Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останаа ли машки во Скопјево?

Дискусија во 'Сингл' започната од Trendafilka, 19 февруари 2010.

  1. seksi

    seksi Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2009
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    113
    Тоа само ти можеш да го смислиш, нешто спонтано и слатко, само трпение...
    :)
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.532
    Допаѓања:
    201.624
    Пол:
    Женски
    Wittyguy, бидејќи се дружите, можеш да ја прашаш како некое машко би ја освоило - па кога ќе ти каже, да го примениш тоа. Или пак, со некој гест, нешто што не го правиш вообичаено да и укажеш на тоа дека во неа гледаш повеќе отколку само другарка. Ама некогаш гестот не е доволен, може да биде сфатен погрешно, затоа ти треба да бидеш директен, ама во вистински момент. Знаеш, без ризик нема добивка ;) А штом веќе и таа се дружи со тебе, сигурно и е убаво во твое друштво, можеби и таа чувствува нешто за тебе, само досега не го покажала тоа. Искрено, мислам дека ќе се снајдеш, и се надевам дека ќе биде обострано - нема ништо поубаво од љубов што се раѓа од пријателство.
     
    На emotiven му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    Одамна се мислам дали да пишам на оваа тема или не...особено поради тоа што има неколку момци кои веќе прилично добро изелаборираа која е причината за ваквото однесување на машките во Скопје, поради кое има генерална перцепција помеѓу жените дека „нема мажи во Скопје“....
    Е сега ќе ви кажам една интересна перцепција на АЛБАНКИТЕ за мажите - албанци во Скопје:
    Жена ми има колешка Албанка од Гостивар. Високообразована девојка од фамилија на интелектуалци, фина, пристојна, комуникативна со многу благ карактер....и сингл.
    Жена ми и рекла нешто како „А бе ова е Скопје, тука полесно ќе си најдеш момче, имаш поголем избор...“
    Колешката: „ШТО?!?! ДА СЕ ФАТАМ СО НЕКОЈ СЕЉАК ОД СКОПЈЕ!?!? НЕМА ШАНСИ!!!“
    Жена ми била изненадена од реакцијата на колешката, особено поради тоа што ја знае по нејзината блага нарав.
    Жена ми: „Зошто викаш така?“
    Колешката: „А бе во Скопје, Куманово и Тетово се најчесто по потекло од Косово, а во Гостивар, Струга, Кичево и Дебар се по потекло од Македонија. Ќе ги осетиш и по зборењето, на косовскиот дијалект зборат...“
    Жена ми: „Е добро де, од Косово се, па што?“
    Колешката: „А бе тие од Косово се поголеми традиционалисти, не се така модерни како гостиварциве... мислам има модерни сега и меѓу нив, ама малку се“
    Сељак од Скопје :lol: :lol: Лајк! Лајк!
     
  4. sirius

    sirius Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    3
    ima seuste samo treba da znaete kade da gi pobarate.....ama nema sigurno da gi najdete po kafici, diskoteki, kafani i drugi mesta kade sto se sobiraat bas zatoa da najdat i " maskite " nekoja devojka, treba da go znaete mestoto kade sto moze da najdete vistinski maz vo sekoja smisla na imenkata, pobarajte go odgovorot od mene , a jas nesebicno ke vi go kazam....pozdrav
     
  5. fibimk

    fibimk Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Rado bi rekla....ostanaa li maski vo Makedonijava...hehehehhe!!!!Ne znam zosto ali mi se cini deka nema nekoi maski po kejf.Dosta se isfeminizirani deneska..slabi,koskesti,nasminkani,izdepilirani....cud edno..ne znam,nekako ne se kako porano.Kaj li se mazistava nasi?
    Edino dobra strana na denesnive maski im e mnogu podobreniot odnos prema ponezniot pol.....nezni,romanticni,odat po kejf...pomafgaat okolu domasni i bracni obavezi...okolu deca i slicno...nema veke maci meni od tipot "videte me,cudete se"......koj jak fraer sum...demek hard to get rabotava!!!!,mada od sekoe pravilo ima isklucoci
     
