Има жени што и те како ринтаат за некоја самосталност и стабилност, наспроти Петар Пановци што се во комфорт зоната на 500-700 евра, мама пере боксерици а и купува кога имаат дупче, и тоа е тоа. Кога ќе фати медиокре девојка, ќе рентаат заедно. Пошто он не може и НЕ САКА да се осамостои, сам да пушта машина, да се бори за повеќе, за подобро. Не сме 1998, повеќе Е подобро. Инфлацијата навлезе без вазелин. Има девојки и жени и САМОХРАНИ МАЈКИ што излегле под кирија и се борат. А она што некој се наоѓа увреден не е мој проблем. Најмалку е битно кој колку има. Ама круцијално е кој колку се труди и се снаоѓа. Учењето, надградувањето и растот не прекинуваат кога ќе земете диплома и ќе влезете на работа 9-5, а после тоа не работите на себе. Лично ринтав како коњ по 13 саата на ден со 1 слободен ден, сигурно нема да ми биде привлечен и квалитетен човек кој живее со мама и со кој нема да можам да водам љубов за да не не чуе дотичната. На нас на кој не ни е дадено, дадена ни е шанса за борба. А маженца што го подаваат и копјето и штитот наваму, ми палат мајчински инстикт. Не женствен. Светот е огромен, и има толку прекрасни и квалитетни луѓе (и мажи и жени) во него, што само небото е граница. Македонија не е вселената. А за да најдеш квалитет, треба да бидеш квалитет. Така што можда некои од нас се само во погрешна земја.
Ахаххахахаха алал да ти е за постот , ми го разубави денот, се што кажа е 100% точно и реално, и јас имам неколку другари каде што не сум сигурен дали бараат девојка или дадилка ( некој да ги гледа бидејки не се способни ни две јајца да спражат а не нешто по комплицирано )
Колку си позрел (не у години), толку е потешко бидејки се намалува кругот на потенцијал, а потенцијалот е осиромашен. И или ќе правиш (не)здраворазумни компромиси за да не останеш сам, или ќе најдеш убавина во помислата дека и да останеш сам, до крај на живот, ќе бидеш океј со тоа. Ама сосема океј. Јас сакам да бидам нечиј партнер, не мајка, не дадилка, не сестра, не вреќа за emotional dumping, не партнер за станбен кредит. Ќе му пржам јајца ако не знае, ама мора да знае сам да си ја испегла кошулата. И мене ќе ми треба он за нешто кај шо мањкам, ама не за да ми биде татко или банкомат. Моментално и генерално, се е сведено на плитки муабети, инстаграм мањачење и корист. И овде и двата пола (и околностите) носат вина.
Џабе се курчите додека уште ја делите сметката со девојчето по локали толку имам да кажам не велам сите девојки се фини добри ама тие финити добрите барем ке го ценат
Демек ако и ја платиш сметката голем фраер си. Си плаќа тој што си нарачал. Што да правам сум излегувал обично со успешни девојки кои ако машкото одлучи да плати е под нејзино ниво, си има свои пари и ќе си ги троши како сака без да зависи од некој друг.
Фраерлукот бате е голема особина карактеристика не е само поентата во плаканјето али тоа е веке почетното секое машко треба да биде Џентлмен и не сите се дружиме со успешни луѓе као ти извини вака мајсторе
Е тоа не се ни спомнува кој ќе го плати, некогаш јас некогаш таа, ситна боранија. Зборувам за излегување вечера каде две три илјади денари ќе се потрошат од една страна само. Или пак одење на одмор каде што и да се понудиш само ќе те изгледа како да и си ја отепал најмилата мачка а не па нешто друго. Во зависност на вкусот на девојката. Што сака да јаде и каде сака да патува. Секој си е свој и секој треба да допринесува еднакво во една врска а не ќе се правиме нешто што сме или не сме.
Фраер е особина која е само за чаталење, во принцип не е фраер ниту џенталмен само се чатали ете гледаш јас што можам.
Што гледаш? А извини Сум заборавил да потенцирам чаталџијата (фраерот) вели "ете гледаш што јас можам". "Гледајте ме голем фраер сум ја возам ја частам каде и да одиме сите трошкови и ги покривам јас голем маж". И тоа обично го прават со пари што не ги заработиле самите тие.
Радо би да дејтам фраер него пичка. Јас ако сакам да делам сметка или да плаќам за двајца, излегувам со девојчиња. Маж и жена не е исто.
Овие шо делат сметки и не се способни да заработат за двајца (камоли за ФАМИЛИЈА), не влагаат у поим Маж. Темава е за мажи, не за Петар Пановци. Убаво си напишала поубаво амин! Останаа машки, пред некој ден запознав еден. Од дното на животот се кренал до степен да го патува светот додека работи и не ми дозволи да се фатам за ташна, освен да извадам сјај за уста. Деновиве се враќа назад у Ск за да помине пар денови во дружење и запознавање. Значи останаа, ама или транзитираат, или се вон граници. И многу е лесно да бидеш жена покрај таков тип мажјаци. И ништо нема да ти паѓа тешко, напротив. Делење живот со такви луѓе се сведува на взаемен раст и поткрепа, не во анализа на фискални сметки.
Што се случи со жениве што не го сметаат мажот за маж ако по дифолт не им плаќа сметка? Демек не бил способен да заработи за двајца. Па тогаш, жените кои мислат вака значи ли дека не се способни да заработат за нив самите па чекаат мажите да им плаќаат? Мизерија.
Поголема мизерија од неспособност за водство и грижа не постои. Кавалерлук е тоа, тоа не е дали јас можам или сакам да платам, и темата не е за делење сметки. Просто самиот чин на превземање на тој дел укажува дека машката страна сака и може да се грижи, дека е несебична и културна. Сум била со луѓе шо немале проблем да платат а испаднале мизерии во друг поглед, за други работи. Ова не е мерило. Но е огромен параметар што можеш да очекуваш после 10+ години заеднички живот. Пошто шо кур ќе ми е човек, што ако изгубам работа, или недај боже имам повреда и залегнам 3 месеца - ќе ми каже НЕ ТИ НОСАМ ЦИГАРИ ЗЕМИ СИ САМА, не чекај од мене. Дупла мизерија.