Па Офи Цар Самоил умрел 1014 година. Не е толку стар, тоа било пред 1000 години, островот е создаден сигурно далеку далеку пред тоа.
Цар Самоил владеел пред илјада години, а островот е многу постар. Одејќи кон Голем Град, единствениот остров во Репулика Македонија, уште од далеку се забележува дека тој е огромна карпа, која веројатно се откинала од соседните планини заради силен земјотрес, кога по тектонски пат настанало и самото Езеро. Мнооогу многу пред Цар Самуил постоел островот, а бил населен во античко време.
На два пати сум била на островот како преведувач со дипломати од странство, пред неколку години. Немаше змии како што некои напишале пред мене, не знам може не им била сезона. Првиот пат не видов ни една (а барав) освен таа што стои над вратата на црквата (чувар е на црквата), а вториот пат видов на неколку пати, ама од далеку. Воопшто не е опасно, само не можеш да одиш по папучи, мора да си носиш патики па дури и чизми гумени Природата е нешто посебно...дрва стари илјадници години, нешто налик на тие од Господар на прстените, археолошки ископини, растенија и бубачки што никаде на друго место не сум ги видела, пеликани, желки. Имам да раскажувам до бескрај, ама сепак треба да одите зошто тоа доживување со зборови не може да се опише. Магично е...
Па колку што имам слушнато во последно време имало малку змии, а порано мајка ми како мала неколку пати била на островот на екскурзија и имало многу змии.
Отсекогаш многу сум сакала да го посетам островов. Дури го сонував едно време, во потсвест ми влегол. Од змии се плашам, но би ризикувала за да ги видам овие убавини. Авантурист сум по природа и многу сакам да посетувам разни места, посебно во нашава земја која има толку многу убавини со кои за жал повеќе од граѓаните не се запознаени.
Јас бев оваа година на одмор во Претор, и од таму на плажата кај што одевме се гледаше островот.. беше блиску и планиравме да појдеме некој ден, ама времето не ни се погоди и не појдовме.. Иначе кога се набљудува така од плажа навистина е прекрасна глетката и нешто те влече да појдеш да го видиш.. баш интересно..
Од кога знам за себе, знам и за овој остров. Знам и многу убави легенди за него ќе ви ги кажам подоцна . Не сум имала прилика да го посетам, по природа сум авантурист но чисто сумљам дека ќе го посетам овој остров. Како што споменавте погоре, царот Самуил одмарал таму. Сакал да изгради тврдина таму . На овој остров се смета дека има скриено богатство од некој цар или владетел што престојувал таму, го скрил и поради таа причина Американците сакале да го најдат и пуштале некакви животни што јаделе змии (тие животни биле како огромни гуштери или слично). Со тоа не успевале затоа што змии имало премногу а животните прејадувале и умирале .
единствена пречка да не отидам на ова прекрасно место се проклетите змии и ништо друго...моите братучеди и многу многу другари и другарки се отидени а јас не...што да правам ко имам преголема фобија од тие проклети змии па кога и да видам се онесвестувам и слично :/.... има некакви шанси да се убијат змиите ?
Сакате да одите таму? Па вие дефинитивно не сте ја гледале репортажата на МТВ, инаку би ја немале таа желба. Значи буквало како што опиша некој погоре - нема кај нога да ставиш...Од змии. Баш поради тоа никој не иде таму. Ниту пак јас имам желба. Вака одоколу со кајче да поминам ДА; али моја нога таму не стапнува никогаш
Прв пат слушнав дека во Македонија има остров од квизот Милионер и уште од тогаш ме интересира и кога би имала можност стварно би сакала да одум.Инаку не ми е јасно како тоа има премногу змии а прочитав дека тамо зивеат луге во манастирот?
Интересно Го имам видено островот ама само од далеку, и би сакала да го посетам некогаш во иднина Само не ми е јасно зошто има толку многу змии, која е причината за тоа? Ако знае некој баш би сакала да знам
Можеби во почетните одделенија ни го имат спомнато единствениот остров во Македонија, но на мене тоа не ми влегло во глава. Пред 3 или 4 години бев на одмор во Претор за прв пат и кога го видов островот од плажа сум се радувала како мало дете дека и ние имаме остров. Веднаш посакав да одам ама не отидов бидејќи немаше со што за жал а и немаше луѓе кои ќе сакат да одат (неможам сама да одам). Со нас имаше човек од тој крај и веднаш го преплавив со прашања. Ми кажа дека како мал често одел таму, било премногу убаво, да имало и многу змии. Порано туристите оделе со брод, но кога јас бев бродот беше надвор од водата, запуштен, заглавен во дрвјата. Ми кажуваше дека оделе и со педалинки но им требало подолго време за да стигнат, а тогаш кога оделе со педалинките останувале и да спијат на островот (највероватно во црквите). сакам да одам на тој остров и ако некогаш ми се пружи шанса ке одам иако имам страв од змии
Стварно се прашувам како може да не знаете дека во Македонија има остров!? Извинете ако ве навредувам,ама страмота е стварно! 15 години одам таму значи цел мој живот секоелето и заљубена сум во СТЕЊЕ (село на неколку километри од островот,ама кога незнаете за островот за Стење па ич) Змии да имало порано СЕГА НЕМА ЗМИИ..дали ќе најдете 2-3 на цел остров,пред неколку години на островот пуштија некој животни и го исчеистија островот од змии! ТАКА ДА СЛОБОДНО ОДЕТЕ! Стварно е жално што имаме толку мн наши убавини,а не ги знаеме,а камоли да ги посетиме! ПРЕУБАВО Е!! ПОЈДЕТЕ НЕМА ДА ЗАЖАЛИТЕ P.S. Ако случајно пожалите за нешто јас сум крива
Мунгоси пуштија, но нажалост и тие изумреја и тоа пред 15 години... Така да, за 15 години не верувам дека змиите не успеале да се размножат доволно
Баш ќе го пашам тато кога и што пуштија,кажав незнам точно,ама сигурно не било толку одамна затоа што сварно до сега змиите ќе се размножеа,ама сега змии НЕМА!! А и што очкубате бе луѓе сепак отробот е запуштен кој го одржува,чисти....повеќето од нас не ни знаат дека постои
Јас ти велам знам за порано дека мунгоси имаше пуштено затоа што тие јадат змии , а за сега скоро немам слушнато таква работа. А тоа дека многу луѓе не знаат дека тој е единствениот остров кај нас, и воопшто дека постои остров, и тоа дека кога ќе речеш Голем Град си мислат на некој си стварно голем град хахах е друга работа. Треба повеќе едукација по младинава, жално е стварно. Инаку немам појдено, немам некоја си посебна љубов кон Преспанското Езеро, некако ми е многу језиво. Немам појдено со години значи 17 години ама и не планирам, не дека не е убаво - туку ете така језиво ми е. А ја има најубавата природа на светот околу него. Поздрав
Островов остава впечаток на мистичност за која вреди да се посети... но и храброст треба. И добро организирана екипа.