Здраво девојчиња.Заинтересирана сум за отворање сопствен веб сајт или портал како и да е..Дали имате искуства со заработка на овој начин? Можеби знаете како оди целата постапка и дали е исплатливо? Убав ден на ситеее
Се занимавав, сега сум на пауза поради ситуацијава во цел свет... нешто ако те интересира ќе ти објаснам.
Не, пробав од алиекспрес ама многу бавно стигаат производите, сакам да најдам некој од кого ке земам на големо производи и материјали и да ги препродавам на фб или инстаграм, исто сакам и материјали да земам за да изработувам шнолички за деца, топерчина, венчина, за свадби за салфетки прстени и слично.
Ме интересира на кој начин продаваше и од каде земаше материјал. Поточно сум заинтересирана да препродавам работи од интернет пример алиекспрес или слично. Дали реално може да се заработи некој денар на тој начин? Фала однапред
Можеш од алиекспрес да препродаваш, инаку може да се заработи само за Македонија потешко бидејќи од платните процесори немаш многу избор. Ако те одобрат за 2checkout или да отвориш фирма во Америка, а тоа не ти го препорачувам. Не знам на која платформа сакаш да направиш продавница?
Јас сум сопственик на спортски портал во Македонија веќе 6 години, имам искуство со работа во професионални спортски медиуми во Македонија, како и во останати веб сајтови од информативен карактер, работам и во регионална телевизија. Првпат започнав со работа во 2011 година, па доколку некои има потреба од совет, или има прашање, нека ми пише, може да му објаснам подетално бидејќи имам солидно и големо искуство.
Ете јас Сакам да започнам нешто со сопствен веб-сајт, имав претходно купен домен, но од одредени причини и промена на животен тек, не успеав да го одржам и надоградам, па не сум запознаена со процедурите. Колку текстови минимум треба да имам објавувано дневно? Како оди заработка?
Треба барем 7 до 8 оригинални текстови, со над 2 до 4 милиони прегледи на месец може да се заработи нешто солидно да речам, во спротивно е неисплатливо... особено ако имаш некои 100 000 прегледи, бидејќи за македонски пазар е доста неисплатливо.
Преку адсенсе заработуваш? Ние пак почнавме со адс па ако работиш со тоа ела во инбокс да си размениме искуства