Здраво на сите, Немам познавање, но имам желба. Сакам да отворам фирма за колички на жетон кои ке бидат поставени во шопинг центар. Работава е што не знам од каде да почнам и каде да се обратам. Ве молам да ме посоветувате. - Каков тип на фирма е најдобро да се отвори? - Дали имате порачувано некои поголеми и поскапи предмети од алибаба или алиекспрес? Дали треба да се плати дополнителна царина на тие предмети? И дали би можела тие да ги користам во фирмата? - Која би била постапката за отварање таква фирма, или каде треба да се обратам најпрво? - Дали подлежи на издавање фискални сметки? Ви благодарам