Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останаа ли машки во Скопјево?

Дискусија во 'Сингл' започната од Trendafilka, 19 февруари 2010.

  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Фала вака што не нарече овци сите жени! Баш убаво од твоја страна :y: Еве, ти отвори си таква тема, ние ако сакаме ќе ти одговориме. ;) Не те сфаќам јас тебе, во еден момент со коментарите си 100% со жените, во друг си против и сме сите овци... Уствари сфаќам - се вика биполарно нарушување на личноста ;) И немој вакви навреди, ниту се знаеме, ниту ништо... позз
     
  2. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    102
    Јас не сум на ничија страна само кажувам дека и вие имате огромни минуси во вашето однесување како што имаат и машките.Не се криви за се машките ;) како што овдека е наведено.Погледнете се и вие самите у огледало колку глумите лудило :!: Да останаа секаде добри машки само што за вас добрите машки никогаш не се доволни добри отколку вашите љубимци (рекетари,мафијаши,директори)
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    По веќе милионити пат, пак ќе кажам - јас знам и сум свесна дека подеднакво се виновни и машките и женските за ваквата ситуација денеска. Прочитав некаде нечиј пост - никој не бил виновен, едноставно така било! Како па да не, само од себе така си е , и нема виновник, од небо дојдовме до оваа ситуација |(
    Многу девојки си оставија коментари и тоа прилично добри и аргументирани, не верувам дека секоја од нив има маана или глуми лудило, или не се гледа во огледало! Исто како што не верувам дека се палат на рекетари, вратари, мафијаши, бицепс-трицепс лигуши итн. :lol: Таквите мислам дека немаат време да се занимаваат со вакви теми на форум, сега се веќе надвор и бркаат некој од наведените примероци! :lol: :rofl:
    И јас се согласив со се што кажа Aleknovy бидејќи е вистина, и нема причина дечкото да лаже. Никој не е цвеќе за мирисање - ФАКТ и :headbang: со глава во ѕид не се удира!
     
  4. trapalce

    trapalce Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    1
    Да бидеме реални.иако сум од скопје секогаш велам дека во скопје има најмногу СЕЉАЦИ околу 80 % и сигурен сум во тоа и не може никој да ме убеди во тоа дека не е така,затоа што имам видено премногу ситуации,имам работено по дискотеки,кафичи,и сега работам како таксист,пак ќе повторам дека имам видено многу ситуации,и уверен сум дека во СКОПЈЕ има најмногу СЕЉАЦИ,но исто така има многу СЕЉАНКИ што глумат лудило,но сепак процентот на СЕЉАНКИ е многу помал од процентот на СЕЉАЦИ во скопјево,така да,повеќе ги оправдувам девојките отколку машките,поздрав и ве подржувам девојки во оваа тема,значи мислам дека машкото сепак треба малку повеќе да се потруди,и не треба да приоѓа на селски начин,и уште нешто за крај,тие мувања и такви глупости за една вечер не ги оправдувам,затоа што таквото однесување ги расипува луѓето,значи не е тоа тоа,вечерва се муваме,а утре не се познаваме.Нели не е тоа убаво?
     
  5. SmileX

    SmileX Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Исчитав се по ред, искрено другари/ки ако пред 7 дена бев толку уфуран да куцам детален одговор и свое мислење, али онака баш да си се распостелам со филозофирање и да споделам некои мои перспективи, се предомислив. Башка имам чувство дека темата отишла офф топик, не навлегувам од кои причини. Место да се одговори или да се погледне детално зошто нема машки во скопје, темата отиде до степен "јас сум најпаметен" па се до "така од секогаш било и така ќе остане", барем такво чувство се јави кај мене, дај боже да сум грешка.

    Интересно е да се прочитаат мислења од различни карактери, ништо ново, секој со својата перспектива и своите фрустрации и иритирачки клишеа, у последно време доколку некој има спротивен став од мојот прво го замолувам да ми помогне да ја разберам неговата ПЕРСПЕКТИВА на гледање на работите, така е полесно и за двајцата.

    Да не го тупам, нити да се правам фраЈер, одлична тема, браво за сите девојки што учествуваат во овој форум, чекори сте понапред од другите девојки, браво браво, одлични размислувања...

