1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Остров Голем Град

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Offspring, 2 октомври 2010.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Разгледував низ гугл за единствениот остров во Македонија Голем град на Преспанско езеро и баш се заинтересирав во врска со него. Би било интересно некогаш да се посети, имало и 6 цркви а порано биле повеќе.

    Еве нешто повеќе...

    Голем Град (или Змиски Остров) е остров во Преспанското Езеро - единствениот остров во Република Македонија.

    Голем Град е прогласен за строг природен резерват заради специфичните геоморфолошки карактеристики, карактеристичната флора и фауна и поради своето историско минато. Островот е долг 750m, а широк 450m, со највисок дел 50m над езерото.

    Два километри долгиот воден пат од селото Коњско води до оваа природна тврдина, издигната 30m над езерската вода и со површина од 18 хектари. Денес е ненаселена, но е богата со ендемски растенија, ретки птици, залични заедници на животни, како и објекти, записи и наоди кои зборуваат за долгите векови на населеност на островот.

    Освен за љубителите и проучувачите на природата, островот Голем Град е едно од најатрактивните места за оние чии интересирања се насочени кон октривањето и исражувањето на остатоците на населбите од неолитот, хеленистичкото и римското време (некропола) и средновековието. Осевн римската некропола, откриени се шест цркви, а според преданијата некогаш постоеле дванаесет. Островот впрочем бил континуирано населен 2000 години, а манастирскиот живот се одвивал од X со XIV век. Меѓу пронајдените цркви, од особен интерес е онаа подигната и живописана во XIV врз темели на римска цистерна за вода.

    Освен сочуваната црква Св. Петар, средновековната црква Св. Димитрија, постои и ранохристијанската базилика од крајот на IV и почетокот на V век, каде се откриени остатоци од поден мозаик.

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Еве една од црквите...

    [​IMG]
    [​IMG]

    Ќе искористам прилика да прашам дали некоја девојка од Преспанскиот крај го има посетено островот и ако сака да сподели импресии :)
     
    На Bright, Hopeful и bilkata им се допаѓа ова.
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Интересно, не сум била никогаш, а вака баш убаво ми изгледа. Друго нешто што имам слушнато е дека врииие од змии :|
     
  3. maa

    maa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    38
    Убаво место ама за жал првпат гледам слики а и признавам првпат слушам.Дали дека не ме интересира многу или зошто сум далеку од Преспа незнам.Сепак убаво е кога дознаеш и прочиташ нешто ново па и во Македонија.Едно прашање до тебе Offspring дали знаеш зошто баш змиски остров некако интересно звучи :)?
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Затоа што има премногу змии што е голема штета. Да не се змиите ќе биде сигурно едно од нај атрактивните туристички места во Македонија.
     
    На maa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    прв пат гледам слики од островот, и баш сакам да го посетам. ама змиите се голем проблем сепак.
    браво оффи за темата ;) време е да се потсетиме дека и кај нас има убави места кои не доживеале развој и посетеност.
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    И покрај змиите - би сакала да го посетам. Вреди!
    Anyone interested? :)
     
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Еве ме :rock: :rock: :rock: Ама слушнав т.е. прочитав дека повеќето биле водни змии што не се опасни ама имало и опасни :worried: Хипи, идеме? :wasntme:
     
  8. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.080
    Допаѓања:
    6.747
    Пол:
    Женски
    Јас бев годинава на змискиот остров.Убаво е,интересно...Има луѓе што живеат таму во манастирот.Разгледавме,прошетавме...Се согласувам со оффспринг дека ако немало толку многу змии ќе биде извонредно туристичко место.
     
  9. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Сум го видела ама од далеку, од плажа...
    Морам да признаам дека многу ме интригирало уште од мала, но ете заради змиите ми е страв да одам :(
    а нели е можно некако да се намали бројот на змиите??
    Тие се повеќето водни и не се опасни воопшто, но сепак треба да одиш внимателно.

    Ме чуди како е можно некои да не знаат дека постои овој остров кај нас, па го учевме уште во 3то одделение!
     
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    21.649
    Пол:
    Женски
    Прв пат слушаш за Голем град?? :?
     
  11. maa

    maa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    38
    Да немам потреба да лажам незнам... :(
     
  12. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    Браво Оффи за темава! Мн ме интересира Змискиот Остров! Многу сакам да одам, ама си имам лошо искуство со змиите! Баш на МТВ ако ја гледате, мора еднаш во месецот да даваат за овој остров, пошто и тие немаат и што друго да даваат! Ја имам гледано репортажата... :tmi: ама има премногу змии....! :puke:
     
  13. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    сигурно не си била на таа лекција :D од мали го учевме :!:
    ама затоа сме ние тука и еве сега дознааа. додека си жив се учи :)
     
  14. maa

    maa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    38
    сигурно не си била на таа лекција :D од мали го учевме :!:
    ама затоа сме ние тука и еве сега дознааа. додека си жив се учи :)[/quote]

    Да,да несакам да се правам сезнајко а да првпат слушам...Сум била болна тогаш кога сме ја учеле лекцијата :)
     