  6. Psychoo

    Psychoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    браво за темава. точно така. но кога би погледнале низ населбите на скопје што мислите кои се најладнокрвните од сите машки во ск? според мене аеродром ги има најнезаинтересираните машки. ваши мислења..? Баш ме интересираат :)
     
  7. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Останаа ли машки во Македонијава наша???....не е само Скопје, машки нема ни во другите градови....Каде и да се свртам, на шетња или во некој кафич, од позади едно исто одекнува....е баш ова прашање!...А после се редат нормално Фацебук, шминка, шопинг.....и сл!....Ова е некаква мода или што се случува со луѓето??? Не сум сингл, ама дел од моите другарки се, а се најубави и ништо не им фали.....зарем луѓево немаат очи???!.......Се барало преку леб, погача, па дај ви се молам, нашиве машки пребираат! Оваа ваква, онаа таква, онаа има крив нос, другарите мои не ја свиѓаат.....бла бла бла.....се нешто околу нас се вртат лигуши, метросексуалци, фраери во наводници...итн итн!.....Сега пак и на тие срамежливите и секси мистериозни машки не треба да им се верува! Којзнае какви перверзњаци испаѓаат!.....Незнам во која категорија се нормалните машки скриени! Any idea?
     
  8. divi

    divi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    15
    @Scarlet88 - на твојте најубави другарки нема да им се пуштаат машки, пошто сме напатени од добивање на корпи од таквите убавици. А и како женски не треба да чекате да дојде вистинскиот, туку треба да го барате. Знам дека мислите дека мажите треба да ве бркаат вас, демек така не создала природата, па ние мажјаците треба да ги покажуваме нашите перја и вие да одлучите дали со некој ќе имате добро потомство, ама не е лошо и вие да покренете иницијатива (ова е разглабано на широко во постарите постови во оваа тема, кој има време нека ги пролиста).
     
  9. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Поминав добри саат ипол на топиков
    секоја чест Trendafilka на отварање на темата

    Ке наведам еден пример

    пред некој месец во диско се пуштив на едно девојче (едвај собрав храброст)
    и со нормално здраво јас сум тој и тој
    и одговорот што го добив беше
    -ако немаш добра кола не ми го губи времето ,зема пијачка и си отиде.

    ја си отидов добив тапшање по рамо од другарите и одакто и помина вечерта како шо беше
    признавам бев тажен малце ама ете се дешава...

    Сеа ја сум добро васпитан од дома и учен дека треба убаво да се понашам со девојка али кога некој би ме прашал дали да се пушта на некоја ја би рекол
    -истото што и она ми го пренесе.

    Друг пример
    имам еден другар кој е добар со парите и колите и остало
    и го сретнав во парк еднаш се шеташе со девојка му
    бев многу изненаден на тој начин што пред мене и мој другар ја понижуваше и начинот на кој збореше за неа , а оваа пак си го сакаше и прифакаше све што ке каже ....

    сеа се разбира некам да навредам или кажам дека сите девојки/жени се вакви ама сепак
    после вакви ситуации се прашуваш

    - Зашто да не се понашам и ја ко сељак
    - Зашто да ги почитувам кога ако имам пари 80% ми е завршена работата...

    или е до мене или лоша срека или нешо така ама ете а сигурен сум дека и на други им се десило истото...

    а сеа доагаме до прашањето како тука на форумов све глеаме "биди фин почитувај не се срами најлошото е да добиеш не бла бла бла "
    а у реалност е сосема обратно ....

    -патем истото и мажите го викаат види ја онаа згодна девојка завршила со оној сељак ...


