А што ако човеков нема 2000 денари?Како еден другар, сакал девојка, ме бара да му позајмам.Не го мизери човеков на женски форум.Не се прави паметен дека имаш 2000 денари да и купуваш на секоја ручек, кафе.После утре ќе немате пари, се разведувате, плачете... Ако таа ти го фрлила меракот, одма ќе те части кафе и ручек.Пак викам, не е за парите, до човекот е.Кризно време е, требаат пари
Еднаш во една друга тема пишав, треба да поправам *2024 Ист ваков ми е муабетот за пустото кафе. Маж никогаш нема да излезе со таа што му е непривлечна, ама ќе се потруди да засрамува девојки ако рекле дека претпочитаат финансиски стабилен маж. After all, бидете со такви со кои имате исти погледи, а оставете ги другите за други на раат. Спорот решен
Тоа е друга тема брат тука темата е има ли машки а ги пратам некое време и сами си кажуваат со какви идиоти излегуваат. Значи излегол на дејт биле на кафе си го платила кафето и и се јадело му кажала дека и се јаде и типот се правел наудрен па ја убедил да си оди гладна и такви некој глупости. Од аспект дека двата пола станаа од корист и истото се изразува додека се дејта па така едниот гледа како сексуален потенцијал а другиот гледа колку е полн банкоматот можам да кажам дека најмногу страдаат тие со чиста мисла и намера. И јас се задевам тука некогаш кога ми е досадно најчесто со адидас ама малку од пошироко кога ќе согледаш делумно имаат право и неможе сите да ги ставаш во ист кош. Затоа и се дејта и како маж сметам дека треба да го издржиш дејтот до крај без разлика дали ќе има нешто повеќе од пријателство или не. Ама па на девојките мислам дека по им одговара да видат со кој имат работа уште на прв дејт и да продолжат понатаму. Јас кога одам на прв дејт никогаш не очекувам дека би бил нешто повеќе од другар со таа шо дејтам зашо поголема е веројатноста да не се погодиме одколку да се погодиме па така немаш разочарување од твоите очекувања. Темава е склоп на повеќе теми да не должам.
Ќе излегуваат кога гледаат пари, нели?Тие еволутивно бараат некој што ќе им ги исполни сите критериуми за маж.Ај да не се вртам после во круг што бива потоа... Секој си има различни размислувања, гледишта и природно е да не се поклопуваат со некој што има различни од друг. Не се битни годините, имам доста поминато.Може и повеќе од тебе Ти си живееш во некој филм, брате.Делузионен си .Нема потреба од објаснување.Ти држам среќа да е*неш вечерва нешто
Е ова ти е на место, убаво рече. Некој што е со чиста мисла и намера ќе страда. А и така е, од мене да почнам еве, два пати ме гледале како банкомат и третиот мислев дека ќе биде исто, а немора да значи, не беше така. Најлошо е што се се става во исто кош. И имам приметено дека што појаки намери имаш со некоја, толку повеќе те става во friendzone, колку си поладен и не покажуваш емоции на почеток толку повеќе она е загреана и тоа се приметува. Така да мислам дека 80% од машките не знаат како со девојче. Треба да се има некој баланс, се во свое време. Ако понудиш се на маса ште на почеток (а има и такви и јас сум го правел тоа) едноставно не си интересен и нема причина она да продолжи со тебе. Чудна работа ми е ова еве имам другарче, ако сум машко ќе речам типот ѕвони, и тело градено и се. Се фати со една и ајде се и ајфони купување и одмори и ручеци романтики ова она, џабе, го остаи еве ден дене кука по неа веќе 2 месеца, девојчето излегува со еден џанки што искрено на бездомник личи, искрено. Од моја населба се, за цигари нема, кога и да ме види брат дај цигарче. А не се тинејџери по 25-6 години имаат. Така да не е се до парите, не секогаш.
Доста е со оф топици, не е ни за муабетов погоре темава, ниту за машките членови да си го мерат егото. Ќе следуваат банови.
