Еее кај нас 42 степени изгоревме во тиквешијата. Друго е шо има пожар евакуираа скоро 6 села околу, нема со шо да го гаснат оти се е расипано и нема хелихоптери а и најбитното е шо не останаа машки во државичево.
Мислев поразличен менталитет швабките.Ама ништо, грешка. Сигурно на @Adidas дечко и и купил и затоа само цвеќиња бара.
Можеби звучи смешно, ама многу зборува за карактерот на човекот. Утре треба да сме во врска, брак, деца да имаме (барем јас би дејтала за овие работи, не бидејќи ми е досадно и сакам кафиња и ручеци на гага), како да очекувам дека еден маж ќе се грижи за мене кога ми е најпотребно кога не сака едно кафе да части или цвеќе да купи? Нема никој на светов да ме убеди дека маж што сака жена нема да се обиде со некој гест да го докажи тоа, особено ако знае дека неа и се допаѓаат такви гестови. Како мене што ми се допаѓа одвреме навреме да добивам цвеќе, да танцуваме на бавна музика, да ме изненади со романтична вечера. Многу барам? Јас колку сум нудела на маса за мажи што сум ги сакала, до каде сум одела, модерниве мажиња не можат ни да смислат. И бидејќи нудам многу очекувам за возврат да сум третирана како што заслужувам. Јас сфаќам дека има и жени што гледаат само некаква корист да извлечат, секакви луѓе има. Ама затоа и искреноста е најдобро решение, а карактерот на човекот се познава по малите постапки. Ако сака и тој цвеќиња ќе му купам без проблем, може да плаче пред мене, да е ранлив, можам да му го зготвам омиленото јадење, до крајот на светот да отидам за него ако сум сакана. Ама не сакам маж што е повеќе жена од една жена и што му е тешко и за тоа bare minimum да се потруди.
За жал двојни стандарди цветаат на форумов, еве сега ептен се покажа. Родовите стереотипи за жените не треба да важат, за мажите треба. Ако ја искористиш нивната логика против нив се толку ужаснати што ќе те прогласат за сѐ најлошо што ќе им текне во моментот на пишување, небитно што ти си или не си. Не ми е јасно стварно која е потребата за вакви екстремни размислувања (од една страна на нецивилизирани мажЈАЦИ, од другата страна од жени), но читајќи овде што пишуваат, не ме чуди веќе зошто толку навидум паметни девојчиња се во долги врски со тешки ропаци, ваљда пошто и купуваат цвеќиња па мажи се не пички. Уствари и неандерталец е боље од пичка ако прашаш некои, јер многу тестостерон, сметки и цвеќе > добар човек...
Тоа се ТВОИ стандарди. Као... во целото мислење имаш распишано работи кои ТИ сакаш. Не значи дека се стандарди до кои треба да ги држиме сите мажи на светот. Имам другарки кои не се воопшто традиционални и не сакаат цвеќе, романтика, кринџ им е типичното славење на Валентајнс и слично. И си имаат дечковци со кои си тераат некој свој фазон. Тоа не значи дека се исклучок, туку дека СИТЕ сме различни. Ќе бидам груба, ама толку си давате за право да генерализирате и да ги сведувате родовите на плитки стереотипи. Да, вие сте проблемот. Ова доаѓа од девојка која исто сака да се чуствува како дама во врска и сум исто многу романтична, цвеќе ми е a must. И као, терајте си свое, мене и баш-баш спонзоруши не ми сметаат пошто сигурно има некој човек за нив кој ужива да спонзорира. Ама овие глупости за како сите треба да бидат се страшни...
Чекај сега, спомнуваш спонзоруши и традиционални вредности. Ниту сакам спонзорство, ниту некакви којзнае какви традиционални вредности. Тоа што спомнав романтика, кавалерство, плаќање на прв дејт се традиционални вредности? Или по ваше заостанати вредности? Еве не знаев, фала што ме информира дека сум испрана во мозокот. Никаде во моите мислења не спомнав дека сакам некој да ми плаќа постојано, или да живеам на негов грб. Сама заработувам и сама можам да си дозволам колку што можам да си дозволам. И да ова е форум, сите си ги кажуваме мислењата. Јас не сакам да сум со некој што ќе ми ги брои залаците и што ќе извади дигитрон после за да делиме сметка уште на прв дејт. Човек се познава по малите постапки и колку обрнува внимание, колку се труди за некои навидум прости работи што ти значат. Ама терајте, плаќајте им на мажите, која сум јас да речам нешто поинаку.
