1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отворање на адвокатска канцеларија

Дискусија во 'Барање работа' започната од sunshine2015, 16 мај 2017.

  1. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Бидејќи се повеќе се јавува потреба од адвокатина пазарот на труд се мислам дали да земам лиценца.
    Некои викаат адвокати има да ги ринеш со лопата, ама па јас викам има но не се сите квалитетни.
    Какво искуство имате вие? Дали е подобро да се работи прво кај адвокат или да се почне нешто свое, или пак заедно со уште некој да се почне?
    Вадење на лиценцата кошта околу 50 000 и плус треба да имаш и канцеларија.
    Се исплати ли ?
     
    На cresa-jagoda и danichap им се допаѓа ова.
  2. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    11.292
    Пол:
    Женски
    Лиценца е добро да имаш ради себе, но мој совет да почнеш да работиш со друг, барем додека да стекнеш име.
    После е лесно.
    Јас сум лиценцирана 5години, па сеуште не работам сама,од септември ќе почнам.
    Околу се друго, најдобро е да се упатиш во Адвокатска комора.
     
    На Victorian, Donatela.W, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  3. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Па и тоа размислував, да се вработам кај некој ама па така многу слабо плаќаат.
     
  4. Safira26

    Safira26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    106
    Од друга страна па, ако ја земеш лиценцата и се вработиш кај друг минимална плата за адвокат мислам дека е околу 22.000 ден
    Што не е ни многу со оглед на тоа колку труд се вложува, ама па да немаш ич пари заради тоа што немаш клиент на почеток е уште потешко...
     
  5. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    11.292
    Пол:
    Женски
    Конкретно јас сум адвокатско друштво, полноправен член сум, ама стекнав клиентела низ годините за да работам сама, па затоа и ќе почнам,плус фамилијарно имам деловен простор кој порано се издаваше, а сега заврши договорот, па во тек сум со пренамена на просторот.
    Ситно дали плаќаат или не, небитно, сите така сме почнале прво и прво ради искуство. Секоја професија носи ризик, ризик ствара капитал.
    Факт е дека не цутат работите во адвокатурата, посебно откако ни се скратија надлежностите.
    Адвокатско друштво е добра опција, од причина што јас еве сум повеќе парничар, кривични работам ако морам, не дека не ме бива, туку не ми лежат, не ги сакам едноставно, колегата е исклучиво на тоа. Исто е и со трошоците.
    Точно, има адвокати со лопата да ринеш, а верувај ако не се квалитетни нема да се на пазарот на труд долго.
    Ако веруваш во себе, само напред, после цел живот ќе бидеш лута на себе оти не си успеала.
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.878
    Допаѓања:
    19.047
    Пол:
    Женски
    Лиценца да си извадиш, како што ти рекоа, најмногу заради себе. А и јас се сложувам со другите. Најтешко е да почнеш од нула. Канцеларија, кирии, едно, друго.. ќе бидеш повеќе минус одошто плус. Подобро би било да почнеш да работиш кај некој, заради искуство прво, па и да стекнеш клиенти, име, да заработиш некоја пара, па да размислуваш на сопствена канцеларија.
    Мое мислење :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Потреба на пазарот на труд од адвокати не се јавува дури и вишок се.
    Се си има свои предности и недостатоци.
    Недостатокот ако работиш на почеток кај адвокат е минималец плата без лиценца, со лиценца некаде на процент некаде фиксно до 20.000,00 ден. плус постои опција нон стоп да бидеш изложена на наредби , преправања во врска со предметот иако ти сметаш дека треба поинаку да се сработи, некогаш ќе имаш не толку добар колега кој ќе сака да те научи туку ќе те третира ко канцелариско глувче, секретарка, чистачка, келнерка се во едно, некогаш ќе ти даваат погрешни информации, па ќе се изживува со тоа шо ќе те навредува понижува ...е сега ако си среќлија да имаш добри и угледни родители за тебе нема зима, ќе си успееш без проблем да се снајдеш и сама и во склоп со друг адвокат.

    Проблемот ако почнуваш од нула во адвокатура ти се трошоците кои ќе ги имаш , а ќе немаш заработка додека не стекнеш клиенти но и тоа е прашање како и колку ќе наплатиш со оглед на висина на цена на услуги и немаштија на народот.
     
  8. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Да знам дека на почеток ќе е потешко, би почнале две заедно но и двете немаме клиенти сеуште.
    Има еден проект од АВРМ каде што 3 години државата ти плаќа придонеси што сметам дека е доста олеснително според мене.
    Според мене најдобро е да се најдат фирми така?
    Какво е вашето искуство, како да се стигне најлесно до клиенти?
     
  9. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Машки
    Во било кој град јавна тајна е кои адвокати прават пари. Останатите тешко кубурат, а некои и неможат ни киријата да си ја платат.
     
    На anggell, mimiiiii, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  10. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Оф топик, но морам да те замолам да ми пишиш лп @augustd !
     
  11. PoliticsMK

    PoliticsMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Информативно, ме интересира какви се трошоците на почеток, грубо колкави средства се потребни за да се започне со работа како самостоен адвокат, невклужучувајќи ги тука лиценцата (за која се потребни околу 50.000 ден. ) и наемот за канцеларија, ме интересира дали има некои скриени трошоци, какво е искуството на тие кои последниве години отвориле адвокатска канцеларија? и како е со заработката, дали може да се вади барем една просечна месечна плата од околу 20-22000 ден.
     
