Браво, прекрасен избор! Синоќа бев на свадба, ја отворија со „Не кани ме“ од Миле Кузмановски, секогаш си мислев дека сакам и мене таа да ми биде бидејќи ја сакам, ама сега дефинитивно ме премисли, многу поромантични се шпанскиве за мене, поготово оваа ептен одговара на таква прилика.
Нашиот прв танц беше на Ti Amero - Il divo. На една свадба што ја организирав се одлучија за валцер, ама заборавиле да го научат
Пааа се врткаа, и многу бргу станаа сите гости и ги скрија Музиката се падна од смеење, а пред тоа ги прашувавме кој валцер саккат да им се свири
Влеговме со оваа песна, ведри, весели, насмеани http://www.youtube.com/watch?v=Ik-RsDGPI5Y а свадбата ја отворивме со нашата омилена http://www.youtube.com/watch?v=4REbp0s_G9w Гостите беа пријатно изненадени од изборот и за кратко време ни се придружија. За да не се направи страшен пресек од овие две песни па ај одма на оро идеше Бакни бакни ме нежно-Нина Спирова па се продолжи со свадбата
Девојки ќе ве замолам да ми кажете што мислите за песниве помеѓу кои се двоумам А може и предлог плус. Најпрво што ни падна на памет и на свајцата беше Усни на усни од Тоше, повеќе беше желба на вереникот но и навистина песната е убава. И двајцата сакаме нешто посмирено и поромантично за првиот танц, така да мора да е балада. Опасно сум вљубен во тебе или пак некоја странска, имаше во претходниве псотови 2-3 кои ми се допаднаа.. Предлог
На последната свадба што бев ја отворија со A whole new world и беше прекрасно. Еден ден кога ќе правам свадба сакам и мојата да биде со таа песна
Касните девојки Избравме друга песна пишав и понапред и воопшто не погрешивме, сите не пофалија за изборот
Најверојатно првиот танц би бил некој убав валцер КАДЕ ШТО САКАМ ЈАС И МАЖ МИ ДА ГО ОДИГРАМЕ САМИ ~ ТОА Е ПРВО И ОСНОВНО ке кажам на музиката да си кажат дека младоженците први ке си го изгираат свадбениот танц , бидејки треба да се види како танцуваат тие се нај битните таа вечер а потоа ке се свири и втор танц нешто како Од овој ден - Владо јаневски или Не каниме - Миле кузмановски каде ке се повикаат и другите гости да се придружат
Мене ова ми е неубаво Моментално и ние спремаме танц...На песна од Френк Синатра... Прво и основно, многу зависи од тоа каков ти е фустанот, какви се движењата и дали тие движења можно е да се изведат со фустанот кој го има невестата...Јас супер си го играв танцот без обрачот од фустанот и боса...Ама кога пробав со обрачот едно 10ина пати ќе паднев...Сега си вежбам со тоа што обрачот го поткревам со едната рака и не изгледа лошо. Тоа е и проблемот со невестата во клипот погоре...Здрвена и збунета...Цело време се труди да не падне...Фустанот и е убав...Ама не знае да го носи Мое мислење...
Мене па ни фустанот ми е убав, ни кореографијата, само сакав да споделам, пошто нели, секој со својот вкус, можеби некому ќе му се допадне.
Ние свадбата ја започнавме со Iris -Goo goo dolls нашата омилена песна Мислевме дека ке се приклучат и гостите да играт ама мораа да не изгледаат докрај бидејки имавме осмислено посебна кореографија