Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останаа ли машки во Скопјево?

Дискусија во 'Сингл' започната од Trendafilka, 19 февруари 2010.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    За секое тенџере си има капаче. Значи едноставен би бил одговорот - ДА, има машки во Скопјево, за секој. Е сега какво капаче ви е потребно девојки?
    Јас би рекла, или скоро сум сигурна, дека колку сме постари, толку повеќе ни се полни списочето „Особини кои не сакам да ги поседува мојот нареден дечко“. Не е дека сме препотентни или умислени, туку едноставно искуството па и љубовните разочарувања не научиле на тоа каков дечко НЕ сакаме. Од друга страна пак, барем тие што сме се изгореле, најлесно е да се каже - „ех нема никој повеќе у градов, сите се сељаци“ и слично. Епа не е баш така, а ваквото размислување ми звучи многу алибистички. Таман работа сите дечки (и обратно девојки) априори да ги толкуваме врз основа на претходните врски. Секој си е личност сама за себе.
    Не велам дека е лесно денес да се најде квалитетен човек за квалитетна врска, па здравје и за квалитетна фамилија во иднина. Ама мора и малце позитивно да гледаме и да не седиме ко Мона Лизи во град, туку да бидеме поотворени и покомуникативни, инаку ќе си останеме сами цел живот. Тешко се приоѓа кога глумиме лудило да не кажам - барем мислам дека ова во Скопје е маана на голем дел од девојките, playing too hard to get :| Од друга страна па и муживе наши бре некако упрпани, чиниш им рекол некој да влезе во кафез полн со лавови :) Остајте тоа погледите број 56, 75 и 23 што сте ги истренирале и едните и другите, и ќе биде за степен поарна ситуацијата во градов.
    Така да за крај да резимирам, без гајле, останаа машки во Скопјево, прашање е какво капаче ни е потребно ;)
     
    На emotiven, Bozica1980, nesa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Моја е грешката WildChild, бидејќи обично овие муабети на Англиски ги имам, па на Македонски ги мешам поимите. Збунката е во ова... Приоѓање вс. Пуштање. Ги измешав зборовите, истиот збор го користев за различни значења... Или обратно... Имаш право, моја е грешката во изразувањето.

    Јас лично не сум се пуштал на девојка со години (освен ако не ме скапа од шмекање и зјапање). Ниту пак ниту еден од моите другари. Напротив на тоа, секој ден запознавам и приоѓам на девојки.

    Разликата у ова "приоѓање" е што е чисто на ниво социјализирање. Нема ни грам сексуалност или намера во него освен социјализирање. Кога ќе влеземе на забава приоѓаме и се запознаваме со сите... Младо, старо, машко, женско. Пуштањето го оставаме на жените. Интересното е што кога ќе престанеш да се пушташ на девојки, и единствена цел во главата ти е "јас само запознавам луѓе и се дружам"... корпи веќе не постојат.

    Не знам зашто, но кај нас, на балканот, ако имаш дури и грам "намера" или дури и малку да си фокусиран на тоа што ти се свиѓа кога го почнуваш муабетот, одма реагираат како да е типот манијак. Не сите, но доволно голем процент, да мажите решат "Е веќе у к**ац, не приоѓам веќе никад"... Тоа е грешка. Треба да биде "не се пуштам веќе никад".
     
  3. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Темава гледам ептен напреднала :) Само гледам отиде во насока "спонзоруши", што мислам не е ни половина од одговорот. Има уште една фора што мажите не ја сфаќаат. Ај да се посветам сеа на мажи, дека претходно само зборев за што жени не сфаќаат.

    Доста мажи постираат тука... Како кога и да приоѓале на жени, сите реагирале лошо и глумеле лудило... Е сеа, очигледно не се сите мажи овде глупи или луди. Не може секое машко у скопје истава работа да ја приметило и искусило?

