Некој не знае да направи разлика меѓу спонзорство и кавалерство. Да, сакам маж што ќе се понуди да ја плати сметката на прв дејт, што ќе отвора врати, што ќе купува цвеќиња, што знае да направи план, што знам дека секогаш можам да се потпрам на него. Не, тоа не значи дека сакам секоја сметка да ја плаќа и да живеам на негов грб. Ама манири, кавалерство, внимание, третирање на жената како дама никогаш нема да излезе од мода, без разлика колку тоа се сака да се претстави како заостанато нешто.
Има разлика меѓу тоа една жена да бара од мажот да биде џентлмен и да плаќа сметки, па дури ми е океј да бара да е финансиски силен (секој си има право на свои стандарди) и тоа да оценуваме кој е доволно маж според финансии. Ама реално, затуцан е тој традиционален мајндсет дека машкоста на мажот се мери по тоа дали е провајдер. Не функционираат сите парови исто и не им е на сите жени приоритет да им биде финансирано се, секојпат, па така глупо е да се рече дека маж што не плаќа е пичка.
Ова го сфаќам повеќе ако на прв дејт кога треба да се плати сметката наеднаш оди во вц или вика дека го заборавил новчаникот, тогаш да пичка е. Ако си ме викнал на дејт очекувам и да се понудиш да платиш. Јас секако ќе го извадам ќесето за мојот дел, ама од кавалер на прв дејт очекувам да се покажи. Понатаму можиме да делиме, зависи кога како ќе се договориме. Не го гледам мажот како банка, сама си заработувам и секако дека можам да си платам сама, не е тоа поентата. Ама што би очекувала од маж понатаму ако не сака да го плати ни првото кафе кое го пиеме заедно, или ни едно цвеќе да купи?
Јас па сакам првата сметка да ја платам. И то причините се злобни. Сакам да видам како ќе реагира и колку нема да ми дозволи. И ако почни ептен да ми се кара, шо се случило, ако почни да користи манипулативен јазик, шо се случило - нема втор дејт и си штедам време. Пошто ако толку се разлути дека сметка не платил, шо е глупост, шо останва за нешто посериозно? Ако напрајме договор втор дејт тој да плати и сум ко, па океј. Има потенцијал. Генерално сум за делење сметки дур не се запознајме подобро. Кога со некој заодвам океј сум и цела сметка јас да платам, и цела сметка тој да плати без да водиме рачун некој на некој да должи. Ама преферирам делење. Само да прашам, ова е проблем само во Скопје шо е во темата за машки во Скопје?
Тоа заборавање новчаник, одење во ВЦ или сл. траги-комични изговори кога ќе дојде да се плаќа сметка е… резил, без разлика дали е мажот или жената. Останатото е твое мислење, го почитувам, секој го има тоа право, но не се согласувам. Апсурдно ми е да речам дека еден човек не чини, ако не сака, па и на прв дејт, да ја плати целосно сметката, т.е. да сака да дели по пола. Тој како би те проценил тебе, ако тој плаќа, по твојата логика? Па и со цвеќето… Мислам, тоа се убави гестови, кои надополнуваат, ама нема светот да се распадни ако не се случат. Сметам дека ако се има почит, разбирање и сл. подароците, сметките итн. не треба да подразбираат конкретен пол.
Не знам, мене па баш и би ми се распаднал светот ако дечко ми слеш муж ми не ми купува цвеќе... Баш тоа го глеам као еден чин на почит и љубов... И досеа не сум сретнала муж што не сака да плати на жена што ептен му се свиѓа. И тоа е еден чин на почит од негова страна. Некој вид на удварање. Затоа и многу се вреѓаат ако одбиеш да ти плати. Ова зборам од мое искуство. Мене не ми се десило да ме остави некој да платам, и коа сум инсистирала... Па и у дуќан на каса. Затоа и веќе не одбивам, а ако некој очекува нешто за возврат, негов проблем. За у врска, брак тоа е друг муабет и нема везе со темава. Ма да и таму многу ми значат подароци и постапки, особено за битни денови, али и онака рандом, небитно на парите. И плус сите мужи што ги знам што не плаќаат ни по пола, него чекаат од жената, се посебна гранка у психологијата, и се типични пијавици... Кај жените има некој исклучок.
Ендемски вид сме такви во Скопје и најчесто девојки не им даваат до значење на типови кои се џенталмени Се е кажаано у видето
@Gosh таа скржавоста во недавање еден обичен цвет после ќе си влече. Значи по ситници што реално не се толкав проблем после почнуваат да се проблеми. Никој не може да ме убеди дека жена бара многу, ако знае како - маж и со малку внимание може да придобие многу повеќе за возврат од жената. Тука мислам на баш искрено сакање. Ама генерално мажите се кукавици и мислат дека треба да молиш за еден цвет! Лично сум добивала внимание од мажи и давање цвет без никаков повод на волонтирања, настани (значи крајно џентламентско однесување) сосема спонтано, без пуштање и без никакво скриено значење. Така ценето сум се осеќала, уште ми се во сеќавања таквите моменти. И пред да ме цитира некој, еве ќе речам дека од обичен двор може да скинете и да се снајдете. Многу значи, посебно во сосема обични денови.
Тоа дека маж треба да плаќа и да купува цвеќе/подароци се стереотипи наметнатни од општеството. Па затоа можеби се поретки таквите шо сакаат да делат по пола. Да, точно, тоа се начини на “додворување/освојување”, но јас би рекол “ловење”. Ловење бидејќи нема реципроцитет. Или… можеби би имало, ако жената му дај, му донеси зготвено јадење или му ги испери гаќите..?
Совршен маж - заработува, има план и амбиција во животот, се грижи за домот и децата, има манири и - девојка на страна
Па баш дека мажот не треба да плаќа и да купува цвеќе, се стереотипи наметнати од модерново општество. Али што е попрво, јајцето или кокошката... Рептоцитет у ловење е ја да ја добиеш жената, а у врска е чин на поштовање и грижа за саканата особа, праиш нешто што таа сака... Али ок, не ни се чудам на ставов коа ти очекуваш путка у замена за букет... @Stefan18, не би ни била со него, па да го оставам.
@Waverly Raven па на 21 век и куп видеа на социјалните мрежи срамно е да не знае да се испери и си запржи нешто. Секогаш се истите муабети, друго и така нема што да се каже. Секогаш кога во жената гледате секс, нема ни да добивате љубов. @Stefan18 ти што мислиш?
А што ако дечково ја сака девојкава и нема да може да си дозволи да купи цвеќе(или било што)?Ти се отвори и ти каже ти му се допаѓаш.Па, нема пари да ти приушти некои работи.Одма ќе го оставиш?
Ако пуши и пие и пишуе ливче у кладилница, има 150 денари чат пат од бабине на семафори или на пазарче ружа барем да купи... Така да, да. Без патетики те молам. А и реално вие мужите не сте глупи, си глеате колку ви е буџетот, и така си ги бирате и девојките на кои се пуштате.
@Gosh @eliesaab Тоа шо го напишав за реципроцитет од жената беше сарказам, користејќи ги стереотипите на општеството кон жената, а не јас шо барам. Нејсе, ја постигнав поентата, односно бурниот одговор за тоа како жената реагира кога е стереотипизирана(да готви, да пере, да дава итн). Нејасно ми е, жената не можи да направи добар гест? Да купи цвеќе, да плати сметка на прв дејт и сл? Или… тоа сами мажите треба? Хмм.. шо беа тоа стереотипи?