Ауу.. јас баш би сакала свадбата да ми биде со рок музика И и јас и тој(некојси) да бидеме рокерски облечени.Такви песни како што сите пуштаат на свадбите не ги поднасам не па на свадба...
Најверојатно ние свадбата ќе ја започнеме со винески валцер и притоа добро ќе си го извежбаме танцот.
Јас и мојот сопруг нашата свадба ја започнавме со танго (стискавац) и тоа со песната Бакни ме нежно.Предходно додека траеше приемот во позадина одеа македонски шлагери и со оваа песна се затвори тој дел ,а по нив следеа ората со македонски староградски песни.
со маж ми се двоумевме дали да направиме некое интересно отварање на свадбата, на пример на рокенрол или рок песна, ама на крај сепак не бевме доволно храбри па одлучивме да ја отвориме со пренежна песна од цртан филм на која игравме валцер (бевме на часови за свадбен валцер) и се исплатеше зошто на крај цела сала стана на нозе и аплаудираше.Беше како од бајка. Тоа ми е најубавиот момент од свадбата.
на свадба што бев во мк свадбата ја отворија младоженците со некој си нивни мих па потоа танго и откако завршија они свиреа за гостите да им се придружат така да играа два пати танго.... а на последната што бев започна; сега од младоженецот за невестата и ја почна; јер ти си принцезааааа баш убаво а после 12ч на невестата и беше роденден и точно на полнок и подари 100 ружи, балони црвени пишено те сакам и торта во облик на срце и тогаш се свиреше једина од Петар Грашо мислам дека по романтиќна свадба немам видено Што се однесува за мене јас не сакам свадба така да не ни планирам да правам срека и дечкото не сака свадба
Со Пингвинов танц. После на рандом ке танцуваме, секој по своето. Битно да се ухвати ритам. http://www.youtube.com/watch?v=lBpycvdcbZY
Насата свадба ја започнавме со песната Љубовта е моја религија ама со верзијата која сто ја исполнуваат Владо и Каролина.Ијас и сопругот многу ја сакаме таа песна така да воопсто не се двоумевме со која песна ке ја отвориме свадбата.
Феминкиииииииии, ај помош, давајте линк од песна или било што што би одговарало на овој валцер http://www.youtube.com/watch?v=TFAGFyRYyHY Јас не можев да најдам нешто соодветно
Блонд, види го овој на youtube, не можам да постирам видеа, затоа само линк ти пратив http://www.youtube.com/watch?v=_CTYymbbEL4 - ова е валцер http://www.youtube.com/watch?v=KNZH-emehxA - ова е песна, не знам дали ќе ти се допадне
^^ Првата песна од Штраус е за виенски валцер, а тоа што бара Блонд е за англиски валцер... Втората песна дефинитвно воопшто не одговара за англиски валцер. Блонд се надевам не каснам со постов но еве јас што можам да ти препорачам за англиски валцер, а да е некоја попозната песна: http://www.youtube.com/watch?v=-DSYZAiM-20 http://www.youtube.com/watch?v=zTcu7MCtuTs http://www.youtube.com/watch?v=x8VwH-04TF8 И ултимативно, мене највеќе ми се свиѓа, и дефинитивно јас ќе ја одберам оваа: http://www.youtube.com/watch?v=fd3a189vcVc Ако не ти се свиѓаат идеиве, кажувај да бараме други, ако имаш некоја песна како идеја дај да видиме дали може да се игра на неа, дали одговара ритамот. Од новиве хитчиња-балади ништо не ми текнуваше што би можело да одговара, но сигурно може да се најде нешто и меѓу нив.
^ Во ред, фала за информацијата. Јас не се разбирам многу од модерните танци, валцери и нивните видови итн. само сакав да и помогнам на Блонд затоа што побара помош.
Традиционална свадба да биде мојата-НЕ ова ми е стварно глупаво сега некој направил таква свадба во ред повеќето генерации,но тоа не значи дека и ние мораме така. За мојата свадба ќе играм на луди песнички,а не на валцер(во ред еден танц може) ќе има забавна музика,а не таму некои песни „Зошто си ме мајко родила...“ Ќе носам нешто откачено и забавно,а не некоја долга венчаница во бело, тоа ќе биде мојот најголем ден не сакам да го паметам по тоа што сум се потела по телото бидејќи фустанот стеснат ми бил премногу или нозеве ми паднале од високите потпетици, мене совршена свадба би ми била и ако невестата би носела конверс старки и лудо фустанче во разни бои,а зетот обична кошула, само ако атмосферата е пријатна и забавна и луѓето гледаат да си поминат убаво,а не да не се засрамат некако. Тие според мене се старомодни сфаќања, ама секој си има свое право на мислење.
Многу ми се допаѓа кога свадбата се отвори со танц, но да не е на оној стандарден валцер туку некоја песна која има посебно значење за тој ден. "Од овој ден " е створена за ваков момент но некако во последно време стана стандард. Неодамна ја слушнав оваа песна. Многу ми се допадна, може да се земе во предвид за неколку години хехех http://www.youtube.com/watch?v=IkoF5pAX0aA
јас би сакала класично со валцер на некоја преубава љубовна песна пример everything i do, или please forgive me... романтично и слатко
Оваа е нашата песна и ке ја отвориме свадбата со оваа песна.Рок балада http://www.youtube.com/watch?v=MhYs4Ojlt_0 (заборавив линкот да го пуштам)