1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отворање на адвокатска канцеларија

Дискусија во 'Барање работа' започната од sunshine2015, 16 мај 2017.

  1. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Ќе се распрашам и ќе ти пишам секако, само во ЛП. Сепак овие работи не се за на чет :) Поздрав.
     
    На ElenaElenka и Rubiii им се допаѓа ова.
  2. Vip83

    Vip83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    240
    Секоја чест на исклучоци ама какви адвокати има,па не е ни чудно што кубурат. Тужев еден измамник и скоро сета работа ја завршив јас,а не адвокатот. И после се прашувате колку ќе заработите,тешко е,кирија,давачки? Колку ќе се трудите за клиентот,ќе се ангажирате,колку ќе ве бие добар глас толку и ќе заработите!? Мене пак да ми треба адвокат би ангажирала некој друг и би се распрашала за неговите способности.А,не да го плаќам и јас да бидам „адвокат„!
     
    На baby-star, Tanjamm, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Ale10

    Ale10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2019
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    100
    Здраво,
    Ми требаат информации околу отворање на адвокатска канцеларија-самостоен адвокат.
    Дали може некој што има неодамна отворено канцеларија или е упатен во таа област, да ми каже околу почетните трошоци, давачките кон државата, лично гледиште, искуство во оваа област, за ризиците кои секогаш постојат.
    Ви благодарам.
     
  4. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.928
    Пол:
    Машки
    Давачки имаш многу (за сметководител, за придонеси, за фирмарина, годишна членарина, за кирија, за струја, вода, комунали за канцеларијата, еднаш годишно такса за годишна сметка, за електронски потпис, за осигурување, секој месец банката кај што ти е сметката ти зема провизија за водење на сметка, изводи, налози, и сметај 2 пати годишно тековна состојба да вадиш за ажурирање/потврда на податоци) за придонеси мора да си осигуран минимум на просечна плата, вкупно месечно за да опстанеш ти требаат 500-600 евра (ова е минимум) но зависи и колку ќе ти биде киријата за канцеларија али сметај на добра локација испод 200 евра немаш... Заборавив да напишам и 10% данок на доходот за цела година.
    Треба да имаш месечен приход најмалку 1000 евра, за да кога би ги платил трошоците да имаш и за тебе заработка, под тоа работиш за државата и за газдата.
    Од лично искуство во Македонија многу тешко се заработува особено ако си млад човек, и посебно ако започнуваш од ништо.
    Да не те обесхрабрам и предомислам, ако ја вложиш сета твоја енергија, труд и веруваш во себе, и без разлика колку и да ти биде тешко на почеток и ако никој не ти помага, но си упорен и храбар, на крај ќе успееш, но верувај ќе направиш многу саможртви, искачање по дискотеки, пијанки, или дружба секојдневно - заборави, ќе треба во целост да се вложиш во работата, во смисла секојдневно читање, посветување на предметите максимално, ќе имаш многу стресови што од работа, што да заработиш за да ги платиш давачките на време, исто ќе имаш многу непроспиени ноќи, биди спремен да работиш под огромен притисок и во брзи рокови, и најважно немаш право на грешка.
    Се надевам не те уплашив. :)
     
    На Ale10 и g8lQQk им се допаѓа ова.
  5. Ale10

    Ale10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2019
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    100
    Jas dobiv nekoi prvicni informacii, mi kazaa deka ima osloboduvanje t.e namaluvanje na pridonesite, odnosno prvata godina se plakjale samo 4000 den mesecno za pridonesi. Vo prvite 3 godini imalo danocno oaloboduvanje od danok na dobivka. Duri slusnav i deka imalo osloboduvanje i od firmarina, ama ne mi e 100 % proverena ovaa informacija.
     
  6. sunshine2015

    sunshine2015 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2015
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    4.488
    Пол:
    Женски
    Не знам дали уште важи мерката за ослободување од плаќање на придонеси 3 години. Провери, ако важи уште е добра потпора за старт.