    Али, има една грешка што прават мажите тука

    Се сврте малце целата работа према демек "спонзоруши"... Дури голем дел девојки тоа го подржаа како објаснение кој бил крив... Ете тоа на мажите им се случувало зашто само на спонзоруши улетувале.

    Али не е тоа целата прича... Најголемиот број овие глумења лудило мажите ги добиваат од нормални девојки, па дури и интелигентни девојки како девојките на форумот.

    Најголемиот број корпи и глумење лудило, не се тоа

    Она што пуно мажи не го сфаќаат е деке голем број жени се преплашени. Што ќе мислат другите... Што ако е типов манијак... Што ако испаднам лесна... итн... Медиумите им имаат препунето глава со глупи ствари као "секој маж само wanna hit it and leave it"... Итн...

    Иако реално лоши корпи се дешаваат како што опиша "Yipman2"... Сепак се реткост. Најголемиот број "корпи" што мажите го добиваат, пример ова...

    Единствено број 1 на листава, реално им се случува на мажите 90% од времето. Овие под број 2 и број 3 се ретки. Фората е што мажите го преувеличуваат и грешно го сфаќаат ова под број 1... У скоро секој од тие случаеви, девојките е срамежлива, преплашена, не знае како да реагира. А он го сфаќа како страшна корпа. Истата таа девојка да би ја запознал на факултет, можда би биле и најдобри другари.

    Има две причини
    1) Девојката е преплашена, срамежлива, страв и е да не биде сфатена као "лесна"...
    ... па затоа иде во екстрем и толку глуми индиферентна и "hard to get", што претерува, и мажот го сфаќа као корпа. Девојката дури не сфаќа дека го прави ова. Она мисли дека е само смирена и прибрана. Ако прочиташ постови од едно девојче на форумов... Она мисли дека тоа ти е единствена опција. Или скокаш у скут на мажи и се лигавиш, или си ладна и индиферентна. Буквално девојчете мисли дека нема трета опција, т.е. златна средина. Али не е она крива, американскиве филмови и имаат испрано мозок.

    2) Мисли дека типот е сељак, манијак, нападен...
    ...За ова го кривам холивуд. На филм секој маж е харизматичен, смирен и приоѓа со широка насмевка и опуштен говор на тело. Тоа доста им ја извртува перцепцијата за тоа што е нормално. Кога просечен тип, у реален живот ќе им пријде дури и со малку исплашеност, таа одма тоа го интерпретира као "чудно" и манијакално. Ова у комбинација со тоа што типот се "пушта", т.е. е фокусиран како да ја "фати" и шири сексуална енергија = екстремно лошка комбинација. Типката го сфаќа ко некој перверзњак...

    Жените не го ни прават ова свесно

    Имам илјадници вакви примери, али еве само еден. Седам со другарка, доаѓа некој тип, и прави муабет, она цело време со израз на лицето како да сака да стрела некого. Тој пробува да прави муабет, таа скрстени раце, дигнат носе, и не го ни гледа во очи... Му одговара само со одговори да, не, можда... Типот нормално се откажа, и си отиде... И другаркава ми се врти и вика "алек, што се деси? Не му се свиѓам на типот? Зашто си отиде?" - :D Ова не е исклучителен или редок случај, имам илјадници примери. Од негова перспектива типот испил најгадна корпа можна. Од нејзина перспектива она само правела муабет.

    Имам другарка која е можда најфината, најдобра личност на планетата. Стоиме еднаш у балет, доаѓа еден дечко, малку така исплашен... Еј здраво, како е... Другарка ми зема и му прави ПФФФФФФФФФФФТТТТТТ, и му врти грб. Као у стилот "како се осмелуваш уоште да ми пријдеш"... Ја прашувам зашто, вика "па ме гледа као само да сум за една вечер, манијачиште ниедно!!"... А девојчево е ангел, најдобра личност што ја знам. А типот беше само исплашен и срамежлив, али она ете, така го интерпретира, као сексуален напад.

