1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Отворање на ново место...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од mime87, 23 март 2014.

  1. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Ако има ваква тема нека се избриши оваа девојки незнаев како да го крстам насловот...
    Ми треба совети и мислења во врска со отворање на салонче све во врска со денот дали мора да биде среда за да тргни среќно,тоа дека свештено лице треба да дојди да го освети местото погачата пари што се фрлаат на неа све во врска со ова знае некој да ме упати и кажи све? :$
     
  2. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.415
    Пол:
    Женски
    Ние кога отворивме продавница не викавме поп, тоа зависи ако ти си сакаш, твое право е. Некои викаат, нели демек местото да се освети, но не е до толку потребно тоа.
    Тоа со погачата го прават сите како што имам видено и чуено. И кој како влезе ќе фрли парички, мислам железни се фрлаа само, не знам зошто така.
    А тоа за во среда ти е бабина деветина, нема врска кога ќе се отвори. Али сепак се е твој избор.
    Доколку ти треба друго нешто, пиши ми. Искусна сум во овие работи. :lol:
     
  3. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    83.825
    Пол:
    Женски
    Ако веруваш во такви работи постапувај така како што ти кажуваат,среда да било па погача .... и незнам што ...
    Нашата продавница е отворена пред 18 години и како што знам како што ми има кажувано мајка ми немало такви работи мислам дека само поп дошол да ја освети (но тоа е твое право ако сакаш можеш да си повикаш и ти ) и сите што флегуваат тогаш првите денови знам дека фрлаат пари на земјата за да тргне работата :lol: е сеа тие пари се чувале или со нив требало да си купиш тоа што ти е потребно за во дуканот/салонот не сум сигурна ама ќе прашам па ќе ти кажам :D
     
  4. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам мн девојки вака ми кажуваа па ајде реков да прашам незнаев и јас дека имало толку адети значи немало потреба од толку церемони...