Јас купив пред неколку месеци на Есенс. На неа има за острење на помал и поголем молив. Содржи и капаче за да ја испразниш од после. Ептен е добро сечилото. Многу сум задоволна, не не знам дали ја има уште во Дм, провери.
Двојната острилка од Голден Роуз - има два отвори, за нормални и за џамбо-моливчиња. Слична е како онаа од Есенс, само мислам дека е поевтина. Jaс сум задоволна, мислам дека ја купив 80 денари, така нешто.
Острилката од ГР? Не ми се случило да ми искрши моливче, обично ја користам само за моливот за веѓи (другите сите ми се самоостречки ), а го имам тој мекиот молив за веѓи на Голден Роуз. Фино ги остри, јас сум задоволна, ја имам повеќе од година време сигурно. И со кармините како моливи (тие на Голден Роуз) фино се однесува, не се случило да искрши нешто.
Јас ја имам двојната острилка на Catrice едно 2-3 години и многу сум задоволна. Околу 120 ден е мислам.
ADS пишува на мојот молив, и има острилка во капачето, супер е, а жива ефтина беше, од некоја тезга..
Имав и јас од тезга некоја, жив ужас. Меѓутоа и јас имам дебели моливи, фала на препораките до сите. Сепак ќе ја купам таа на Голден Роуз.
Оваа острилка ја користам, неможам да се сетам на точната цена но знам дека е поефтина од 100 денари. Одлично ги остри моливите но имам друга забелешка, капачето кое се отвара од горната страна каде што пишува ГР (а исто така и од долната страна има капаче кое се вади) се некако лабави и постојано ми испаѓаат во козметичкиот несесер така што ако има внатре отпадоци, ќе ги направат лом останатите шминки. Затоа секогаш внимавам да ја празнам после користење. За острење веќе напишав, одлична е.
Јас имам дома 3 острилки , на MAC , Essence и Golden rose. Таа на Мак се каам што ја купив многу е малечка за 4 евра не вреди , на таа а Есенс ми се испокрши ама не беше лоша , најзадоволна сум од таа на Голден роуз , иста е како таа на сликата погоре
Јас користам острилка од Oriflame, двојна, за дебели и за тенки моливчиња. Супер е но не знам дали сеуште ја има...
Со острилка од Џамбо, 29ден купена, осет треба да имаш коа притискаш пошто меки се моливите, машинката каква сака нека е, во итни ситации и со таква на школо шо сум ја користела сум острела па немало проблем.
@buba4e89 еве оваа е таа острилка што ја зборев Ја имаше во повеќе бои. Нема да згрешиш ако ја земеш.
А јас пак бев во неделата во ДМ и не ја забележав ни таа. Кај ми биле очите Инаку ја видов на ebelin. Фала на сите за препораките.