Јас ја купив на Голден Роуз и се надевам ќе ме задоволи. Ја видов и таа на есенц во Дм. Кога ќе ја тестирам ќе пишам мислење.
Девојки острилката за моливи од Голден Роуз ги задоволи моите барања. Првото тестирање падна на моливче од малена и заврши успешно. Ги резам исто така и дебелите моливи на Мејбилин колор драма и тоа е успешна мисија. Околу 80 денари на зелен пазар во Скопје. Кога бев да ја купам најчесто ми ја понудија на импала но не можев да ризикувам.
@buba4e89 може ли слика од острилката? Има ли заштитно капаче или е без? Ми треба острилка ама да има капаче да не паѓа ѓубренцето
Имам и еднострана, и двострана острилка на Oriflame, првата ја користам предолго и се’ уште е во топ форма, втората ја чувам за резерва.
молам препорака за добра оштрилка за моливче за очи и уста, ништо добро не сум купила до сега, се ми е поткршено, без разлика од кој бренд моливчиња
Мојата острилка е од Голден Роуз, со два отвора (помал и голем) и капаче одозгора за да не прави лом. Презадоволна сум и со години ја имам, никогаш не ми поткршила моливче за очи.
Единечна имам Gosh, сигурно 10тина години ја имам, одлично остри и има заштитна пластика (резервоарче за ѓубре) и одозгора и одоздола. Перфектна е. А ако бараш двојна, јас имам Титаниа, од ДМ купена и задоволна сум. Претходно земав Аура исто од ДМ и мнооогу е лоша. Ги крши моливчињата, а и поголемиот отвор е со несоодветна ширина (не можам да наострам дебело моливче).