Ејми Адамс како новинарката Камил, се враќа во своето морбидно семејство во Мисури, со една цел, да истражува убиства на малолетнички. Ситуацијата во семејството, по сеќавањата на Камил била и сеуште е сомнителна, па враќањето во домот и претставува еден вид мачење проследено со низа од слики од трагични случувања кои се вртат во нејзината глава. Камил -морбиден лик со психолошки проблеми во една рамнодушна заедница. Патрисија Кларксон се појавува како мајката Адора и е одлична, преидеална за овој лик, во овие замрсени фамилијарни односи. Акцентот е ставен на ликовите, што ми се допаѓа многу, но и на музиката. Да не расплетувам, сега за сега има излезено 4 епизоди, во исчекување на 5тата, утре. Серијава ветува многу, иако не знам дали ќе има втора сезона, за жал. Ја почна ли некој, ајде да прокоментираме Инаку серијава е од истоимената новела на Gillian Flynn ( Gone girl)
Jaс ја почнав и некако неам желба да ја продолжам, мене нешто не ми легна, може оти знам што се случува во книгата...ама знаев и кај Мали, големи лаги па пак ми беше интересна, оваа ми е нешто млака.
И јас првата епизода ја изгледав, некако тешко ми одеше. Планирам барем уште две епизоди да изгледам и ќе одлучам дали ќе ја догледувам. Тематиката е интересна, ама споро се одвиваа работите. Дури на два пати ја гледав епизодата, немав волја да ја догледам некако.
И јас погледнав две епизоди и баталив. Пребавна и развлечена, монотона, без елан со настаните. Имав големи очекувања, а и очекував повеќе од Ејми Адамс како лик. Штета, засега не ми е нешто многу ветувачка. Книгата беше далеку поинтересна, но сепак е најлоша од сите книги кои ги имам прочитано од Џилиен Флин. Може ќе ја изгледам до крај, и онака ќе има малку епизоди, а и нема што друго да гледам во моментов па... Ама не ми остави убав впечаток засега. Можеби до крај ќе се смени впечатокот, но ќе видиме.
Значи баталете ова, книгата прочитајте ја. Многу добар плот твист, најдобра книга од писателкава, боља и од Gone girl.
Мене ми се допаѓа серијата. Сакав прво да ја читам книгата, но кога видов дека главниот лик го глуми Ејми Адамс, не можев да дочекам. Инаку, серијата е доста суптилна, има убава атмосфера и уметнички детали. Секако не е за тие што обожаваат акции и многу случувања, но мене ми се допаѓа и би ја препорачала.
Ja гледам веќе со недели, мене ми е одлична, потсетува на Твин Пикс. Мало провинциско наизглед здодевно гратче, но со многу гнилост и тајни позади навидум монотониот живот.
Јас па, едвај чекам да излезе нова епизода за да ја гледам До мене ќе да е. На повеќето гледам не ви оставила впечаток. Мене совршено ми се вклопува и брзината на дејствието, музиката, светлото, акцентот на ликовите .... Абе за мерак.