Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Останаа ли машки во Скопјево?

Дискусија во 'Сингл' започната од Trendafilka, 19 февруари 2010.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.030
    Допаѓања:
    12.748
    Не ја претепал, се тепал со другиот дечко. Доволно е што ја посрамотил, ако се разбира од срам. Му го разбирам бесот, а нејзе и ја разбирам расипаноста во стил да се покаже пред бившиот и пред другите по социјални мрежи. И што направила таа? Испаднала паметна? Колку чини сето тоа, тие ресторани, таксирања во странство? За 1.000 евра да ме има во билтен на МВР? Да се влечкам по судови утре, оти ако се тепаш, после обично поднесуваат пријава, па и на суд ќе одиш.
     
    Последна измена: 26 јули 2024
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  2. halfasoul

    halfasoul Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2023
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    282
    Пол:
    Машки
    ти брат треба книга да напишеш ептен ги имаш случкиве најискрено :)
     
    На Gosh, Biljarkata и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    39.967
    Пол:
    Машки
    Не функционира така светот. На некого со сила можеш нешто да му земеш, да му дадеш не можеш.

    Ако некој ти нуди подароци од старт, тогаш знаеш која му е намерата. Ако прифатиш, со други зборови го прифаќаш и него, и неговите очекувања.

    Не се сеќаваш како беше порано... Ама имаше непишано градско правило. Машките нудеа пијачка. Ако женските ја прифатат, значи се заинтересирани и имаат зелено светло да им пријдат, ако ја одбијат, значи не сакаат ништо со нив.

    Не би рекол спонзоруша. Повеќе е его трип дека ете некој ја шета, троши време, пари и енергија на неа, а оваа го влече за нос. После секако се споделува на социјалните мрежи и на другарките каде биле, што јаделе и што поклон добила и колку го заебала. Незрели работи.

    Спонзорушите се поинакви. Со нив знаеш на што си и дека се за кеш. Ако немаш длабок џеб не те ни погледуваат, си бараат шугар деди, кој исто знае зошто се со него. Взаемен договор на интереси. :)
     
    На eliesaab, 2cents, Dominodancing и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.640
    Допаѓања:
    39.321
    Пол:
    Женски
    Океј, ќе ти пишам поедноставно бидејќи мислам дека не разбираш. Прифаќање пијачка, ручек или поклон не е потпишување договор за век и векови. Ако не можеш да поднесеш одбивање после некој изминат дејт, не ни пробувај. Заинтересираноста може да ја има, може да ја снема.
    Дошол со намера да ја тепа нејзе и ти пишуваш дека му го разбираш бесот...? Ок.
     
    На sweet-cherry, Biljarkata, KateKane и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.030
    Допаѓања:
    12.748
    Треба отворање очи. Штом дошол да се тепа, може само ќе ја навреди, може ќе удри два шамари, може ќе ја избоде со нож. Ние женските како се осеќаме кога сме извисени, изневерени? Бесни сме, ама не се тепаме барем. И не е само девојката во прашање, таксирал цело семејство натаму - наваму. Тие од вчера ли се, родителите, малолетни ли се? Просто е, помалку глупости, мирна глава, никој нема да те мава, тепа, навредува.
     
    Последна измена: 26 јули 2024
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    39.967
    Пол:
    Машки
    Те разбирам јас тебе добро, ти не ме разбираш.

    Колку дејтови ти треба да се решиш дали сакаш со некого нешто? Еден, два, еве три нека се максиум. Денес имаш редовна комуникација и на социјални мрежи, па не сте тотални странци.

    Тања убаво ти објасни што значат принципи. Ако тој платил на првиот, ти ќе платиш на вториот.
    Ако тој платил карти за кино, ти ќе купиш пуканки. Не мора да делите до денарче, но битно е да не е цел товар само на негова страна.

