Да бидам искрен, мојот принцип е плаќам кафе/пијачка само на девојка која ќе се понуди да си го плати нејзиниот дел коа ќе дојде сметка, тогаш со мерак не и дозволувам. Е ако не мрдне со прст и очекува да платам, тогаш од инат ја делиме сметката. Али ми се допаѓа како размислуваш.
Реално, да. Ако ти се допаѓа некоја девојка, наместо да се потрудиш да оставиш што е можно подобар впечаток ти да се праиш паметен за гест од сто денари, чао. Ќе си плати девојката сама, и ако не и се стандардите под земја нема ни да ти се јави. Не е за парите, ама кој да разбере.
Помалку ретроградно е размислувањето дека мажот треба да ја плати пијачката. Не велам дека е погрешно, ако двајца луѓе се согласни нека тераат како им е убаво. Но! Сепак е ретроградно, во смисол потекнува од други времиња кога економска логика била поинаква, мажот заработувал, а жената не, само го 'одржувала' домот. Пак, немам ништо против, ова може да е доста добра врска. Само јас си сакам да частам, сакам предизвици, да бидам дел од светот, зошто побогу сум учела пола живот ако накрај чекам некој друг да ми плаќа?
Впечатокот треба да е обостран и овој пост го отсликува многу добро. Не е за парите, како што рече, за гестот е. Мал e, но многу кажува, за двете страни, не само за едната.
Се сложувам.Зошто побогу се става фокусот све на плаќање кафе или пијалок? Нели сите трагаат по добра душа и некоја конекција. Кафето не го платил/го платил па ајде ќе паѓаме во несвест. Треба да се дава шанса без преголеми очекувања. Да го осетиш човекот, да видиш што прави во животот, како размислува, како се однесува, што сака од животот итн. Нема ништо грешно некој да сака да си е третиран фино, ама има по длабоки работи од плаќање сметка - евентуално ќе следат после прпвите 2-3 дејта.
Материјалисти во секој аспект.Побитно им е кафето и ружа да им земе некој, отколку да знаат со каков човек седат.Дали му е да ги искористи или сака со нив да е постојано. Колку сељандури има, да не зборам за сељаците.Битно им е да им се направи меракот, материјално да бидат задоволени.Да покажат дека дечкото може да им угоди работи кои нивните дома не им ги угодиле.Лечење на комплекси на максимум. После, во прва прилика ќе се разведат откако ќе го исцицаат сељакот и тој ќе трча по друга.Е од вакво општество си патиме... @Rozevata убаво им кажа, не трагаат по добра душа и конекција.Браво за зборовите
Да, дефинитивно треба да знаеш што сакаш во животот и да стоиш позади тоа. Познавам премногу блиски другарки/другари што не им биле правилно распределени приоритетите па после тоа се им отишло во вода. (дали било развод, раскинување, кавги) Потребен е така малце humble момент да ти се направи па да се спуштиш на земја па да ти се отворат хоризонтите и погледите за да дознаеш што посакуваш да имаш во овој живот. Интересна тема во секој случај, многу е по длабока од кафето.
Не е за кафето, за гестот е. Кој здрав, прав, нормален маж во денешно време не може да заработи пари за едно кафе, да почести девојка ако таа му се допаѓа? Не мора цвеќе, фрлање пари е тоа, освен ако жената не е некој голем љубител на цвеќе, па да купи некое во саксија понатаму во текот на врската итн. Друго, имам слушано многу приказни од девојки како тоа две години била во врска со дечкото, тој вработен, таа студент, се шетале по паркови, грицкале семки, сончоглед, ама во две години не нашол време едно кафе да ја почести или да проштетаат некаде. Скржавец е тоа. Друг пример, на другарка и се јавил додворувач, колега инаку, да прошетаат некаде надвор од Скопје, на прва бензинска застанал, да му даде пари за гориво, се скарала, викнала такси, си отишла. Срамота. Истата девојка во врска на далечина, со нашинец во Србија, еднаш во месецот или двапати таа оди да се видат, излегуваат по ресторани, кафулиња, ама типот за паричник не се фаќа. На крај испадна се гледал и со друга, паралелно. Материјалист. Со другарки и колешки се тепаме кој да плати. Дури, имаше ситуација една колешка често плаќаше пијачки за неколку души, мажите дремат, за џеб не се фаќаат, на крај јавно ја опоменав пред сите, да се сетат и мажите дека таа не може дневницата што денес ја заработела да ја даде за нив.
Скоро да не остана машко во Македонија, вие уште нормално машко барате. Да сте нормални и вие, ќе најдевте нормално машко и надвор од државата. И обратно да сте нормално машко ќе си најдете нормална девојка.
Moчај му се на прв состанок во кој треба да пиете кафе ... Маж треба да биде креативен, асертивен, покаже интерес дека сака да го мине времето со вас. Прв состанок треба да е во театар, опера, куглање. Или пак, Водно, Козјак, Матка, луна парк, кеј. Евентуално ако дозволува буџетот некој фенси ручек/вечера, ако не - не мора. Битно е да се потруди до максимум. Купи винце со багет сендвичиња од печеница или лосос ако испланирал ко што пишав горе, излет. Ако не, да правите нешто интересно обавезно, и сам да процени што сакате во зависност од тоа каков тип девојка сте. Значи убаво да изорганизира за да се почувствувате како краљици. Па, после неколку состаноци на прво водење љубов обавезно купка, рози, топено црно чоколадо и мини свеќички со арома на ванила Ебати мажите ебати, толку е едноставно, не е ни скапо, ама вие ни сенс за љубов ни романтика имате и после зошто жените се сингл и не чинат? Епа затоа. Бидејќи немате искра, жар, полет, потентност! Зошто не умеете да креирате спомени, ко ќе ја фатите околу половина да почувствува дека цел свет во вас е нејзин, а не со пола рука како да фаќате мрсна леблебија.
Колку простачко мислење е ова, неверојатно. Буквално немам потреба ни да објаснувам зошто, секој со барем една функционална мозочна клетка ќе сфати. И да изедам бан за ова нема да ми е криво.
Одлично објаснето, ама кој да сфати. Тие се запнале за едно кафе од 100 денари дека спонзоруши биле жените, заостанати. А немаат ни осет за романтика, за да те направат да се осетиш како дама, за креирање спомени. Колку малку е потребно појма немаат, ама нели ние ништо не заслужуваме.