    Решение - не се пуштајте, дружете се

    Ја имам испиено можда најголем број корпи од било кој на балканот. Повеќево мажи што се жалат и се откажале, се имаат откажано после 5-6 лоши случки. Ја имам илјадници насобрано... Али тоа све се промени пред неколку години, кога ги сфатив жените.

    Наместо да се пуштам на девојки, сега се дружам и запознавам. Таканаречена "корпа" или "лоша реакција" или "дигнат нос", немамо добиено со години... Бидејќи единствена намера ми е да се дружам.

    Решение
    1) Мажите треба да ги сфатат жените, и женските стравови и несигурности
    2) Жените треба да ги сфатат мажите, и машките стравови и несигурности

    п.с.

    Ако некој маж го чита ова, и мисли ги правдам и бранам жените, прочитајте претходни постови што имам пишано. Не ги бранам, туку објаснувам зашто така се понашаат према мажи. Не го прават свесно. Сепак, не го оправдувам, зашто како личност, твоја одговорност е како те сфаќаат луѓето, дури и несвесно да ги третираш лошо.
     
    На Anja98, Srekicka, emotiven и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Машки
    ^^...А бе човече што нарава ти,..кој има време се ова да чита... :tmi:
    од една проста природна работа направивте научна дисциплина...
    баталете тоа експертизите кои во суштина се сведуваат на срам,..
    или страв од кора...па и да добиеш корпа...голема работа...санки
    чинот ќе ти падне...Битно да имаш воља и субјект,..субјекти фала
    богу има доволно...а другото знаеш како викаат...
    ..."рџавом *уцу и длаке сметају"...
     
    На nesa, kate21, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  5. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Има луѓе со филозофска жичка што сакаат да анализираат и филозофираат за све да сфатат и протумачат све. Има луѓе што сакаат цел живот да го живеаат у "абе не се замарај, ништо не е битно, дувај и биди среќен" и за све да имаат одговор од 5 збора.

    Ниту едното не е лошо или добро, само биолошка разлика у карактер. Ако не ти се свиѓа филозофирање, со тркалцето на маусот иди надоле, и готово :) Никој не те тера да читаш од сложените "тупачки" мислења. Среќно.
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Машки
    Немам јас ништо против филозофирање и филозофите,..напротив...
    делиме исто мислење..."што помалку збориш, повеќе вредиш"...
    што некогаш беше одлика на скопските мажи...
     
  7. phenomenon

    phenomenon Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Aleknovy,
    Последниот пост беше доста издржан, но дали ти си женет? Зашто, ако не си женет, сето тоа би било демагогија и самозалажување. Велиш:
    Имам другарка која е можда најфината, најдобра личност на планетата. Стоиме еднаш у балет, доаѓа еден дечко, малку така исплашен... Еј здраво, како е... Другарка ми зема и му прави ПФФФФФФФФФФФТТТТТТ, и му врти грб.
    Таа е како создадена за мојот колега од работа. Прв К...р и пијаница. Во состојба е дваесет пати по ред да и се пушти на иста девојка, и ако ја одоброволи дваесет и првиот пат, ќе биде среќен, што нашол некоја да си го задоволи својот нагон.
     
  8. milagirl

    milagirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2010
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    2
    офф а јас ќе одам за Лондон значи да не барам убав маж :D :D :D :D :D :D
     
  9. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Машки
    ^^...Сакаш да кажеш дека стварно не останаа машки во скопјево... :^)
    ........па ќе се спотераш да бараш дури во Лондон...
    ........или друго сакаш да кажеш...па овде ти се виде згодно...
     
  10. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.613
    Допаѓања:
    2.472
    почнав да читам се што сте напишале, ама што е многу многу е :) ми се здосади од некои филозофии :D
    еве вака.. ОД ПРОВИНЦИЈА СУМ (како што голем дел сакате да кажете) И НЕЈКАМ ДА СЕ ОМАЖАМ ЗА СКОПЈАНЕЦ !!
    .
    пред 2 години чекав нова година во Скопје и искрено нејкам тоа да се повтори.. тие 3 дена ми се додворуваа 10тина скопјани(кои на изглед беа убави, ама интелегенција 0) кои мислеа еве ја од провинција и готово.. и после тоа си слушнав муабети провинцијалка глупа, у велес цел живот ке си остане,..