    (Со овој пост ако навредив некого се извинувам само искрено кажувам моето мислење и мислењето на повекето другари)
     
    На iskren89, TheBunny и Trendafilka им се допаѓа ова.
  10. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    yipman,izglea losa sreka ;) ne vikam deka nema,ima i takvi devojcinja,neli si go doziveal primerot na svoja koza,ama ne se site takvi.eve jas primer,ne deka se praam nekoja eptem fina cura,ama nikad u zivot ne sum prasala nekoj decko so kogo se zapoznavam kakva kola vozi nitu pak mi igralo nekoja uloga toa.jas so kolata ili so deckoto ke se fatam? :D i so ako ima jaka kola ako ne znae dva reda muabet da naprai,ili te trerira kao cergice za brisenje noze.bitno ke te vidat u kolata deka se vozis.ne me zezajte ej.ic ne mozam da gi svatam takvite zenski.deckoto so kogo sum veke godina i neso nema kola,nemase ni koga se zapoznavme.treba poradi toa da ne go sakam? :wasntme:
    maski poradi takvite primeri i zenski,ne znaci deka treba da nemate hrabrost da prijdete na devojce,ne se site takvi,ako nekoja taka vi se isponasa.kao spomnatata tipka pogore,ne ve ponizila so toa vas,pa da se custvuvate nezgodno,se ponizila samata sebe so toa so pokazala kolku e plitka i glupava.taka da juris,ima i fini devojcinja..kao sto ima i fini momcinja.samo treba da se pronajdete ;)
     
    На emotiven и sesilija им се допаѓа ова.
  11. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Се зависи како се воспитуваат девојките дома! Еве на пример, јас ни на крај памет не би ми текнало, да му речам на машко.... Еј бате имаш ти бре кола? Како прво јас самата се спуштам на ниско ниво, да прашувам за коли, пари и сл, а второ јас не сум воспитана така! Е сега има една другарка, таа е како што ги спомнувате примерите погоре! Шмизла и пол, ако и се скрше нокт, тоа е трагедија, а ако случајно заринка со едното штикличе во кал тоа е апокалипса... :puke: ! работата е што бидена сум кај неа дома, и нејзината мајка, и кажува со кој да оди, да излегува, и кажува.. Хееј па тоа е сељак, ќе си бараш некој пристоен, со кола и пари, да те шета! Што ке ти е сељакот, немиен, незнае по пат да оди, а не пак со тебе! Ќе те запусти....
    И јас останав вака :o :o :o ! Уште еднаш не влегов кај неа дома!
    СВЕ Е ДО ДОМАШНО ВОСПИТУВАЊЕ!....Тоа и за машките важи, ама еден искрен демант....попрво женските ја запустија работата, ај да не кажам, секоја втора ги шири ноџичките кај ке стигне!
     
    На emotiven, anste, TheBunny и 2 други им се допаѓа ова.
  12. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.764
    Допаѓања:
    23.984
    Пол:
    Женски
    Луѓе, страшно е ова што се случува , иако сум претставничка на женскиот пол сепак не ги оправдувам ваквите девојки, стварно не знам до што е , ама знам многу случаеви каде дома родителите им делат совети од типот не гледај љубов на денешно време, гледај каде ќе се мажиш (читај: гледај што побогат да биде), демек решен проблем најбитно во животот е пари да се има, а всушност тие таквите (богатите) најголемите глупости ги прават во животот и после ќе се деси мамо тој пие, се коцка , ме изневерува.... :( еве исто и јас имам другарка која има пребогат дечко, колку е болно љубоморен само таа си знае, абе секој ден плаче поради негови провокации ама не го остава, иако не ми признава знам како размислува, си вели кај ќе најдам ваква премија, а мене ми плаче секој ден, море таквите не се за жалење...што бараат тоа ќе си најдат..јас лично не можам ниту во најлудите соништа да се замислам со дечко да се фатам а да не постои хемија, и никогаш нема да можам да ја сфатам другарка ми и таквите како неа кои единствен приоритет во животот е да си најдат добри пари и небитно каков партнер.. :( стварно се нервирам вака.. сепак секоја чест на исклучоците, ги има не велам не, ама околу мене ретко ги гледам..
     
