само треба да се навикеме на промената. Оти за оние на моја возраст и постари, ова огромна промена.
Да, моите многу тешко прифатија дека дечко преку интернет сум нашла првиот пат. Како одиш со непознати на дејт, што ако се некои ненормални, па не можеш ли во живо некој да запознаеш. А на социјални мрежи повеќе може да дознаеш за луѓето, него во живо некој ако го запознаеш.
И јас то го мислам кога излегува ќерка ми, ама па од друга страна, шо ако ги знаевме ние... Еве го знаев и ме силува. То е...
Бравос за ова. Искрено, најмногу ми е страв од тоа да се плаши ќерка ми да ми каже ако има некој проблем. Пошто знам дека јас и татко и' што и да е, ќе и' помогнеме. Е сега.. и то зависиц од тоа каков родител си. Ако го малтретираш, навредуваш и омаловажуваш, нормално дека нема да ти се доверува...
Не сум била некое проблематично дете, не сме имале проблеми со родителите некои, прв најголем проблем им беше тоа, првиот дечко што сум го запознала од интернет, чудно им беше, од каде излезе дечко сега, кој е, што е. За омаловажување се случува, за факултет сега нешто ми прават притисок што квадрирав години, сепак не земам на душа, родители ми се. Колку и да зборат, знам дека за мене највеќе се грижат тие, кој друг. Фамилијата е тоа, да се искараш и пак утредента да сте како ништо да не било. Секогаш треба дома да е искрен човек, не преферирам лаги со никого, најмалку со луѓето со кои живеам. Побезбедно е со мајка ми да споделам за дечко, а не со некоја другарка. Така гледам на тоа.
Ама не е работата за еден. Многу често го читаме истово прашање по форумов. Првичниот наслов на темата беше за тоа каде да најде нормален дечко. Мојот пост нема никаква поврзаност со Скопје.
А зашто не му пријдеш ти, колку за промена…? Баш ќе чекам викендов да ми пријде барем една добра девојка.
Да ме прочиташе убаво погоре, ќе видеше, спомнав. 22. И каква врска има тоа? Сакав да знаат родителите со кого сум во врска, им кажав се, немаше потреба да се лаже.
@FreeToGo, ти како супер маж што не кажеш кај се движите да знаеме кај да бидеме упорни и да ве бараме?
Хахаха, јас не сум супер маж а и веќе сум во врска година ипол Инаку да не бидам Off topic, јас излегувам низ Дебар маало
Така е треба многу внимавање и пак не можеш да знаеш .Како те намами ,те викна дома или некаде те сретна и те нападна?Не се обвинувајте,никогаш не можете да запознаете некого во целост
Жити се... Сакаш да кажеш дека идеш у пицерија или ресторан и му се тупнуваш на некој на маса? Ако да, ондак свака част за самодовербата.
Не баш,туку секаде може да се случи зошто мора да е кафич дискотеки.Имаше неодамна реелс на Инстаграм таткото му кажува на келнерот дека ќерка му го смета за сладок и девојката се пикна под маса хаха .И би пријдела баш повеќе на такви места отколку на некое место каде има галама како во кафичите.