    Би сакал секој од вас да си го постави следното прашање,-Како може Светот да го направи подобро место за живеење за машките и женските ? и да даде одговор конкретен што би направил/а и да превземе акција, како велат, делата се погласни од зборовите.

    Се друго останува на филозофирање. Залудно потрошено време ( за кој како )?

    Нејмоте да си судиме нити да се препираме, сите сме убави, весели и паметни.

    Да јас сум Нено, ми улетуваат девојки, им улетувам и јас, се забавувам, запознавам прекрасни девојки со прекрасни карактери, студирам машко-женска психологија веќе 5-6 години - хоби, последно мое "заведувањее" или ако повеќе милувате "превземање на прв чекор" или "разговор со женско" беше кога бев поканет од директорот да отидам кај него во фирма, бизнис состанок, ме пречека неговата секретарка, 30-35 години, згодна до јаја. :) јас "само" седнав спроти неа и почнав да зборувам..... слушам.. зборувам.... отидов кај директорот после некои 5-10 мин. На крај, на излегување, секретарката ми рече: "Можеш да поминеш и кога ќе немаш работа кај директорот, онака на кафе, имаш прекрасна енергија" ! :)

    Несакам да судам зошто тоа ми го рече. :)

    Ви благодарам на сите за прекрасните размислувања и новите идеи на размислување што ги поттикнавте кај мене..... lots of hugs...... 8)
     
  6. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    Da ti kazam pravo, namesto da brkam, veke ne se zamaram. Toj sto go brkav zafaten, drug ne me sakase, drug sakal sloboda, drug sakal manekenki, drug ne znam sto... ako bide bide, smacheno mi e... Ama ke mi dojde pametot valjda, da trgnam da baram nesto, koj znae.
    A sto bi pravela??? Pa sigurno bi mu go svrtela vnimanieto, i bi mu go pravela sekoj den interesen i poseben, bi mu davala i sloboda, ...
    Mi se cini deka ovde vo MK, se e nekako naopaku, deka drugi vrednosti se baraat, i od maska strana i od zenska strana.. toa sto zborime, sponzorusi, vakvi onakvi koli, telefoni, ... Jas ne sum toa... No koga nekoj drugar na mojot simpatija gleda kakva sum, a drugar mu zaslepen vo sto ja znam sto, ne me gleda mene kako licnost i kako izlegdam. Pa vredi li da se zamaram? A mi bese tesko, sto ne mi se isplati trudot...
    Covek sto ne e od MK, koj sto mi e premnogu drag, i jas nemu, sekogas ima vreme i razbiranje za mene, i jas za nego, sto trae veke nekolku godini, i toa sekojdnevno. A ovdesnite kako da se slepi, ili ne znam sto im se slucuva... Bitno on da si zavrsi rabota...
    A sto bi prevzela za toa da se sluci?? Bi prevzela moi cekori na zaveduvanje...
     
    На Ace888 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SmileX

    SmileX Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Драга Секси,

    Убавината на животот е во различноста, замисли кога сите би биле исти, или би можеле да имаме парнтер секој што би ни паднал во раце или на памет, тоа ти е исто како да одиш во средно школо или на факс и секој ден да учиш колку е 1+1... too boring for me.

    Дали некој е зафатен/а, дали резонира на друга фрекфенција не е твој, нити мој проблем, но никако не треба да го презираме тој човек нити да ни биде демотовација за да продложиме понатаму, нема потреба од смачување, убаво е да има такви луѓе, како иначе би знаеле кога би ја сретнале "правата личност" ? :)

    Браво ! Доволно е двајцата да резонирате на тој начин, пази, многу е тешко да се најде партнер со слични размислувања, не го зборувам ова за да демотивирам, напротив да нема разочарувања и да му се помогне на другиот да ја разбере нашата перспектива. Никако да чекаме да "му текне" нема време повеќе за такви ствари, секојдневието е динамично кај сите, доколку отворено се разговара и тој некој партнер не превземе нешто, само едно би рекол NEXT please.

    Во Македонија и во светот луѓето се луѓе, само е различно гледиштето на секој поединец, бидете објективни.

    Дали знаете дека ако прашам 1000 луѓе веројатно е само 1 да признае ( а останатите ќе ја потиснат оваа желба длабоко во себе) дека обожва нивниот партнер да има убава кола или телефон и нема ништо лошо во тоа.( има цела филозофија во психологијата зошто е тоа така и тоа е за мене нормално ), почнувам од мене, јас сум љубител на технологијата и обожавам ако мојата парнтнерка користи најнов MacBook Professional просто обожавам.

