Егзекли, Америка. Тотално различна култура, обичаи, менталитет. Не велам дека не може да се случи или дека не е социјално прифатено ама еве јас немам ниту слушнато ниту сум била сведок на таква ситуација или нешто слично. Овде луѓето не се толку "опуштени" како Американците и некој да му пријде на некој друг во таква околина (зборам за ресторани, пицерии бла бла) е реткост, посебно ако се во друштво на родители или фамилија.
Океј, вие можете слободно да се опуштите. Мене би ми било незгодно и глупо да му се пуштам на некого/некој да ми се пушта додека јадам некаде посебно ако сум со родители. Затуцани сме поради други причини, не пошто немаме муда да се ставаме на луѓе додека ручаат. Цк.
Ќе го почекаш да дојади, де. На заминаување застани го и фрли два-три збора. Побарај му број. Не профил од фб.
Мажите се малку нарцисоидни и преголеми хедонисти. А и површни се занимаваат со бескорисни теми и многу се фалаат и мислат дека се паметни а балканците во принцип се глупи. Но за наоѓање некој не е проблем. Барем мене ми е лесно немам превисоки стандарди и очекувања. А и не ми е проблем ако ми се свиѓа и прва да му пишам. Така да не ми било никад проблем да сум во врска во која ми е ок не идеално ама ок. Поради тоа повеќе од пола живот сум со некого. Еден период бев сама и заклучив дека ми е подобро со некого и многу брзо најдов ок врска.
Темава треба да биде општа останаа ли машки општо не само во Скопје, во Скопје реално најмногу има, за разлика од другите градови. Јас не сум од Скопје и имам 28 години а веќе слабо слободни машки околу 30 години. Веќе сум и во паника, да прибирлива сум, ама факт е дека нема асални машки на таа возраст.
Има машки сигурно кои се асални.Јас баш пишав во тема за совет од женски.Ни женски нема асални ако гледаме така.Треба да ги молиш за едно кафе.
Има машки ама има и дигнати женски.Ти ја руши самодовербата зашто си ја прашал дали има фејс како да си и ја побарал раката.
100%. Девојкиве (во мое скромно искуство) ми делуваат дека се прават премногу тешко достапни, хард ту гет што би рекле Енглезиве. Со клешта треба да им вадиш зборови, на прашање само лаконски одговор добиваш. Добивам впечаток дека сум нападен и заморен бидејќи јас сум тој што цело време го води разговорот и тој што се интересира па едноставно се откажувам.
Истото. Се изморив од тоа јас да ја водам работата, и прекинав контакт со неа. Ми смачи. Тие со прст не сакаат да мрднат за работата да тече.
Сега ако имаш многу пари, тек тогаш ќе сака нешто.И прашање е дали ќе направиш нешто.Многу се материјалистки девојкиве во последно време.Најинтересен си им само кога имаш пари.Има мал процент што не се и тешко е до нив да се стигне.Игра на среќа стана тоа во денешно време девојка да фатиш. Мене ми се случи во странство таква случка, во една тема пишав, не сакам да се повторувам. Исто и другар, има пари, скапа кола и самиот ми кажува што му се случувало. Али еве не, јас мислам од нас машките што сме коментирале во оваа тема, тие сме "асалните".Скромни, фини, интелегентни.Но реалноста е таа и е сурова.