http://www.youtube.com/watch?v=_ZyJm9qhNWI Немам ништо против тоа да биде и класично со валцер но повеќе би сакала нешто поразлично од останатите и би можело да започне отварањето со песнава од Владо Јаневки ,некако песнава ми е полна со чувства и е романтична ,убава балада
кога би правела свадба сакам отарањето да не биде со класичен валцер нешто брзо и интересно а сигурно тоа ќе го сака и дечко ми не дека не сакам класична свадба ама сакам да има некој нови работи вметнато едно од нив е и ова но најверојатно нема да правам свадба тоа се само сонови
Драгана21, дечките на клипот играат мамбо и е copy-paste на целата кореографија од филмот "Dirty dancing" (барем колку што приметив). Инаку јас приметувам дека се прилично аматери, по малку дури бегаат од такт. Кореографијава не е ништо комплицирано, се учи со еден добар тренинг од месец дена. А инструктори имаш на секој чекор, посебно ако си од Скопје. Сите танцови школи држат и приватни часови за парови пред свадба, тарифата им е отприлика 500-600ден од час. Предноста е што имаат сала со огледала, а инаку можеш да најдеш и инструктор кој ќе ти дојде дома и наплаќа дупло поевтино. Имам и ја некое вакво искуство, до сега два пара подучував валцер пред свадба, но не им наплатив бидејќи ми беа блиски. Не сум инструктор но сепак си имам искуство позади мене Еве ја би ти препорачала уште некој друг тип на танц од социјалните танци, а да не е валцер. Може да биде бачата или салса, многу секси танци...Погледни ги убаво клипчињата, но сепак ова е само пример... http://www.youtube.com/watch?v=2cehkSxOLNA http://www.youtube.com/watch?v=V1Ay_JQh3cU http://www.youtube.com/watch?v=qLHP8hl7GfM
Лелее, како се занесов, се забораив...сите клипови ги изгледав и сега више ништо не знам...стварно се кој од кој поинтересни и забавни. Абе, ај бегајте таму, цели 2 саата ми отидоа у вединг дансинг.
нашата свадба ја отворивме со оваа песна (валцерот не го владеевме баш http://www.youtube.com/watch?v=vUSzL2leaFM&ob=av2e
jaooo macalove i mene mi se doapaga epten mnoooguuu samo neznam kako ke izreagiraat gostive i dali nekoj ustvari ke stane da go igra ovoj vid na tanc ako moze da se kaze taka
Јас кога бев на свадба минатиот месец, свадбата не почна со валцер туку во ресторанот (кое всушност не беше внатрешен ресторан туку надвор во двор) прво на платформа ги венчаваа како во матично а после на истата кружна платформа, невестата и зетот сами почнаа да играат на некоја песна од 50 cent, candy shop мислам дека. И многу беше интересно. А после тоа играа валцер. Нетипична македонска свадба, ама многу ми се допадна.
Темава е баш како за мене Свадбата ми е во октомври, т.е. ќе бидат две свадби, една во Белград, а другата во Скопје (вереникот ми е од Белград), па некако добро ќе ми дојдат вашите предлози. Едно е сигурно, една од двете свадби ќе биде отворена со Celine Dion - The Power Of Love но сеуште сум во дилема за песна со која ќе ја отвориме другата свадба, несакам да биде исто Ајде би ве замолила некој ваш предлог, плссссс Позз http://www.youtube.com/watch?v=pc68vzzFeYw
На свадбата на тетка ми, таа и мажот и ја отворија со валцер на Од овој ден од Владо Јаневски, преубава балада, ежи секој збор, во секој стих има толку мн љубов и топлина... Аххх ја обожавам...
И јас сакав да ја отворам со оваа песна од Владо.Ама во последно време се предомислувам,некако секаде стана исто.А и скоро секаде ја слушам таа песна,иако е преубава.Исто така гледам и многу млади си спремаат некоја точка па играат двајцата ама ни така не сакам. Дајте бе луѓе некој предлог. Мислев пример да биде танц,ама место музичарите да викнам да речеме девојче со виолина и да отсвири нешто-или глупо е
На последните неколку свадби што бев сите почнуваа со песната на Владо, дури досадни се а е и веќе видено...Одберете си сами песна, ваша заедничка ако имате, виолина или било што слично нема да биде глупо...Ќе биде глупо ако е Владо Ах да се вратев кога јас правев свадба, се ќе беше поинаку...
Колку би сакала, ако некогаш воопшто правам свадба, да ја отворам со - Naughty by Nature HIP HOP HOORAY - ау боли колку сакам вака да започне И онака сите раце у вис а јас и тој влагаме, јас откинувам дел од фустанот кој автоматски се претворува во краток, фенси, шмензи диско фустан и „рапувам“ како MC Hammer, па младоженецот ми се мести одпозади и тука настанува солиден г’зотрес и сите ги зафаќа некоја хип хоп грозница и како во транс играат и - журката може да започне. Диџејот обавезно скреча. Ма каков валцер какви бакрачи, трубачи и други -чи! Ех - сакам вакво нешто, најсериозно Инаку - ништо не е глупаво, јас мислам дека секој треба да си ја направи свадбата според сопствените желби. Без устручавање и непотребно шаблонизирање.
Имам пишано дека мојата ја отворивме со оваа песна, ама еве ја ставам уште еднаш како предлог, затоа што звучеше неверојатно моќно, погодено за моментот, го направи магичен, и да, никаде пред тоа не ја имав слушнато на отварање на свадба http://www.youtube.com/watch?v=b_ILDFp5DGA
Јас сакам на мојата свадба валцер да се игра на песна од Тоше Проески. http://www.youtube.com/watch?v=Xw38TPTJ ... re=related или http://www.youtube.com/watch?v=BVUzV8NF ... re=related или пак http://www.youtube.com/watch?v=4PdbFHA6 ... re=related
Според мене валцер си е валцер, а песна за танго можам попосле кога сакам да ја одиграм на свадбата (пример после вечерата,музиката ги поканува младенците на едно убаво танго со песната ОД ОВОЈ ДЕН...), или пак на фото студиото да му нарачам во аранжирањето на цдто да ја вметне песната во позадина како најава или било како друго. Што значи јас сум за ВАЛЦЕР