    Секси,
    Тоа е твоја инвестиција, никако нешто што не се исплати, ивестираш за да дојдеш до човекот од твоите соништа. yep. Ништо не е узалуд, но само вака ќе го цениме човекот/партнер прво мора низ трнливиот пат да се помине ( немора ништо) барем за повеќето од нас кои обожаваат динамичен живот полн со изненадувања и предизвици... :rock:

    Околу, 70% од женските кои сум бил една вечер или 2-3 пати сум се видел, не е битно дали мување или секс кога ги барав повторно не ми одговориле или веќе воопшто претпоставувам несакаат да бидат со мене ( според знаците што ги покажуваат т.е. непокажуваат ). Исто се случува и од двете страни, верувај ми, постојат многу објаснувања зошто, неќум да навлегувам у детали. Сега некако нормално ми стана тоа, и тоа е добро... мора се да помине низ филтерот на тој начин. :)

    Така започнува секое ново патување, со превземање контрола на стварите :)
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Премногу добри размислувања, браво за последните постови, иако велите темата малку избегала, воопшто не е лошо да се прочита нешто вака разумно и паметно! Поздрав, ми го разубавивте денот! ;) Ет
     
    На Ace888 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    ај да не е премногу офтопик...мислењето на темава го имам кажано во повеќе наврати...само едно прашање имам сега поврзано со постовите на дечкиве....дали тој Нено што е наведен во првиот цитат на aleknovy го има напишано постот подоле под никот SmileX ??? ако добро сфатив....

     
  10. SmileX

    SmileX Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    да да другарки ја и алек сме френдови, ја сум тој што беше спомнат во пртх постови... ваљда прашањето беше до мене адресирано. :$

    иначе сите мислења си се на место, само местото е грешка. :) јас би сакал на тв да се разговара за вакви теми или јавни трибини.... што повеќе народ да се вклучи и вразуми. :emo:
     
  11. WittyGuy

    WittyGuy Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Нов сум на форумов, и прво ми беше глупо да се зачленам, пшо сум машко, ама откога прочитав мноооогу пост-ови, си викам ај-форум е-да си кажам шо ми лежи на душа!
    1. Иако сум машко, можам да кажам дека е многу јак насловот и темата!
    2. Малку ми е тешко да поверувам дека имало во Скопјево толку фини девојки што се single, пшо "just my luck" изгледа е ситуацијава, ја све налетуам на типки класифицирани во темава како "к***и", "провинцијалки - and not the good kind!" итн.
    3. Релативно сум помлад од речиси сите што пишувале досега на темава, но имам такви сваќања за љубов и врска, (барем сакам да мислам дека иам такви сваќања), што верувајте и на моја возраст се среќаваат истите проблеми!
    4. Искрено незнам што е проблемот (сечија помош е добредојдена, да ми објасни ако може некоја фина девојка :) ), ама јас еве искачам секој викенд, и пробувам да запознаам што е можно повеќе луѓе (девојки 99%), и наидувам на неколку проблеми:
    1. Ако пријдеш - те одбиваат максимално редовно, со ептен чудни изрази на лицето од типот (Што се замишљаш да ми пријдеш дур си седам ја сеа убаво тука?!), ако не пријдеш се жалат (пр. форумов и темава)!
    2. Ако 1 од 100% приоѓања, успее нешто, девојките, без кола, бааги пари, не те фермаат!
    3. Ако и тоа се погоди да е фина девојката, кога таа ме гледа дека јас сум фин, смисла за хумор, не се к***чам, не се праам фраер, не ме интересираат којзнае какви дискотеки незнам ноќни клубови, коа гледа дека само сакам да излезам да си поминам убаво, да се смеам, добар муабет, да играм у дискотека, не да стојам како 99% од луѓето шо праат (а во се ги судат тие што имаат храброст да си поминат како луѓе!), е тогаш буквално во тој момент сум избацен во Friend-zone!, а истите оние кои на форумов, и во темава, и една друга тема шо читав (мислам "фрази за мување" нешо така беше), сите тие селјаци што ги викате, сите се палите на нив! барем Девојките на моја возраст! (моја возраст = 19)

