Има , ваљда сите имаме некој идеал за каков/ ваков/ онаков треба да биде некој, а често пати не е, односно не може да биде онаков каков што ќе го замислиме во главата. Вистински маж.. да си биде она што си е, да има основна култура, осет, почит спрема себе и мене.
Сфатив дека нема и јаре и паре, или поконцизно две убајни немаТ. Ко да сум некој магнет за такви, или можеби е чиста случајност ама последниов период тројца батиња а сега веќе само 1 со кого одржувам комуникација на пријателска база со амбиции за нешто повеќе имаат потреба за преголемо внимание од жена. Постојано муабетот е сведен на: јас сум ваков и ваков, тоа не трпам, вака сакам во животот, ако имам пари тоа ќе направам, омилена дестинација за патување ми е Тајланд, од јадење морска храна, сакам најк патики за тоа највеќе трошам, слушам ваква песна.... сето ова кажано, без да биде прашан, без да создадеме некаква комуникација дебата за да дојде до тема да прашам јас па да даде културно не напето одговор. Обично жените се желни за внимание и сакаат да се истакнат не знам шо е работава....буквално ко да читам CV или женски дневник ко на времето шо се потпишувавме. Нема мистерија, нема нешто што би предизвикало кај мене заинтересираност, све е кажано на тацна, дури ја да сакам да се надоврзам со нешто и некаков став одма ти игнорира муабет и пак продолжува да си кажува за него. ЕГОЦЕНТРИЗАМ на нивоу
Уште од старт решил дека не му е намера тебе да те направи среќна туку испаѓа ко ти да си му психијатар, а тој да си олесни...убаво кажа..класичен егоцентризам...и да, нема мистерија..и таа опсервација е на место...што бараш ти од жена ако не си сфатил дека вниманието е нешто што треба да и се посвети и да и припадне на жената во најголем степен...а ако веќе не знаеш како да се однесуваш, едноставно сакај ја...тука нема промашување...жената не треба да се разбере туку да се љуби...зошто да ја разбереш е невозможно...ако пробаш да ја разбереш ќе завршиш на неврологија, а доказ за тоа е и фактот што ни вие жените не можете да се разберете што сакате камоли па машко да ве разбере а и така машкото нема ни грам капацитет за такво нешто со ретки исклучоци...А машко па демек знае што сака ама тоа негово сознание за себе е толку лишено од некаква суштинска содржина и модели на однесувања кои треба да ги усреќат жените што покажува колку тоа мавање у гради ко горила дека е повреден од жената не вреди ни пет пари...така што за стап сме и едните и другите..и машки и женски...иако кај машките има и тоа доста повеќе работа, да работат на себе за да бидат попривлечни за жените
Замисли запознаваш шизофреничарка и едино битно ти е дали го има преболено бившиот. ако е така, ајде дома honey, ќе си халуцинираме заедно
Па, мислам дека пишав на некоја од темиве, едино за што се реално заинтересирани е тоа да му го трошат времето на некого. Јас почнав да гоустнувам оти реално, штом ќе го добијам тој вајб дека чека се од мене, губам интерес. Затоа и не верувам во онлајн дејтинг, само губење време е.
Еве јас да искористам прилика да ве прашам. Вие девојките од Скопје дали би биле во врска со некој што престојува во Скопје а од некој помал град внатре во државава? Има такви многу, студенти, работници кои можеби се и многу подобри потенцијални партнери од скопјани, но не ви паѓаат ни на памет бидејќи не се од Скопје. Тоа е мое мислење
Пријателе , ако имаш комплекс на нижа вредност , тоа ти се одразува, према тоа не тупи глава од каде си туку со кого си
Нема врска од каде си, баш пред година и нешто бев на свадба у Прилеп, сопругот на другарката живее во Скопје а од Прилеп. Никоја другарка до сега не исхејтала или откачила момак, дека не е Скопјанец, него дека бил сељак. Многу подобри партнери од Скопјани , bro who hurt you?