    На emotiven, iskren89, divi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. hihihi

    hihihi Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    11
    абе јас ке ви кажам што е работава :D
    Погрешни прашуваат..
    и тие со глупавите фрази грешат - прашувааат некоја која тоа и е глупо
    и тие фините грешат - прашуваат девојки кои бараат некој со кола и имаат посебни критериуми
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. phenomenon

    phenomenon Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Здраво
    Се пријавив на форумот само за да одговорам на ова прашање.
    Погрешно е поставено прашањето во темата. Од неа се гледаат последиците, но не се гледаат причините зашто нема машки во Скопје(во).
    Во безброј форуми, можам да прочитам дека машките не приоѓале на девојките. Но дали девојките се запрашале зошто не им приоѓаат. Тука треба да се бара решението на проблемот. Еве, од мое лично искуство и од искуството на поблиските и подалечните другари, на срдечен и пријателски пристап со реченицата:
    „ Здраво (девојче). Јас сум тој и тој. Можеме ли да се запознаеме?“ - ги имаме добиено следните одговори:
    1. Девојката не сака ни да зборува. Го дигнала носот во облаци. Се замислува како да е кралица.
    2. Губи се (сељак низаеден); Гитла; Мрш (Марш). Што к... сакаш?;
    3. Бравос бе будала еден
    и така нешто во тој стил.
    Ако е дечкото културен, интелигентен, привлечен - ќе му рече: Јас не сакам такви. Сакам со пирс на јазик, на веѓа, сакам со тетоважа на чело, сакам металец итн.
    Ако пак баш таков тип и пријде, истата таа девојка ќе му рече: Јас не сакам такви. Јас сакам културен, интелигентен ... (?!). Е, ај сега, биди паметен.
    Значи, што добива машкото за своето приоѓање? Згазено достоинство, исмевање и изгубени нерви. Кажи ми барем ЕДНА причина зошто да приоѓаат повеќе? За да коленичат и да се самопонижуваат на сто таканаречени девојки, за да ја погодат стопрвата која на љубовта ќе возврати со љубов. Приоѓањето на женските од страна на машките стана АПСУРДНО.
    После горенаведеното, може да пријдат единствено мазохисти и поднапиени кретени со суптилната реченица: „Дај п..., знам дека имаш“.
    И после испаѓа дека машките биле свињи, шовинисти, сакале само да ја легнат девојката и слично.
    Поздрав
     
    На emotiven, frc28 и didisi им се допаѓа ова.
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Темава ми се допаѓа, потикнува добра дискусија, ама не ми се допаѓа меѓусебново напаѓање, како машко-женска војна да се гледа ова не треба.
    Јас ќе кажам дека има и машки и женски кои вредат во Скопјево.
    А на машките ќе ги прашам нешто. Таквите девојки спонзоруши се гледаат од километар, искрено ако немаш што да и понудиш на таквата цура и зашто воопшто да си го трошиш времето на таква девојка? Кога ви се допаѓа некоја девојка и сакате да и пријдете, набљудувајте ја малку, видете како се понаша, што како пие ова она какво и е друштвото кого таа набљудува и слично така помалку ќе налетувате на такви нељубезни девојки!
    Мене и кога ми приоѓаат иако сум незаинтересирана љубезно се запознавам и си правам муабет се додека е во граници на нормалата, а дури потоа се објаснувам. Ајде само упорно машки, има девојки кои вредат за да се потрудите, а и вие девојки, има многу машки, еве имам безброј другари кои се сингл, и искрено повеќе можам да ги сфатам машкиве зашто се срамат и несакаат да пријдат на девојка :^)
     
  16. blueberry93

    blueberry93 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.660
    Допаѓања:
    4.477
    Хм, ја мислам дека малку погрешно си го интерпретирала тоа " дечко од фамилија ".
    Баш младите ја прават грешката мислејќи дека на 17-18 ја нашле љубовта на нивниот живот, па кога ќе стапат во брак на 20 и некоја со незавршен факултен, НО битно " тон љубов " и желба за деца.
    Па оттука произлегуваат и некои други проблеми како недоволни финансиски средства, па нервози по кои следат и други неочекувани мал милион проблеми. И после сфаќаме дека сме направиле грешка, и дека дечкото не е таков каков што сме очекувале, но веќе е касно а пред себе имаме само стотици неплатени сметки и работава од јутра до сутра..