    некако се повеке и повеке ми се потврдува она дека скопјаните мислат дека провинцијалките не можат да ги заебат, и се чуствуваат некако посигурни со нив, а и тоа дека се лесни и дека може да си играат како сакаат со нив...

    а признава познавам многу девојки од велес и други околни градови кои мислат дека ако си фатат скопјанец добиле 7мица на лото..

    или јас сум запознавала само нискоинтелегентни скопјани кои не можат да сврзат два реда муабет, или СТВАРНО НЕМА АСАЛНИ МАШКИ ВО СК ! :x :x
    позз
     
    На Keyt и Offspring им се допаѓа ова.
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Ајде, кој се пријавува доброволец, го носам на места каде што можат да се најдат интелигентни, пристојни, забавни и амбициозни машки, ем згодни плус, ем Скопјани, ем не дигаат раце у вис и не кршат чаши на певаљки, ем се однесуваат убаво и знаат да направат муабет, а? Еееепа! :)
    Што е ова негативности? Сељаци има сегде. Фини „деца“ исто. Дајте не генерализирајте ве молам, и малку попозитивен пристап ќе ве замолам и перцепирајте кој се врти во ваша околина. Немојте вака на све да плукате, бога ви љубим, што би рекол Миле :)
     
    На mims-89 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  12. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Конечно да се започне и ваква тема на некој форум како тука на Femina, или воопшто на Fаcebook.
    Ситуацијата е навистина таква и е многу жално сето тоа баш заради сите такви девојки, вклучувајќи се и самата себеси, на кои ништо не им фали, убави се, средени, паметни пред се, да останат сами.
    Мене навистина ме интересира, што е тоа што ги спречува момците да ни приоѓаат?
    Дали изгледаме премногу недостижни за нив поради нашето однесување (во повеќе наврати ми рекле дека изгледам по малце дигнато, но не можам да сторам ништо за тоа, едноставно имам добар стил и сакам убаво да се облекувам, па тоа ме прави да изгледам така; но, кога сите подобро ќе ме запознаат веднаш го менуваат мислењето за тоа каква личност сум), и што треба да направиме за да не оддаваме таков впечаток, на недостижни?
    Знам што сакам и имам добро поставени цели и критериуми, вистина дека можеби некогаш треба и да се поднамалат за да не изгледам пребирлива, но факт е дека не можам да бидам со секого, имам принципи.
    И да, морам да наведам дека не живеам во Скопје, туку живеам во друг град во Македонија, но мојот поранешен дечко е од Скопје.
    Мислев дека е поинаков, но испадна нешто сосема друго од очекуваното.
    Одговор, девојки? :)
    Ве поздравувам. :)
     
  13. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Многу добра поента имаш и ЦЕЛОСНО се согласувам со тебе.
    И јас сум од провинција и знам на што мислиш.
    Поздрав. :)

     
  14. Butterfly4589

    Butterfly4589 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Se prikluciv na forumov samo za Aleknovy da te prasam nesto.Mnogu me interesira edno nesto zatoa sto ti celo vreme vikas deka si se otkazal od toa ti prv da pristapis na devojka,sega cekas da dobies nekakov znak od nea za voopsto da i prijdes ili da dojde do nekakva komunikacija.

    Пример со другариве кога излегувам, тоа веќе е нормална шема. Минимум 20-30 непривлечни девојки ќе го направат тоа. Неколку дури доаѓаат и муабет да направат. Овие просечните и убавите? Седат у ќошот намуртени, и после дома си идат сами.