    се извинувам ако навредив било кого со мојов коментар, и било каков совет што би ми помогнал нареден пат да ја избегнам Friend-zone!, би биле многу ценети! :)
    патем ми се свиѓаа многу расмислувањата на SmileX!
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Прво, добредојде на форумот WittyGuy :)
    Интересно, јас имав претстава дека 18 годишни машки не размислуваат вака и се' на што помислуваат е
    - I just wanna hit that and go home! :D

    Очигледно ти си исклучок. Баш фино.
    Ако нешто научив тоа е ова - единствено бетер од 20 и кусур годишни девојки кои се занесуваат - се испод 20 годишни девојки кои се занесуваат!
    Жално, но вистинито. Тука на форумот има помали девојки кои ме воодушевуваат со размислувањата и имам зрнце надеж дека не е се' така црно. Еве разгледај, ќе видиш дека некои имаат кликер во мозокот.
    Поголемиот дел што јас ги познавам и ги среќавам низ град, знаат само да се фрцкаат и дотеруваат, да се кезат и кикотат (а Бог знае само зошто, ни самите тие не знаат), единствена цел им е да се накитат, да излезат, да лоцираат некој со јака кола, да ги почасти, да ги провози, да бидат видени, да се штракнат за на фб. Highlight во нивните мали животи е што го познаваат "избацивачот" од Милениум или што ти знам која дискотека и тоа е тоа.
    Некаде пишав - тешко ни е и на нас, ама ништо полесно вам.
    Што да ти кажам, со вакви размислувања барај си скромна, па дури и малку постара девојка, верувај има нормални таму надвор (јес да се бројат), ама ИМА фини, воспитани девојки, кои се трудат да постигнат нешто сами, а не само да шират нозе во латекс трико и да чекаат некој да им донесе ... Хммм, какво мартини сакате, со шеќер или без? - Средно. :D Тоа е, суров е животот.
     
    На De-lovely, Phyramide, WittyGuy и 3 други им се допаѓа ова.
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    26.205
    уфф читам вака и си мислам колку сум имала среќа..

    Баш сте во право.. Тешко нормален дечко по Скопјево. Кога ке ги видам само со рамбовка на Аца Лукас се палат.. уффффффффф се ежам...
    Тоа е, се изменија вредностите!
     
  14. Trikson

    Trikson Нов член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    35
    вредностите тешко дека се измениле, да не везам премногу,поштп можам се ова сто сте го напишале да го ставам во една концизна реченица...даклем...

    ...одсекогаш, секоја жена ја привлекувал успешен маж на секое поле.

    ...е дека модата и влијанието од кај што доага моментално ... и парите богами...грото фирми на династијата Mили-шевичи во MK...се знае од кај и е потеклото...тоа е на жалост нашата сељачка филозофија околу модата парите и жените...и мажите :lol:
     
  15. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    хахаха трендафилка ме насмеа со твојот пост... сепак толку е искрен и реален немам зборови ..

    инаку не е дека нема машки или женски на место во скопјево ... само секој се откажува прерано ... ќе наиде на неколку што не му одговараат и крај на светот е ... како да не ....
    женското сака успешен маж да ... сигурно дека нема јас да го издржувам сакам маж да имам не дополнително дете... иако сум мала за овој муабет ... сеедно ... и машките бараат премногу .. цицки ,задник,карактер целосно да им одговара што е невозможно па мора да се прават по малку отстапки од двајцата кои ке стапат во врска.

    со малку труд се би било добро ... за секое лонче има капаче ... :)
     
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    26.205

    Е како бе не се измениле вредностите? Ај види одоколу. Порано на твоите демек им било битно дали се има кола, пари за искачања и сл. Женскиве во градов немаат осет за ништо, се омаловажуваат самите и после друг им е крив.?! А машко ко машко, ке види цицка и гола нога и ајдееее ке даде се за да биде со девојката.

    И тоа како се изменети вредностите. Нема веке *те сакам*. Има, покажи ми ја сметката, ја ке ти покажам што знам у кревет и двајцата срекни и задоволни.
     