    Во врска со темата,
    машки има да..но проблемот лежи во нивниот донекаде погрешен пристап или директното додворување кај арогантни, препотентни " прада , 90-60-90 " - девојки, од кои после бруталната корпа и спуштено его до немај каде добиваат впечаток дека сите сме исти такви. Пошто нели карактерот, и интелигенцијата за нив се ептен блабла ствар, па оттука и обете страни сме незадоволни. :worried:
     
  17. Decibel

    Decibel Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2010
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Машки
    воопшто не си далеку од вистината пријателе...
    фактот е дека веќе мажот и жените немаат вистинска комуникација колку да го тврдат спротивното.
    нешто го предизвика тоа...а не беше вака.
     
    На XXX666, aleknovy и Trendafilka им се допаѓа ова.
  18. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Иако мислам дека имам коментирано на темава еве пак ќе кажам.
    Зар не мислите дека баш вакви не направила некоја несреќна љубов?? Ова е прашање и до мажите и до жените.
    Тргам од себе, кога ќе се разочарам, јас знам да кажам дека нема мажи, но кога ќе се појави некој, што мене ми се допаѓа само за него тупам.
    Зошто да се водиме по нешто кое што веќе сме го поминале, а нели не било убаво. Само теоретски сите демек знаеме како треба а после во пракса никаде не нема.
    Кога запознавам некој, ќе направам муабет, но ако тој некој не се познава со никој од моето друштво тешко дека ке се развие тој разговор. А ако не ми се допаѓа(збориме за привлечност нели не за пријателство) пробувам да се дистанцирам, да не бидам после дигната кучка.
    Мажите се тука, но....и тие некогаш биле изгорени, или едноставно веќе не знаат начин соодветен да и пријадат на една девојка, знаејки ја однапред нејзината реакциј. Нормално зборувам за оние момци кои сакаат тоа да го направат на културен начин. Другите, немаат потешкотии.
    И ај сеа, да бидам малце самокритична....
    Сакам да напраам нешто со типот, а излезени у кафич и ја сум седнала карши него..епа тикви така..коа незнам да се упикам после ке се нервирам.
    Значи, јас ак ке кажам дека тоа е се реакција на минатото, се плашаиме да не се повтори нешто, да не бидеме повредени, знам не треба да биде така али така е.
     
    На emotiven му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Се согласувам, ама сепак сметам дека машките се тие што кога еднаш ќе се изгорат сите ги ставаат во ист кош. Од неколку врски ми се случило истото.
    Кога запознавам некој друг не го мешам со минатото бре, не е должен некој да му се исповедувам и да го замарам со моето неуспешно минато и да го трујам со комплекси од бившата врска. А вие (секако дека има исклучоци) го носите тоа во секоја нова врска, уште пред да се запознаете со девојка го имате тој став, некоја ќе се испонаша некултурно со вас и приоѓање на друга девојка никако, затоа се нервирам коа ќе видам у кафана на една маса само жени, на друга само мажи.
     
    На emotiven му/ѝ се допаѓа ова.
  20. senza.parole

    senza.parole Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    3.764
    Допаѓања:
    23.984
    Пол:
    Женски
    Блубери, јас само си кажав како јас гледам на ситуацијата, имам 22 год. и нормално дека колку повеќе старееме толку повеќе ни се менуваат размислувањата, бракот не е мала работа и секој пред да се одлучи на таков чекор треба добро да размисли што и како, за тоа имаш право, па потоа кога ќе дојдат децата да се биде одговорен родител, секој сака да има пари да може се што ќе посака да си купи и ако има деца да може да им купи се што ќе посакаат, има многу млади кои прават непромислен чекор влегувајќи во брак а не се психички подготвени за тоа, ама наоѓајќи полесен начин да се живее животот не е никакво оправдување за мене. Јас само кажав што се случува околу мене, горе долу секојдневни ситуации. И ќе кажам: ако мислам дека сум го нашла човекот на мојот живот, никогаш нема да го напуштам поради тоа што има мала плата ! ;)