    Ако ти купува скапи поклони уште од старт, знаеш колку е саатот и не го прифаќаш тој поклон, си се цениш себе си. Има време и место и прилика за такви поклони, а не уште не запознаени, оп букет, парфемче, ташна...

    Ако со некого искачаш повеќе пати, го тераш да ти плаќа се, да те шета по ресторани и околни места во државава (и шеми како Солун) каде секој дејт кошта минимум 40/50 евра, а "не знаеш што сакаш", тоа е класично влечење за нос и искористување. Тогаш треба да си се преиспиташ што правиш во животот.
     
    На FreeToGo, eliesaab, Feminka22 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.725
    Допаѓања:
    19.371
    Пол:
    Машки
    Досеа имам излезено и со девојки што сме биле да речам на дејт, а ништо понатаму, па пак сум се понудил и инсистирал да платам затоа што јас најчесто сум иницијатор. :)


    И општо најчесто плаќам јас затоа што најчесто јас поканувам, но ако веќе влегуваме во посериозна врска, треба малце да се растеретиме и двајцата некогаш јас - некогаш таа (пак ќе платам поголемиот дел јас). Ми иди такво чувство-нагон не знам како да го наречам, или глупавост наречете го не знам.. :)
     
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.724
    Допаѓања:
    168.634
    Пол:
    Женски
    Само шо ова 90% од времето не функционира. Не мислам дека сте свесни која борба е да си платиш свој дел од сметката, ОСОБЕНО на прв дејт. И то ова ти го кажвам како жена шо одбива частење на прв дејт, ко шо пишав и поназад. Се борам да не платам. И неќиш да знајш какви се реакции сум имала низ годиниве. А и кога ќе "изгубам" и ми платат, шо очекувања се имат со мене (шо е нова кавга и црвен картон).
     
    На sweet-cherry, Biljarkata, KateKane и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.889
    Допаѓања:
    7.527
    Пол:
    Женски
    Имам само две случки што мислам дека долго ќе ги памтам. Особено втората. Еднаш осетив дека дејтот е "трансакциски" и дека треба да возвратам со раширени нозе за платено кафе. И строго одбивав частење. И се сама плаќав. И патем баш затоа прекина се.
    А второто (што и деменција да фатам мислам дека ќе памтам). Осеќав дека многуу му се допаѓам на еден дечко. Ама не можев да возвратам и дадов културно до знаење. Ама он инсистираше да одиме на кафе. И еднаш ме фати во тесно пошо веќе без застаната пред кафич. И седнавме и тогаш знам дека он ги даде последните пари да ме части. Ама тоа беше стварно частење од душа, не трансакциско, не ради реда. И многу ми е криво што иако знаеше дека нема да има втор дејт, не го сфати тоа како навреда/повредено его. Дури криво ми е до ден денес.
    И ја направив паралелата дека стварно не може да се генерализира дека сите се исти или не. Само што се премногу изместени вредностите. Не утепаа со рилс за како "мојот милионер маж од дубаи ме разгалува", "како да најдеш спонзор" и остали нереални очекувања и ср*ња. А од друга страна таквите работи даваат ветер у грб на мизогинистички коментари. Па секој со малку повредено его одма напаѓа дека сите жени се исти, ако прифати частење ама после нема нит односи нит дејт - одма е к*рва.
    Помалку Инстаграм дечки!
     
    Последна измена: 26 јули 2024
    На FreeToGo, Curious cat и Cindy.A99 им се допаѓа ова.
  10. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    5.526
    Пол:
    Женски
    Кога ја читам темава ми доаѓа природен инстинкт и нагон за замонашување.

    Нaпорно.
     
    На Tam4yy, Biljarkata, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.073
    Пол:
    Женски
    Еве зошто како rule of thumb не треба да прифаќате никакви частенки од мажи, зашто 99% се некои вакви што плаќаат во ресторан за после да можат да плачат дека се завлечени, искористени и понижени.