    На emotiven и chicka им се допаѓа ова.
  17. Klara007

    Klara007 Нов член

    Се зачлени на:
    28 август 2010
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    27
    Со последното мислење на Трендафилка,во потполност се согласувам и за да не се повторувам, само би додала дека и јас спаѓам во оваа категорија :lol: , девојки што се прашуваат Дали во Скопјево останаа машки :D Ако ми се допадне некој(симпатичен,фин,културен,вреден..), со светлосна брзина ќе дознаам дека има сериозна врска(такви не чепкам)... Или пак ќе најдам некој срце,душа,добар,фин, мил, ама пусто да е, па нема да ми се свиѓа како изгледа...Или ќе ми се пушти некој-јако фраериште,уфилман,згоден,женскарош тежок,на кој од очите му читам дека со поглеед ме соблекува и ми мисли перверзни работи.....Или пак јас нема да му се допаднам на некој(ако од 10 машки на 8 им се свиѓам,не важи и за останатите двајца истото-на нив може воопшто не им се допаѓам)...Секој ден си викам дали е можда во мене проблемот? Ако е во мене, тогаш што треба да променам? Ќе отидам некаде на некоја собиранка(еве последен пат бев на мекици, му се роди бебче на братучед ми) и таму пар до пар седнати(од прв до последен), а јас сама како улава :@ . Па родниниве кога им честитав за бебчето,уште ми викаат-ајде и на твоја глава :D . Сакав да им речам-на моја глава само некој женскарош може да се закачи или некој од горенаведениве категории на момаци...Или некоја од теткиве(више по 30 и нешто години во брак се) и ќе ми речат-будалче мори, шетај си, што ќе ти го маж по куќи, гаќите само да му ги переш!!!! :@ Ова е траги-комедија моево,незнам до кога вака ќе бидам....
     
    На emotiven му/ѝ се допаѓа ова.
  18. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    Of lele ovde sekoj si kazuva sto misli :)))

    Vistina e se, i toa deka se otkazuvame prerano koga trcame, trcame po nekoj i nistooo, a sponzorusi od sekakov vid gi ima bre kolku sakas, kolku i da glumat deka ne se... Ma da toa za mene ne bi go rekla, jas si go brkam svoeto....hehehehe

    Inaku za noviot clen sto prasa, jas samo bi rekla, site mashki da pazat na reakciite na tie sto im se svigaat, da znaat koga da izreagiraat, ako vlegol vo freindly zone, ne znaci deka nikogas nema da go poglednat so drugi oci... se slucuva sekogas, zosto i recisi nikoj ne veruva vo prijatelstvo masko-zensko... treba samo da naoga nacini da bide kavaler, da bide simpaticen i zabaven, no da go gleda i svojot stav, mora da bide siguren vo sebe... ako ja viknes na samo nekade na kafe, prosetka, moze ke se sluci nesto :) Ke te zapoznae podobro, i mala glupava romantika, no slatka, ke upali, barem mislam :)
     
    На emotiven му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WittyGuy

    WittyGuy Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    fala za poddrskata i od Trendafilka i od tebe, i se soglasuvam pso si gi znam drugarite, i nivnite reakcii koa vsushnost nekoja fina devojka ke gi zasviga, a oni citiram "ne be brat, ne e ubava sea so da i praam", a nema vrska, super si e devojkata samo so ne se pojavuva u dolna obleka u HardRock za vikendi...
    btw, sea bash iam edna prekrasna drugarka, so se bi dal na svetov da mozam da izlezam of Friend Zone, i bash vcera bevme neso na kafe setanje niz Skopje, i znam deka vo nekolku momenti sakav da i spomnam neshto vo taa smisla, ama se plasam da ne ja zagubam celosno ako ne uspeam vo toa sto sakam (poveke od drugarka :) ).
    nekoj sovet za kako da go izvedam toa... kako postari devojki vaka da mi pomognete... znam deka e nadvor od temata, ama vredi devojkava, veruvajte... :$
     
  20. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Што е до машкиве,значи прво мораш да им се свиѓаш на сите негови другарки за на крај да си со него,бидејќи ако не им праиш ќеиф одма ќе почнат да го буцкаат ваква е,таква е... Затоа и машките се такви.А тие што се грди женски со згодни фраери,сигурно дечкото го баталил друштвото,затоа што вистински ја сака.Од лично искуство,ова ми се има случено на мене,значи бившите другари на дечко ми го тераа да ми раскине,затоа што повеќе не искачал со нив(само машко друштво).Затоа сега има ново друштво кои не се такви себичњаци...
     
    На Ace888 и emotiven им се допаѓа ова.