  15. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.086
    Пол:
    Женски
    Конечно наидов на нешто ново и поразлично , офи браво за темата :hai:
    Местото е измислено авантуристи.Ако имате слабо срце , немојте да дозволите љубопитноста да ве одведе дотаму, како што тоа се случи со мене , проклетство оваа пандора мора да ми била некоја роднина :lol:
    Бев како да морав да одам ете :^) , крвта да ти замрзне во вени ..не не успеав да згазнам :x ...змиите буквално се преплетуват ,не ќе може да ја ставиш ногата некаде а да не нагазиш на некоја :x Кајчето и назад , веслај брате од тогаш ни Преспа не сум отишла :tmi:
    Вчера го гледав Змии на А1 , ми наврати непријатни слики на мојата единствена фобија , морници ме лазеа додека без да сакам се потсетував на тоа место ...страшно уште се ежам. Ако некоја од вас е доволно храбра , јас можам уште толку да ја охрабрам ...ако преживее да раскажува импресии , затоа што верувам е интересно место има многу да се види :)
     
  16. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Баба ми има стан во Асамати (село покрај Преспанско Езеро) и кога бев мала секоја година одев таму на одмор (сега веќе е пусто местото, за жал). И откако знам за себе сакав да го посетам тој остров. Какви не филмови имам правено. :lol:
    И се сеќавам дека низ разговор порано кажаа дека порано имало змии на островот па поради тоа бил наречен Змиски остров, но дека сега немало... но не знам.
    А баш би сакала да појдам, па дури и да има змии. :)
     
  17. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Одиме Оффи, ако треба и гумени чизми ќе облечам :D
     
  18. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.904
    Островот Голем Град е огромна карпа која веројатно се откинала од соседните планини како последица на некој силен земјотрес кога по тектонски пат настанало и самото езеро. Островот е атрактивна локација за оние чиј интерес е откривање и истражување на остатоците од населбите од неолитот, елинистичкото, римското време и средновековието. Освен римската некропола, откриени се шест цркви: Св. Петар, Св. Богородица, Св. Атанас, Св. Димитрија, Св. Георги и Св. Илија, а според преданијата некогаш постоеле дванаесет цркви.

    Островот бил населен 2 000 години, а манастирскиот живот се одвивал од X до XIV век. Меѓу пронајдените цркви се истакнува црквата што е подигната во XIV век врз темелите на римската цистерна за вода. До црквата Св. Петар се наоѓа единствениот конак (изграден во 19 век) што се ползувал за живеење на црковните служители, но и како место каде што се криеле македонските револуционери од предилинеденскиот период и за време на востанието во 1903 година. За време на Втората светска војна островот бил попатна станица на партизаните кои со рибарски чунови се префрлале од едно на друго крајбрежје.

    [​IMG]
    На југозападните пештерски карпи се наоѓа натпис напишан на глаголица со флоренски крст и тој претставува најстар пишан споменик во Преспа. Се претпоставува дека потекнува од времето на просветителската дејност на Св. Климент Охридски (9 век), но научно не е истражен. Според преданието, среде бујната вегетација во мир и тишина се одморале цар Самуил и неговите соработници.

    Оваа природна реткост со високи карпести рабови и специфична клима изобилува со разновидни ендемични растенија. Најзастапено е шумското растение фоја што вирее на самите карпи и претставува вистинска реткост. Поради бавниот раст се претпоставува дека најголемите полусуви стебла се постари од илјада години. Фојата е распространета и во Кавказ, Иран, Либан, Крим, Мала Азија и на Балканскиот Полуостров. На островот Голем Град се откриени и 160 видови папрати и семени растенија од 180 родови и 41 фамилија - 80 од нив се јужноевропски флорен елемент.

    Од биолошките форми најзастапени се терофитите, односно едногодишните растенија. Ретко се среќаваат црн габер, македонски даб и благун. Голем Град претставува еден од малкуте резервати во светот каде што се размножуваат ретки видови габи. Од плодородните растенија на островот застапени се слива, црнива, дрен, шип, лозница и смоква.

    Пеликанот (неситот) - една од најголемите птици што живеат на вода - кај нас го има единствено на двете Преспански Езера ( Големото и Малото ). Во јата од над сто птици пеликаните на островот престојуваат секоја година од 15 април до 15 октомври, а другиот период од годината го поминуваат од јужните предели од Земјината топка. Пролетното долетување на овие бели птици со големи клунови не е многу забележливо, но за време на есенската преселба тие се собрираат во јата и по еднодневно движење над Преспанската Котлина се упатуваат кон југ. Тие не нуркаат во водата, туку само пливаат над неа.
    [​IMG]
    На островот Голем Град живеат два вида змии. Во карпите до водата се среќава белоушката змија која не е отвровна, а во горниот дел на островот може да се сретне отровната змија поскок. В минатото се направени неуспрешни обиди за нивно уништување со помош на ежови во 1949 и со помош на мунгоси во 1967 година.

    Наш Свет
     
    На Hopeful и Lux им се допаѓа ова.
  19. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Иако сум од Преспа, не сум била на островот, но сум направила обиколка со чамец околу него. Едноставно е прекрасно. Самата глетка е воодушевувачка. На островот има неколку цркви, но и врие од змии, затоа е наречен и Змиски остров. Многу често го посетуваат странски туристи и екипи што вршат истражување на флората, фауната, па мислам дека се имало вршено и археолошки истражувања. Инаку, луѓе што биле на островот ми имаат кажувано дека било многу убаво и дека вреди да се види, па се надевам дека наредното лето ќе имам шанса да го посетам и јас. Ве поканувам и вас да одиме заедно да го посетиме островот :)
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јао Боже поскоци имало :worried:

    Зар толку е стар островот? :^)