А бре каков Илија, приучен квази танчер Ритам плус, Бранимир и Бранкица, Dancers united, Прима данца...тие имам да ги препорачам. @malecko5
За оваа песна ..ќе најдам чекори на интернет и тоа ќе биде тоа Од интернет и валцер научив..така да .. овде не сум в можност за часови ..
Дечки ај ве молам споделете лично искуство од танцовите клубови при спремање на првиот танц. Сите викаат околу 1000 еден час, ама за да научите една точка колку часа ви беа потребни? Каков беше односот со инструкторите?
Би сакала, здравје Боже да ја отвориме свадбата со наш подготвен танц на некоја песна. Не сакам класично валцер или пак ора нешто со зурли и тапани. Нешто необично сакам и интересно. Ќе видиме, да сум жива и здрава до тогаш.
Ние вака ја отворивме: Во каскада има лифт.. ама мене ми беше кич од него да излагам. Лифтот е под земја, па се крева постепено нагоре. Јас го пуштив музичарот со електрично гитарче. Додека излагаше лифтот одеше свадбениот марш... кога го видоа него(а не очекува нас).. попаѓаа од смеење. Тој па, едно весело човече, кога излезе почна со every body dance now.. заврши и рече, абе шо ви е.. не требаше вака.. ај од почеток. И ние си влеговме нормално. После отворивме со Лутка од Сарс. И игравме сами... преубаво беше.
На последната свадба што бевме имаше лифт како што кажа и @Цвет88 и супер е мене ми се допадна многу. Одеше од озгора надолу и кога се движеше младоженецот и невестата им мафтаа на гостите.. После тоа играа валцер.
Порано идев на латино танци кај Јована , сега видов скоро дека отворила студио баш за танц за млади , односно спрема кореографии за првиот свадбен танц. We dance де вика студиото и стварно е професионалец во работата .
Со тапани да ми чукаат чочек Танцот тангото мене ми е некако мнотоно секаде исто и некако не ми се допаѓа сето тоа клатење лево десно. Сега за сега вака размислувам .
Со зурли и со тапани ја отворивме свадбата и сите се изненадија бидејќи кај нас така никој не прави. Сакавме малку промена да не биде класично.