  12. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Незнам колку се исплати. Дај Боже да ви тргне, но сега е тешко. Друго време било кога отварале нашите постари колеги. Ај, да е само канцеларијата и лиценцата. Лиценцата чинам дека е 500 евра, канцеларијата зависи каде (во Мавровка има пристојни канцеларии за по 2000 денари месечно). Но трошоците кон државата се високи. Им акнаа фискализација, Адвокатска маркичка, па проблеми со странките, не наплаќаат, и ред други трошоци. Ај, да е разработена канцеларија да (таткото да е Адв па син - ќерка независно) но за почетник е тешко, освен ако не се соедините во Адв друштво. Со среќа.
     
    На PoliticsMK му/ѝ се допаѓа ова.
  13. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.888
    Оштрица со два ножа е ова.
    Без ризик нема успех и заработка, ама и почнување од нула препуштена сама на себе без клиенти е тешко. Многу тешко.
    Откако се сменија еден куп закони, адвокатите се во крајно неповолна положба. Барем околу мене е така.
    Зборам за онаа класа адвокати кои не се партиски врзани и немаат паушали од јаки ( или било какви ) фирми.
    Да ми искочи работно место во фирма со добра плата, откажувам лиценца одма. Ова чисто мое искуство, има падови и подеми, но со проширено семејство сега ми треба сигурна заработувачка секој месец.
    Од друга страна, слободното време кое можеш сам да си го направиш е непроценливо. Ако завршиле обврските за денот, си одиш макар било 11 сабајле, спојуваш викенди и сл..
    Инаку, лиценцата кога јас ја уплаќав беше 42.000 + 2.000 одат на уверенија, потврди и сл.што претходат на лиценцата. А кирии во Мавровка за 2.000 ден прв пат слушам, 130 евра е најниско што сум слушнала, но може има и поефтино.
    На крај, што и да одлучиш изборот ќе биде твој и ќе биде правилен, ти посакувам среќа ;)
     
    На Macedonianbro и PoliticsMK им се допаѓа ова.
  14. PoliticsMK

    PoliticsMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Работам во државна институција на раководно работно место, но последните три до четири години после сите случувања и партизација се ми е дојдено преку глава, и работата веќе нема никаква смисла, а да не зборам за кариерно уназадување - стоиш во место, тоа е максимумот што можеш да го постигнеш, подолго време сум на размислување за овој чекор, но некако се чувствувам несигурно. Инаку кај мене не се работи за отварање на канцеларија во Скопје, туку во друг град, сепак фала ви на искажаните мислења.
     
  15. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Има колешке, ама зависи каде во Мавровка. Инаку да, доста се скапи кириите.

    Никако да напуштите работа во Администрација за сметка на Адвокатура. Не особено ако сте како што кажавте на раководно место. И јас сум во Државна институција, не сум на некое раководно место ( и покрај толку квалификации), и покрај се, Адвокатурата ни на крај памет не ми е под план Б. Јас гледам од колегиве. Заработуваат оние кои како што кажав (или е разработена канцеларија од татко, мајка, или е некоја канцеларија со звучно презиме, или ако е евентуално ангажиран како Адв по службена должност) Пак ке кажам, вие си знаете. Останатите, само се измачуваат. Јас што и да одлучите ќе ви посакам среќа.
     
    Последна измена од модератор: 27 јуни 2017
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    И моја другарка се зезна, напушти високо место и предобра плата за адвокатурата, сега тапка во место без работа, па планира заштедата да ја вложи во канцеларија...
    Колку пари е да купиш канцеларија во Мавровка?? Би и донел тој простор во тој дел работа и клиенти??
     
  17. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    За работа и клиенти ќе и донесе, затоа што фрштат тужби на секој чекор, ама пак ке речам жртва е. Секој почеток е тежок, особено првите година дена се жртва, додека да стекне клиенти, да застане на здрави нозе. Би било добро да ја ангажираат како Адв. по службена должност, работата ќе и биде загарантирана. Нека и е со среќа.
     
  18. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Искрено, мислат дека многу погреши од причина што напушти асална плата и позиција, а не знае што понатаму. И јас сум за смели чекори, ако не ризикуваш и вложиш нема да добиеш, ама не во услови како нејзините...
    Имаш инфо како се движат цените во Мавровка за канцеларии?
     
  19. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Искрено штета иако не ја познавам. Не би знаела, затоа што ни на крај памет не ми е канцеларија, но од тоа што кажуваат колегите се наоѓа и за 50 евра, и за 100 евра па нагоре, но немора да значи. Јас знам една канцеларија што е изнајмена во Мавровка за 2000 денари, само што таа не беше наменета за Адв. канц, туку таму имаше една гледачка на кафе. Канцеларијата гледаше кон УКИМ. Незнам точно која ламела беше во Мавровка (нели има ламела Ц и тн). Чинам дека беше на 5-ти кат. И дека гледаше кон УКИМ тоа сум сигурна. Користеа заеднички тоалет (неколку канцеларии на истиот кат). Јас тоа не би дозволила. Особено кога се работи за тоалет, јас сум голем конформист. Или сама ќе користам, или канцеларија јок ! Ако треба на домашна адреса ќе работам кога е во прашање WC.
     
  20. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    ^^^ако разбереш цена за продавање на канцеларии во Мавровка пиши....