Моите имаат отидено несакајќи Сакале да го превеслаат Преспанско со кајак, ама на пола пат ги фатило невреме А бидејќи се поискусни кајакари, не земале ништо од опрема, мислеле нема да им треба за на мирно езеро. Ама невремето било јако, кајакот на мајка ми почнал да се пуни со вода. Се фатила за татко ми и право на островов.. Мајка ми ко што се плаши од змии Спојлер еднаш гумена и стаивме под перница, срце ќе ја фатеше ептен се плашела, сегде змиски кожи, змии.. Почекале малце невремето да заврши и тргнале накај брегот. Сега мене смешно ми е, ама таму да сум била ќе се Спојлер покакав
Заљубена сум во ПРЕСПА значи,и стварно не можам да сватам зошто сите не ја сакаат, препрепре убаво е има забава за сите и за старо и за младо. Охрид да убав и е толку познат и популарен затоа што вие го правите со Вашето одење. Не е ни далеку ни скапо,само желба и ден два на располагање ви требаат да појдите па и вие да ја засакате целла Преспа како јас,па потоа и Вие на другие ќе им раскажувате и ќе ги убедувате да одат
Делува мистично, го привлекува човека да отиде, да го посети, ама ете страв и фобија од змии кај повеќето има и тоа многу како и кај мене па затоа не би одела, но би го заобиколила. Кога би ги немало змиите, радо би одела, со мерак, со душа. А и да не се змиите, по што друго би бил препознатлив ?! Значи ете ја добрата страна, и змијата-чувар на црквата е препознатлив белег на островот, тоа го нема на секоја црква Интересно, мистично и примамливо во секој случај, само не за човек како мене толку плашлив особено од змии. Се плашам од самиот страв од змиите, страшно. Опасни се? Кои видови ги има? Отровни по земја шетаат, освен водени во вода? Ако пешачам има можност да бидам касната од змија, знам, и затоа се плашам толку многу. Освен цркви нешто друго на островот градби некои има, остатоци од мозаик има. Прочитав дека постојат гробници на царските ложи. Ме интересира тоа со богатството и мунгосите на Американците, значи сегде ги пикаат прстите кога се работи за добивка, бедници. Ако навистина постои богатство, би сакала да биде откриено и покрај сите тие змии, нека најдат начин не се само мунгосите, имаше и други животни кои можеме да ги обезбедиме како држава и однесеме таму да се најадат и да направат услуга, да расчистат пат, само кој се замара со природни убавини, сите гледаат кроз долар, што би рекла јас. Сликава на Гугл ја дава како дел од Островот Голем Град, можно ли е, ова ли се подните остатоци од мозаик? Преубаво. Отсекогаш сум им викала на моите да одиме, единстве остров е како малечка, но тие ми викаа многу змии има. Штета стварно.
Имам одено на островот, и тоа повеќе пати. Преубаво е, змии има многу, меѓутоа ако добро внимавате, се ќе биде како што треба. Преубава природа, цркви, животни. Морате да појдете!
Не сум заљубена во Преспа заради тоа што имам лошо искуство уште од мали нозе. Спојлер За малце на еден брег од езерото ќе пропаднев во кал кога влегов да се бањам. Од тогаш, само Охрид брате! А за Голем Град, баш интересно место, ама додека тие суштества се таму со мал прст не стапнувам. !
Моите се по потекло од Мала Преспа така да со сигурност имаат одено и било убаво да, но многу змии имало ее затоа јас никогаш нема да стапнам
Третава слика не е од Голем Град тоа е слика од остатоците од средновековен град на островот Свети Ахил или Аиљ како што го викаат во Преспа.Тоа е остров во Малото Преспанско Езеро во делот на Грција. Како што е прикажана сликата мислам дека од десната страна имаше гроб.Не сум сигурна на кого беше.
Инаку за сите кои се плашат од зимиите а сакаат да го посетат островот тоа можат да го направат назима т.е. кога е студено бидејки тогаш змиите не можат да се движат поради нивната телесна температура која зависи од времето и не можат сами да ја одржуваат па во такви студени денови тие се на некој начин замрзнати. А освен змии на овој остров има истотака многу птици и зајачиња.
Интересно место кое би сакала да го посетам. Ама секогаш кога ќе одевме во Преспа ми велеја моите не можи змии има
Јас сум била еднаш како мала на 2 години и не се секавам на ништо За змии ми кажуваат дека вриело и дека дури во чамец почнале да ни се качуваат,иначе зајчиња баш и нема заради змиите
Го имам гледано од плажа -дека стално ме водеа како мала на преспанско, и сакав да одам и на островот уште пред 7-8 год( кога последен пат бев на одмор со моите) но не ми дозволија оти вриело од змииите и си реков уште тогаш прво што ќе направам кога ке одам сама на преспанско е да одам на островот но сеуште не сум била...
Значи каква туристичка атракција би можеле да направат од островот. Али нашиот народ прост е. Можат да го населат островот. Да го исчистат од змиите. Да направа плажи, хотели, туристички тури до островот. Али ние не знаеме да си го искористиме убавото.