Кај прочита дека сум пишал дека ми должи? Ако девојчето е на место и не се лупа во гради како повеќето овде од задоволство ќе платам, за тоа не се ни дискутира. Сите сме должни еден на друг бидејќи маж и жена се створени еден за друг. Ако таа е заинтересирана за мене и ако јас сум заинтересиран за неа јас сум должен да и обезбедам се за нормален живот, безбедност, грижа, таа е должна тоа да го чува, да покаже нежност а не себичност.
А што се пал*ш како мајмун на банана?Можеби на членкава некој и платил ручек и нешто и побарал, па на тебе ти вели дека ништо не ти должи таа со која си искочил на ручек/вечера. Flashbakc-oви ја маваат, па сега ти соли памет.
Заинтересираноста е даалеку од доволна за некој да е должен некому нешто. Многу просто ги сфаќаш работите. Едноставно не може да очекуваш да градиш сериозна врска во која секој си ја исполнува својата одговорност пред да процениш дали постои заемно привлекување и дали воопшто карактерите си одговараат на долг рок. Мислам како очекувате некоја да ви ги исполнува желбите ако не ве сака. Ниту се познавате доволно себе си(self awareness), ниту знаете да препознаете дали некоја би одговарала и би можеле да ја трпите, ниту пак инвестирате во себе и знаете од каде да почнете. Едноставно една голема нула за тоа како фунционираат и размислуваат луѓето општо, зашто нели, вие себе си не се познавате доволно, што останува за другите. Ова е очигледно универзален проблем. Интроспекцијата е многу ретка и битна вештина. И не, не секоја маж е створен за секоја жена и тука е главниот проблем. Себична не може да биде психолошки здрава личност, туку само оние кои не се, или оние кои не те сакаат вистински, или трет случај кога ти си тој што има проблеми(тука спаѓаат проблеми со комуникациски вештини, едноставно секакви психолошки потешкотии) или пак, не ја сакаш. Едно е lust, друго е love и има јасна граница што ги разликува овие две работи.
Па ја што кажав? Дека некоја рандом девојка на улица ми е должна нешто? Под заинтересираност мислев на нешто сериозно, не само на физичка привлечност.
Ако ти знаеш што сакаш и што тебе ти одговара, тогаш ти немаш никаков проблем. Секогаш ќе има луѓе кои дали заради емоционален багаж, дали заради незрелост, било каква неспремност ќе те мотаат и ќе ти губат време, емоции, живци, за жал. Ова е независно од полот. Тие самите себе си прават најголема штета.
Да прочиташе се пред тоа ќе ти беше јасно што мислев. Се работи за ситуација каде девојката ти дава знаци, пишува, кажува на пријатели и познаници се тоа. На крај се правиш за неа и те игнорира, после ти ќе дигнеш раце бидејќи очевидно нема ништо од тоа, таа пак кука дека си ја игнорира. Не пишав ајде еве ручек ама после тоа шири нозе...
Епа треба да се има некој филтер. Дали со некого сакаш да пиеш кафе, да одиш на ручек, итн. Ако направиш се за неа и после ништо, може е искористувачка, спонзоруша, може нема вистински интерес. На една моја другарка, еден дечко, и праќаше пијачка на работа, да ја изненади, цвеќе дома за роденден, тоа не се некои големи финансиски трошоци и на крај ништо, затоа што таа не го гледаше како партнер, туку само како другар.
Едноставно е. Ако не си заинтересирана, не го прифаќаш поклонот, пијачката, ручекот или што и да е. Ако го прифаќаш, е знак дека си заинтересирана. Значи ако одиш на дејт, на ручек да речиме и знаеш дека не сакаш да имаш втор дејт со тој дечко, тогаш инсистираш да си го платиш твојот дел, и си заминуваш. Чиста сметка, долга љубов. Имаше една, другар ми месец дена ја частеше, со кола ја земаше и враќаше, а живееше во едно скопско село, не беше блиску. Преку 5 пати излегоа на дејт. Секако, он си подмируваше се финансиски. И после му рече дека не е заинтересирана, и го гледа само како пријател.