    Затоа мразам џентлментсва и слични реликви од векови наназад. Сè им паѓа во вода во моментот кога ќе им го повредиш кревкото его со тоа што ќе ги одбиеш. Испаѓа дека ако ти платил неколку кафиња нема како да прекинеш контакт без да испаднеш спонзоруша, пардон завлекувачка.
     
    На sparklie, sweet-cherry, KateKane и 11 други им се допаѓа ова.
  12. 2cents

    2cents Активен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2024
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    89

    Пробај кога ти ќе бидеш тој што кани они да го платат кафето за возврат, а кога они ќе те поканат ти да бидеш тој што ќе го плати кафето за возврат. (вака ќе загарантираш никогаш да не платиш кафе на дејт 8))
     
  13. Cindy.A99

    Cindy.A99 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2024
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    Цел проблем бар според мене, од тоа што можам да го видам во мојата и 3 генерации пред и после мене е дека доминира невоспитаност, а таа невоспитаност си влече сама по себе многу работи шо резултираат со гледање на се низ призмата на материјалното, емоции 0, никаква зрелост, респект ни кон себе ни кон другите итн...
    Пример муабети меѓу машки: брат види ја оваа колку е јака, договара дејт баш му е гајле каква е во суштина, битно му е да ја легне.
    Од друга страна, па девојчиња се тркаат да испаднат со некој шо има скапа кола, покажува пари, а е тежок сељак.
    Земете пример еве од луѓево на 80години, колку се стари, а кога зборуваат за сопруги/сопрузи уште испаѓаат од нив емоции и како си се почитуваат меѓу себе. Ама имаат многу поразлично воспитување од денешново, а и други вредности.
    Е сега за воспитаните деца од денешницава можам да кажам само тешко нив.
    Можам да замислам шо ќе се дешава со генерацииве шо растат со Дисингерица и сличи појави од соседството. Језа.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cycloastra

    Cycloastra Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2023
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    253
    Пол:
    Машки
    Не сакам да ми плаќаат жени ни беш но јас не сакам за нив. Идеално е 50/50 но некои очекуваат повеќе јас да плаќам. Ретко се случува таа повеќе да плаќа. Ми се случило да инсистираат јас постојано да плаќам. Еднаш една таква беше, бараше постојно јас да плаќам едно 3 месеци. И реков дека не сакам таа инсистираше јас да продолжам и се налутив и прекинав да и се јавувам. Де факто и раскинав.
     
  15. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    2.474
    На прв дејт сфаќам какви се, повеќето не ми одговараат и толку. Нема што мое време да тепам кога може да го поминам со некој што ќе ме третира убаво, сослушува и разгалува. Ако не иде, не иде, има и подобри:d:
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Cindy.A99

    Cindy.A99 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2024
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    Вие си знаете тоа. Ама пријателе си знаете и вие широкоградост да глумите, а после да претставувате дека било вака како шо пишуваш, ти си тој шо си ја имал контролата над ситуацијата. Ако не си сакал зошто си плаќал 3месеци. На крај па и не мора секој дејт да го правите во кафич/ресторан. Во иднина дигитронот под мишка и цепај :rofl:
     
  17. Stefan18

    Stefan18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Машки
    За галење и разгалување си имам куче милениче, не ми треба уште едно.:rofl:
     
  18. Cindy.A99

    Cindy.A99 Активен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2024
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    172
    Пол:
    Женски
    За вака "пресмешни" особи малку е куче и мачка да си земеш :rofl:
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    2.474
    Затоа те читаме вака очаен по темиве:P
     
    На Tam4yy, joy1, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.622
    Јас со првиот дечко дејтав четри месеци, со вториот два - пред да се фатиме де.

    Не глеам кај е проблемот...

    Ако он смета дека да се изразам не му вредам, или дека го влечам за нос, слободно нека ме откачи, и чао пријатно.
     
    На Biljarkata и Curious cat им се допаѓа ова.