    Od site tie MINIMUM 20-30 devojki vo edna vecer sto ke ti dadat nekakov znak a nekoi duri ke dojdat i muabet da ti napravat sigurno ne se site tolku grdi sto voopsto ne ni vredat da probas da napravis nekakov muabet so niv.Znam deka toa ne e mozno zasto i jas iskacam i gi gledam devojkite okolu mene vo diskoteka.Sigurna sum deka od site tie devojki ke se najdat barem 3 simpaticni za tvoj vkus (zboram za simpaticni devojki a ne nekoja lepotica ili manekenka).Pa mene mnogu me interesira kako ti do sega nemas devojka? Celo vreme zboris kako nie pribirame ne dozvoluvame nekoj da ne se priblizi arogantno se ponasame vo tie situacii,nie sme krivi maskite nemozat na nas da ni pristapat,ali spored tvoite razmisluvanja ocigledno deka ti previse pribiras i deka previse si se precenuvas...site morame da si ja znaeme granicata do kade mozeme da ideme.Ako e stvarno taka kako sto vikas deka na tebe i na tvoite drugari celo vreme vi pristapuvaat devojki(primerot vo castro i 69) mnogu jasno deka nemoze site da ti se svigaat,no sigurno ti do sega bi nasol devojka koja ti e simpaticna vo izgled a koga pokasno ke ja zapoznaes ti se sviga kako razmisluva,kakvi stavovi ima,interesna ti e,zabavna,ubavo ti e so nea......itn. Ako se precenuvas i bitno ti e od nadvor devojkata da bide 'manekenka' epa jasno mi e togas zasto pokraj site tie devojki sto vikas deka ti se pustaat uste si single.Sekoj mora da si ja znae granicata do kade moze da ide i kade ima sansa a kade ne:)
     
    На aleknovy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Мене искрено не ме чуди што има толку сингл девојки момци. Со такво понашање и исфрустрираност така и ќе си останете, никој нема да ве трпи ниту да ви пријде. Затоа ако сакате да промените нешто во вашиот статус пред се треба да прекинете со таа глупава филозофија „нема веќе машки во Скопјево и нема веќе женски во Скопјево„! Секако дека има, ама од што сте се искомплексирале заради една пропала врска и љубов неможете да ги приметите останатите!
     
    На aleknovy и blond им се допаѓа ова.
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    ах кога само не би постоел тој страв од одбивност
    или пак тие тешки мисли дека не е на твое ниво и дека е дигната многу,
    ах тие прерасуди тешки и големи тактики кои те прават да испаднеш "фраер" за мислиш дека ке успееш,

    кога само би ичезнале тие работи светот би бил многу поубаво место за живеење и градење љубовни врски.
    :$
     
    На divi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pink4ever

    pink4ever Популарен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    1.013
    ај да ви кажам зошто сите и машки и женски сте сингл, за големиве зборам 8)

    дека се плашите да се видите во јавност, затоа што немате претстава со кого пишувате.. а и ако се видите одма ке пробуричкате низ сите негови мислеља за да најдете маана... :lol:
     
  18. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    666
    Секогаш било така.
    Паметна и убава девојка треба да пребира.
     
    На puflaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Малце го претерав тоа. Чекам знак да флертам, не за да направам било каква комуникација. Имаше едно време кога бев доста исфрустриран со жените и ми пукна филм и реков не правам маубет веќе со ниедна жена ако не даде знак прва, али го надминав тоа, со тоа што ја сфаќам женската страна и зашто прават некои работи (вашите стравови, несигурности итн). Сега правам комуникација некоја, али стриктно пријателски тон, ништо повеќе.

    Си ме сфатила погрешно. Тоа беше одговор на девојки на форумот што се жалеа -Бухуу, не е фер, зашто ја сум убава и паметна, а немам дечко, а гледам девојки такви грди, глупички имаат дечковци!?!?-

    Пробав да им објаснам зашто паметните/убави девојки се многу почесто сингл. А тоа е затоа што се пасивни, додека овие неубавите се активни и идат се пуштаат, флертаат со мажи итн...