    Околу канцеларијата, нај добро е да си со уште некој за да делите трошоци. Ако можеш и кај некој што веќе е разработен па да му помагаш со предмети и на тој начин да се покриеш.

    На почетокот секако е потешко, додека да те нАучат луѓето но после сами си доаѓаат со препораки.

    Сметководител можеш да најдеш и поефтин, распрашај се добро.
     
  7. Ale10

    Ale10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2019
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    100
    Fala na spodelenite informacii!
     
  8. Ale10

    Ale10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2019
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    100
    Здраво,
    Дали знаете комисијата при Комората за колку време излегува на увид за утврдување на постоење на минимално техничките услови за самостоен адвокат?
    Дали на почетокот од месецот кога има сесија или подоцна?
    Какви се вашите искуства во тој дел?
     
  9. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.928
    Пол:
    Машки
    Најдобро е да прашаш во Комора, од таму ќе ти кажат точно датум на увид.
     
    На Ale10 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Safira26

    Safira26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2013
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    106
    За недела, две максимум. Мислам дека се јавуваа за да кажат и кој ден/час ќе поминат.
     
  11. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.291
    Пол:
    Машки
    На адвокатска улица со лопата има да собираш неспособни и чкарт адвокати.
     
    На melissa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ElenaElenka

    ElenaElenka Активен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2020
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    49
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    може ли да сподели адвокат со своја адвокатска канцеларија, неопходните трошоци на месечно ниво? Без закупнина се разбира, неопходните трошоциза државата и тоа поединечно да ги наведе, доколку не му е тешко :)
    Благодарам :)
     
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Колку е од помош доколку адвокатот има родител кој бил судија? Дали тоа помага во смисла на знаење, снаоѓање, па и дали играат врски тука?
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ale10

    Ale10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2019
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    100
    Mnogu vlijae. Kolegite na tato sudijata ke mu dava predmeti kako privremen staratel. Zatoa i nemame pravna drzava. Nepotizam na sekoj cekor.
     
    На Luciferka, Forca, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Познавам двајца адвокати, со родител по професија судија кој веќе е во пензија. Човекот иако е адвокат, абе мислам не знае да бекне, не знае муабет да направи, и не знам како плива во професијата, ама ете кога имаш грб лесно е. Да, затоа и немаме држава.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.928
    Пол:
    Машки
    Со ,,ветер во грб" во адвокатура се успева за помалку од една година, ако пак се оди по потешкиот пат ,,со голи раце да се крши мразот" тогаш за да се успее во адвокатура потребно е едно 10 години :)
     
    На tina2018 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Значи сепак врските играат улога. Ама не е фер така, сите треба да имаат фер шанса за успех.
     
  18. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.928
    Пол:
    Машки
    Така е, но не секогаш играат улога, зависи адвокатот од другата страна колку добро го познава правото па да го ,,затегне обрачот" па судијата да не може да одлучи поинаку освен правилното тоа што е согласно законот. :)
     
    На cresa-jagoda и Tanjamm им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.125
    Добро, а дали е ок адвокатите јавно да кажуваат која партија ја поддржуваат, да одат по митинзи и слично. Според мене, не би требало така да прават, иако и тие како и сите граѓани гласаат. Која е целта со таа нивна партизираност и јавно парадирање која партија ја поддржуваат?
     
  20. Forca

    Forca Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2016
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.928
    Пол:
    Машки
    Искрено не знам што да кажам, секој има право на политичка определба, а тие колеги кои тоа јавно го искажуваат само лош впечаток си оставаат зад себе, и губат многу клиенти токму заради тоа што јавно истакнуваат дека поддржуваат или дека се дел од нечија политичка гарнитура.
    Јас можам за себе да си кажам, а и верувам дека е правилно, адвокатот треба да го интересира единствено правото и владеење на правото заради заштита на правата на граѓаните.
     
    На Tanjamm и tina2018 им се допаѓа ова.