И во другите градови има машки,не значи и не мора да е од Скопје дечкото.Лично јас не би гледала од каде е туку каков карактер е.Што ако е од Скопје ама е нечесен,насилен,алчен,безобразен итн ама битно ќе е Скопјанец другото не е важно.Од кој град е тоа последно ќе ме интересира при избор на партнер,ако е некој фин,чесен,симпатичен,амбициозен, да не му дадам шанса оти не е Скопјанец и дека живее во мал град,ми нема логика тоа.За частења,шетање,дечко со јака кола и од јака фамилија сум многу против бидејќи животот ме научил да ги ценам луѓето по тоа кој е добар,чесен,амбициозен,а не кој има јако БМВ па да го гледам како светец .За частење и купување подароци способна сум сама да си купам и да си плаќам јадења,пијачки,облека,шетања не ми треба финансиер.
Каде има пожар, и кои села се евакуирани? Имам куќиче од прадедо во тиквештките села, па да не ми се запали кутрото.
Традиционални вредности се тоа ти што пиша, спонзоруши се друго. Јас само реков дека во ред ми се и нивните стандарди, сакаат маж што е пун и ќе им купува скапи работи - океј, нивен живот. И смешни ми се мажите што се лутат на спонзоруши само пошто не се они тие што можат да им го пружат тоа.
Јас си кажав мој став и мои стандарди, никаде не реков дека некој мора да го прави тоа на друго место. Кој воопшто можи да ти кажи што мораш? Ама ете на темава сега дознавам дека овие основни работи веќе се сметаат за традиционални (а и заостанати изгледа) во ова време.
Абе важи трафиционално, ја ако можам да си дозволам вечера у сушико а он не, немаме што да збориме, комплекси ќе се родат и не ми се замара, а тоа што треба да плати кафиња треба, ако сака девојка ко мене, ако не нека бира некоја и нека делат… Традиционални вредности умреа, и да ти ги сервира некој ќе шутнеш…
Мене не ми е јасно каква е таа традиционална жена шо ја бараат, за да имаш таква жена треба да си традиционален маж и да ги плаќаш сите сметки дома, за јадење само ти да даваш пари, сите во домот да ги облекуваш.... Ако им кажеш така, тогаш одма ти лепат етикета gold digger.
Општо за мене, јас не барам традиционална жена.Нема кај мене двојни или било какви стандарди.Доколку ми се допадне девојката, ќе ја частам кафе, букет, било што...Секако да и дадам внимание и покажам дека ми се допаднала.Не практикувам да се расфрлам со работи за некого, си гледам мој џеб(тешка финансиска криза е). Ми се има случено да и купам цвет на една, ја намршти фацата како да испила сок од лимон.Од тогаш не сакам да купувам подароци на девојки кои не ми се нешто, туку само девојка за кафе. Крај краева се менуваат времињата и луѓето со нив во пакет, така да не треба да се земе во предвид променета ама вие ја зимате.Што да се каже друго кога и некој на вас делувал и сте ги смениле сите принципи, стандарди, гледишта...
Јас и ти размислуваме идентично не ми се верува, па то је да се најежиш. Уше да речеш дека си златокоса ко на аватарот, и ќе испадне иста личност сме. Како и да е, се гледа дека си културно одгоена личност. Тоа се благодетите на форумот, дозволува да можеш да запознаваш разно разни личности од сите сфери на животот. Кул јузер бај д веј Анелис. Јака препи била и остала. Воедно и врло веома суптилна, и никад и нималку смотана, освен по потреба. Ресторанот верувал или не, тоа небитно, битно ти да веруваш, како и да е можеш да покушаваш додека не успееш, и најбитно од се да не се даваш.
Иначе, вие ако знаете кај терате со муабетов, еве на. И дечки, знаете дека цвеќиња можат и да се берат?