    Воопшто не сум пре-пребирлив. Од девојките во дискотека бар минимум 30% ми се свиѓаат, т.е. не би ги одбил ако ме викнат на кафе.

    Јас не сум тој на кој што му приоѓаат директно. На моите другари тоа им се случува. Нено (постираше и он тука), него му приоѓаат доста директно. Да не претерувам, али типот држи рекорд во број на партнери може во цела Македонија. Сега живее во Њу-Јорк и веќе за неколку месеци имаше -пријателки- од сите раси.

    Мене лично не ми приоѓаат директно туку индиректно. Ќе помине може ќе сврти некој круг, може ќе се протрие неколку пати на поминување, некое погледче ваму таму.. итн... Може ќе шмека и ќе се врти околу.

    Зашто не им се пуштам, не флертам ондак?

    Ќе бидам искрен, и ќе кажам нешто што е тешко за машко да признае. Сеа некој може да го искористи против мене да и го употреби да ме исмејува, али гајле ми е... Фората е што... корпите болат. Кога бев помлад бев екстремно срамежлив. Работев на случајот и екстремно многу труд вложив, и почнав да запознавам девојки. Бидејќи сеуште бев срамежлив, се изнапив еден куп корпи, буквално стотици, независно дали дале знак. Еднаш дури една девојка цела вечер ме шмекаше, а кога пријдов гласно рече "Бегај не ми се свигаш, грд си! хахаха!" Да се разбереме, жените многу често срамежливоста ја интерпретираат како -чудно понашање- или -манијакално понашање-... Тоа ми има оставено толку голема лузна, што сеуште ја немам надминато.

    Воошто не е рационален тој страв признавам. Бидејќи денеска сум друг човек. Денеска сум екстремно самоуверен во приоѓањето на луѓе и во најмала рака добивам нова пријателка... Но емоционалната лузна од минатото сеуште ми е таму... Буквално ме блокира да ескалирам и да направам нешто повеќе... Одма ми се навраќаат сите корпи, навреди, исмејувања од кога бев млад.

    Доста се имам променто од тоа време и сега огромен број девојки ми прикажуваат интерес и дури некогаш први доаѓаат за муабет. Не толку многу колку на Нено, али екстремно голем број, и далеку над просечен тип во дискотека. Меѓутоа сите тоа го прават индиректно и пак очеуваат јас да го повлечам чкрапалото и да ризикувам за следниот чекор.

    Значи, јас не одбивам девојки. Јас одбивам да ризикувам за корпа. Би било во ред да ме наречеш пре-пребирлив ако девојки ме викаат на кафе и јас ги одбивам (тогаш би била во право). Не... тие само ми даваат индиректни знаци, и чекаат јас да ризикувам се... Јас одбивам да го направам тој ризик. Не ги одбивам девојките, туку ризикот што го ставаат 100% на мои рамења. Ме разбираш?
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Баш фино што се погоди online Alek, јавно да ти се заблагодарам за твојата искреност и сите убави, добронамерни совети, затоа што момакот се инфилтрираше во темава директно од спротивниот фронт :D и не се штедеше во објаснувањата.
    Колку за илустрација, јас го преземав првиот чекор, јас го поканив на кафе, јас му пратив прва порака за добра ноќ и ред други работи, секако не ве интересираат верувам, поентата ми е , ДА, ризикував, со страв дека може да испаднам Stalker :D или посесивна или премногу заинтересирана, се оградив од тие црни, женски параноични мисли, и бев таа што сум, со многу трепение (зашто ништо, ама баш ништо не паднало од небо и со скрстени раце) и труд, не сум повеќе сингл и сите овие совети ги кажувам и на моите другарки, да преземаат иницијатива, да не се мрштат, да бидат поопуштени и поотворени... Зашто во спротивно, не постои повеќе она време на освојување, кога само машките се освојувачи. Треба да преземеме малку и ние од "товарот". ;)

    Уште еднаш благодарам и ти посакувам се' најубаво Алек.
     
    На aleknovy му/ѝ се допаѓа ова.