Точно така, не дај Боже како жена да искочиш неколку пати со некого на дејт и да сфатиш дека не е тоа тоа и не сакаш да продолжите понатаму.
@FreeToGo @Stefan18 @Billy Idol Па реално можда и најпаметно е да си ваква. Женските кои се послушни и прават се како што е редот брзо ви здосадват, и одма сте во потрага по друга "ваква". Во пракса е така а во теорија незнам..
Нема проблем. Работава е дојдена до препукување. И доколку не сака, бар кажи му, пиши му дека не сакаш ништо.
А не е поентата на дејтањето да видите дали си пасирате? Тоа после еден или два дејта се гледа? Девојката чим искачала со него , значи заинтересирана била. Може на почеток арен и бил, и како се гледале повеќе, сватила дека не е за него, и му рекла сасвим коректно. Шо, да не треба парите да му ги врати? Или одма треба да се мужи со него чим ручек и платил? Ахам, или барем да му даде, оти нели тоа е балканското частење. Ја иам едно многу едноставно решение, ако не сакаш да им плаќаш на жени, ондак немој да свиѓаш жени што сакаат да им е платено. Прашај си унапред, ако ти рече сака, не ја викај на дејт, и чао пријатно.
Не бе, Гош, полесно им е да дејтаат жени шо се out of their league and pockets, и после да ги хејтаат и нарекуваат спонзоруши оти не дај боже курвата сакала маж шо ќе и плати кафе и вечера а не маШ шо сака да биде принцеза. ПС. Треба да има посебна тема за овие мажишта шо сакаат/ не сакаат да частат кафе. Кој ќе биде побрзиот да ја отвори.... Оти нели, мажите не живеат само во неговото височество Скопје, ги има и на други места.
Скопјево стана град на курви(машки и женски).Мизерно општество во кое секој ќе се из*бе за пари, материјално нешто да присвои.Не постои никаква средина, баланс, љубов, разбирање... Ќе се изедеме во дупкава како стаорци за едно кафе, цвеќе.Па овој ја нападнал таа, овој го одбранил.Овој пошврљал на страна.Бруки и циркузи за беспари. Некоја што е наивна, ќе и текне дека е наивна, одма ќе пише тука и ќе и текне дека згрешила и каде згрешила и одма раскинува.Другиов пак, ајде ќе види ситуација, ќе го пикне некако одвај, па се жали курви, ороспии на секој ќош.
Колку време ти треба да видиш дали си пасираш со некого? Месеци? Години? Беа во комуникација и пред да искочат на прв дејт. Потоа дојде тој првиот дејт, па вториот... Она се не беше одлучна, не знаела што сака, и требало време и такви некои изговори, а секој дејт беше одење во ресторан, затоа што госпоѓицата така сакала, и тоа не само во Скопје, туку имаше и кратко патување од неколку часа, пошто сакала да оди баш во тој ресторан. Онака, му прати линк и директно му рече да одат таму. Беше класично завлекување. Никогаш не и беше арен, туку си го користеше, што од досада, што за его билдање. Додека не му се отворија очите, и тоа затоа што ја притисна да му каже што сака, па оваа му кажа дека сака да се само пријатели. Твоето решение е добро, без сарказам и глупости. Треба озбилно да го сфатат младите дечки што читаат овде, и да го поминат филтерот уште додека се у фаза на пишување, за да не им се случи завлекување и користење.
А шо е жена out of their pockets? Некоја шо ни народната банка не можи да ја задоволи финансиски? Бидејќи, ниту за кафе, а богами ниту за вечера, не треба длабоки џебови. Пак да се навратиме на суштината на темава, а тоа беа гестовите. Мене ми смета, шо зависно од пол се наметнуваат арбитрарни обврски, кои немаат никаква врска со полот денес. Тоа се обврски или стереотипи кои потекнуваат од времето кога само мажите работеле или заработувале повеќе, односно жените биле домаќинки или заработувале помалку. И не, не зборувам за првиот дејт, ете нека плати тој шо поканил, туку ова се однесува на навиките понатаму.
Ах кутрите мажи завлечени од лошите жени вештерки. Ајде да поплачеме заедно и да се молиме за младите генерации. Заборави дека испушташ еден добар дел, а тоа е дека никој не му ставил нож под грло на другар ти да мора да ја води особата во луксузни ресторани. Ама секако, се надевал дека така ќе ја купи. Уствари затоа мажи што толку многу сакаат да частат и да опсипуваат со подароци in fact не се добри мажи, затоа што сѐ е толку условно и секое одбивање значи дека ти си ороспијата бидејќи како можеш да не паднеш на сите тие гестови? Мислам, зрели луѓе разбираат дека можеш да не кликнеш со некого и дека тоа е океј, незрели луѓе на другите луѓе гледаат како на инвестиција во која вложуваат за да им се врати.
Другарот беше наивен од овакви нереални очекувања како што се пласираат овде на форумот дека мора машкото да части, да купува подароци, да чека со дејтови за некој да се одлучи што сака и да биде завлекуван, дека мора да е тоа луксузен ресторан и срамота е да искочат на кафе или не дај боже парк. Не, не мора така. Имај принципи, не го примај подарокот од некој што не си заинтересирана. Толку е едноставно.
Примерот на другарот на @Billy Idol, па тоа е спонзоруша. Моја познаничка раскина врска со дечкото оти се изневеруваа, и најде еден со јака кола, ја шета по ресторани, де ваму, де таму, секој викенд некаде, па ајде на гости кај бабата во странство(да заштедат мама, тате и таа) тој да вози(преку 650 км само во еден правец е патот), и типот веројатно сфатил дека е ова нешто сериозно, и по некој месец таа го откачува, тој ја чекал пред фабриката да ја тепа, па дошол и тој стариот дечко, па се тепале, па завршија со пријава во полиција и во билтен на МВР. Не смееш да си играш со туѓи чувства. Не оправдувам насилство, ама не можеш да си играш со некого, да го молзеш, да се сликаш за фалби на Фб, затоа што претходниот дечко сакаш да го правиш љубоморен. Се случи еднаш со еден пријател на кој му се допаѓам да одиме друштво во Кратово, јас и другарка ми, тој не викна, ние си поделивме трошок за пат, сами си плативме таму ручек, не сме му биле на терет, и по втор пат таа ми врти „Абе Тања, не вика да одиме во Маврово, како минатиот пат, да прошетаме, ќе си поделиме трошок“, велам „Не, ќе испадне дека ние го искористуваме него“ и баталив, тоест ќе испадне дека јас му давам лажна надеж и другарката се разбра. Едно кафе е сосема ок да почести, ништо повеќе, никакви подароци. Ако тој сега почестил, следен пат јас ќе платам и готово, нема потреба од ресторани, луксузи и не знам што.
Уште поедноставно, не праќај подароци со задни намери. Чекај чекај дали добро прочитав, сакаш да кажеш дека до некаде ја оправдуваш постапката да ја претепа типот затоа што си "играла" со него?