Не романтизирајте спонзорства претставувајќи ги како кавалерство. Затоа се разведувате во прва година или после прва бременост.
Не зборува за тие што заработуваат повеќе од мажите туку за тие што чекаат мажите се да им платат. Две различни карактерни особини.
Не мешајте спонзорство и манири зошто така ви одговара или зошто пратнерите ви ги цицаат парите или имате едвај 30% поддршка. Едно е маж да не дозволи да се фатиш за новчаник на прв дејт, друго е да планирате патување заедно, трето е да стапите во брак (тоа е веќе заедница регулирана со закон) и ЗАТОА се гледа кој како се поставува од самиот дејт, преку фазата на запознавање, преку фазата на врска па до заедница. Затоа имот стекнат у брак се дели 50-50 дури и ако жената не работела. Затоа што поголема и потешка работа од тоа да ја држи фамилијата силна, стабилна, и да гледа деца и спарува чорапи НЕМА!! Маж без скрупули шо нема природен инстинкт за водство, иницијатива и заштита не може да биде глава. Не може да биде татко. Замислете си го Џорџ Клуни (поим за мажјак) на дејт кај шо анализира фискална да види колку била ебената вафла а колку цедениот. Не станува збор за материјализам, туку за менталитет на надмоќ и сила. Не сакам да живеам у свет кај што гордост ќе ми биде дека праам повеќе пари од него, дури и да праам, туку у свет кај што гордост ќе ми бидат манирите на партнерот. Партнерот е параметар за тоа колку се сакаме себе си. Епа јас се сакам до тој степен кај шо нема да дозволам да бидам со благајник. Иди човече мувај студентки.. Тргнеш на одмор застане на бензинска и ти каже, е срцка ај сега дај по 1500 за гориво.. ми се преповраќа пишувајќи го ова. Ама затоа ти можеш да земеш две чоколатца и вода за по пат. ТОА е реципроцитет + грижа. Не ми е мене никаква гордост кога ќе сфатам дека заработувам повеќе од тој спроти мене. Напротив, одма мука ми станува. Пошто за да дојдам тука кај што сум сега препливав река пуна со г.... Додека типот на 30+ или чека од татко му, или нема амбиција за повеќе. И не оди Алфа жена со бета маж. Не оди у ниеден паралелен мултиверзум. Толкувајте ги нештата објективно, а не преку сопствените искуства.
@ThiccFit не ти е воопшто во ред споредбата, македонските мажи не се ни приближно до Џорџ Клуни. Поверодостојно ти е да земеш српски маж, некој што горе-долу сите го знаеме и е тука некаде до нашиот менталитет. Просечен македонски маж што има малку разум секако дека се грижи како тој ќе придонесува во една заедница (врска/брак небитно). Ама па овие женските се научија да ако е маж треба да го цедат. Туку мислам на оние што го гледаат мажот како банкнота и ништо повеќе. И да, често во пракса владеат напишаните правила, каде добар дел од паровите се нескладни (обично едната страна е како што треба, а другата не). Во било каква смисла. Ама па кои сме ние да анализираме зошто е тоа така. На крај трчајќи по идеал (без разлика дали е машко или женско) останува со прстот во уста. И ништо повеќе. Полошо нешто од водење есап на парови е преценувањето. Ова важи за двата пола.
Ама истиот тој ја венча Амал, а не некоја спонза/манекенко- келнерка ( професииве ги спомнувам зашто бил со жени со тие професии меѓу другото.. Надмоќ, само во бдсм фантазиите
Да не се лажеме во повекето случаеви жените сакаат алфа мажјаци што се од акција идеи амбиции не збориме за спонзорство фраерот батето треба да е столб глава на фамилијата основните потреби од животот да бидат подмирени и повеке од тоа сите сакаме полуксузно да се живее ако се може жената да биде додатен плус јас така гледам на работите
Важи. Не се работи за цедење оооој Шпреса! Taking initiative to keep your partner safe (emotionally, financially, spiritually, in any way) is a PERSONALITY TRAIT и во ниеден случај не е цедење туку доаѓа природно и неконтролирано од здраворазумен ум и љубов. Нека останам со прст у уста само да не сум у катастрофален, медиокре брак. Ти не си свесна колкава слобода и убавина постои у тоа да те боли уво дали ќе останеш сам или не се додека си останал верен на сопствените потреби.
@ThiccFit премногу лично си сфаќаш, не знам што се докажуваш кога никој не ти пропагира како да си го живееш животот. Нели, секој си одлучува како, па и умее да си процени што е за него или не. Ама да правиш споредби со нереален лик и притоа да поплукнуваш на мажите, значи дека имаш нерешени фрустрации. И после мажите не чинеле. Сите ли не чинат? Ем пишете на форум, ем не трпите реплицирање.
^^длабока љубов која повеќето луѓе нема да имаат шанса да ја искусат заради расположливиот емоционален капацитет.
Не треба никој од никого да чека да му се плати нешто. Коментарот ти е скроз на место. Ја увек сум плаќал на женските и кафе и ручеци. Ама секогаш ми се свиѓале женски што се самостојни.
21 век, они не го сметале мажот за маж ако не плаќа сметка. А да пробате со sugar daddy ако веќе барате некој да ви плаќа? Европо, не нѐ чекај...
Какво е тоа рендом провоцирање кога буквално една страна наназад има мислења дека маж не е маж ако не плаќа сметка? Ја читаш воопшто темава или само моето мислење го прочита, па се реши да искоментираш безвеза? А најсмешно ми е што членкава што ти лајкнала има напишано дека сака фраер а не пичка со кого ќе дели сметка.
Видов дека последно мислење е во април, затоа рендом. Инаку не знам од каде коментарот за Европа - и таму жените сакаат мажи што им плаќаат дејтови, некогаш дури повеќе и кај нас, затоа што за разлика од кај нас таму мажот actually заработува доволно за да плаќа за двајца нон стоп, па тоа и очекуваат.
Си врткав низ форумот, искрено не се ни сеќавам како стигнав на темава ама се зачитав неколку страни и пишав мислење. Не гледам проблем во тоа што последното мислење било во април. Ако пишуваме само во активни теми, сите други ќе замрат. Ете плус ти ме цитираше и (можеби) повторно ќе се активира темава. Проблемот е во одредување дали некој е маж, жена или пичка врз основа на плаќање сметки у ресторан. Мислам дека е надминато тоа затуцано размислување, барем кај мојава генерација у Европа I guess?
Де бе, ја мислев вие напредни сте, нели и жените со вагини за мажи ги сметате, па ви засметаа 100 денари за кафе и ние спозорушите... Путуј Европо...
Одлучи се шо сакаш да кажеш па пиши одново, пробај овојпат без офтопик и поконцизно. Маж, жена, транс, вонземјанин, плаќање сметка/делење сметка е ствар на договор, ако мериш нечија машкост според тоа дали ќе плаќа сметка секогаш кога ќе седите заедно, размислувањето ти е останато у 1950.
Абе Гош, 21-ви век сме, сега мажите не сакаат жени, и они си бараат мажи . Не се глупи да плаќаат едно кафе за жена, кога можат да си најдат маж и нивното кафе да биде платено па цигарчиња, па бензин, па и у газ ќе им даде....