Богами за срамота, ама па секој има потреба да се искаже кога му е тешко. И таа си беше шокирана. За вакви примери може книга да се напише.
Богами за срамота, замисли да речел „ќе ја земал фискалната, ги скенирам“. Хахахаха. Абе дарежлив маж во Македонија ти е реткост. Одиме јас и двајца колеги мажи на една средба во Струга и трае тоа, ручек имаше, а за вчера не сме биле планирани. Ај што од едно наше министерство на смешен начин не откачија дека вечера нема, не сме планирани ние, само тие, и си отидовме во градот, си седнавме на вечера. Нарачавме, арно ама сметка донесоа, колегиве брзо сметката ја земаа, да им се рефундира(од друга фирма се тие, а во исти сектор работиме), такси во еден правец јас платив, за другиот тие, до хотелот, абе кога почнаа да се туфкаат, одбегнуваат кој да плати, па кога почнаа да бурчкаат по џебови, па вадат железни, па таксистот го задржаа, па им се издра нешто и тој оти ситни, паричка по паричка му даваат. Цуркус. А смешни пари беа, и јадењето, и таксито, ама гледаат да заштедат.
Даа бе да, дека другарка ти е ја испофали тука Толкав буџа овај не сакал 200 ден. да плати, има тука нешто друго остај ти
Јас многу ценам понудување да се плати сметка и подароци, особено цвеќиња, ама ме нервира што тие се сметаат како "гаранција" дека некој е тој тој. Не е. Само зашто ти платил вечера во елитен ресторан не го прави тоа добар потенцијален партнер. Повеќе треба да се ценат некои нематеријални гестови како суптилен знак за нечиј карактер отколку отворено over the top трудење. Премногу акцент се става на враќање на некои родови улоги како знак за почит, а уствари многу мажи баш тоа го користат за да изглумат и за love bombing. Особено ме нервира фактот што станува популарен наративот од страна на жени што толку многу сакаат да бидат третирани буквално како деца, да не мислат на ништо, мажот да биде тој што ќе биде одговорен за сѐ, да ги финансира, они само да уживаат, уште фали лоботомија и мажот да ги контролира мислите. Ве молам да не романтизираме враќање на вредности од пред еден век. Да, мажи што за 200 денари ситничарат се дно ама па и жените кои го прават истото не се подобри. Сосема е во ред да се плаќа наизменично и да не се става толкав притисок за површни работи. Еве за мене тоа е перфектно. Дефинитивно нема многу притисок, лабаво е, имаш простор да правиш маубет, можеш да си отидеш кога сакаш ако нешто не е океј. Не мора сѐ да е комплицирано за да биде убаво. И не го ни пишувам ова за да ги бранам мажите, туку чисто од мој аспект што е поудобно. Да отидам на прв дејт на планина, со маж со кој не се познавам нема шанси. Па и асертивни мажи кои велиш дека треба да се стандард за мене се turn off исто како и премногу пасивни мажи.
Претходно горе е твое право на избор и мислење. Додека второво, секако треба некого првично да познаваш за да стигнете до планина. Не е дека од апликација директно ќе се качиш, освен ако таков не ти е принципот.
Асертивното комуницирање е здраво комуницирање и кога секој (не)успешен премин од една во друга фаза ќе биде јасен, нема ни да имаме: глупи мислења (кои се од исфрустрираноста), драматичност (неможноста да се прифати).
Не е ни битно тоа, поентата ми беше дека за различни луѓе постојат различни преференци и глупо е да се категоризира како мора да изгледаат состаноци за да бидат "правилни".
Не пишував за 'правилни' туку интересни и впечатливи. Како и колку треба мажите да вложат за да се издвојат од стадото. Не важи ова само за прв состанок туку општо.
Не знам колку години имаш, ама обично за повеќето околу 30 години и нагоре, кафе состанок е идеален за прв. Очи во очи, разговор и кафе, за кратко време целата слика за него/неа ќе ти биде далеку појасна, и ќе знаеш дали сакаш да се видите повторно и имате некаква хемија, или ќе го испиеш кафето и ќе си станеш. Театар, кино тоа повеќе е втор трет состанок, откако ќе се запознаете, Водно, Козјак и такви далечни места за мене во ниеден случај не се за прв состанок, ниту се знаете доволно и замисли со саати да бидеш заглавена што некој што не си одговарате во муабет или сеља к/нка и те дави со саати со глупи теми и целиот твој слободен ден ќе ти биде уништен. А за другите идеи за состаноци се согласувам, после втор, трет, треба да се трудиме да биде поинтересно и поубаво во следните средби.
Лични преференци се ова, не закони. Јас би одбрала hiking како за прв пат без проблем. Тоа си го рачунам како добро поминато време без разлика на тоа што испаднало од запознавањето.
Многу е лошо што сега се оди на варијанта speed dating, а јас сум олд скул и мислам дека прво треба да се знаете со личноста, зближите, а дури потоа да одите на дејтови по инерција на взаемна среќа и задоволство.
Материјално да бидат задоволени пишал, а материјалното кафе немојте жити се, подобро јас ќе платам одколку да делам сметка од 300 денари.
Сакам да се надоврзам на ова пошто прајш супер поенти. Прв дејт, за мене, мора да е начин да се запознајме. Да можиме непречено да комуницираме. Следно, на јавно место ради опасност. Планина, пикник е се убо. Од ко ќе излезите веќе да се запознајте. Ама еве јас гледам низ призма дека одам негде далеку со некој непознат. И нема реалност кај шо би одела така. Колку и да е "досадно" кафе: 1) безбедно е и лесно можиш да се тргниш ако има потреба и 2) имаш можност да се запознајш. Дури и кино и театар. Пред или после ако прошеташ низ парк или на кафе - океј. Ама ако тој дел го скокниш, како ќе се запознајш првично на кино кај шо седите во темница и ќутите? Ама одење на кафе од после дава плус екстра тема за муабет. Се шо не е прошетка на јавно место како парк или на кафе ми е после прв дејт активност.
Грозно е кога за едно кафе на девојки им се лепат етикети дека се материјалисти, а од друга страна има девојки што бараат да им се плати одмор, викенд, да им се купуваат скапи парфеми.
Различни мислења, тие што беа добри си добија лајкче Коментарите се грубо поделени на 2 табора, од кој едниот (спротивниот од мојот) мислам дека многу го тупат. Сакав да прашам, дали некој си го промени својот став/мислење за темава што се збореше последниве 10-тина страни ? (ако на ниту еден не му се смени ставот на темава барем малце, ете сега знаете зашто сте таму каде што сте и зошто некои работи се такви какви што се).
Идеално - тој да ја плати нејзината пијачка, таа неговата, да остават огромен бакшиш на келнерот и после 6 месеци го викаат сведок на свадба. Ах Љубов!