сега во саботата бев на свадба, и ги повикаа младенците да ја отворат прославата со танц и ја почнаа со песнава, имаа таква убава кореографија,што сите бевме збунети(позитивно),ама буквално никој не им пријде,ги оставија да играат. песната беше прекрасна http://www.youtube.com/watch?v=zADvgUe_e94 А одкако завршија, музиката најави: а сега ги покануваме и останатите гости заедно со младенците да го одиграат валцерот,потоа значи следеше валцерот сите играа, и веќе натаму си продолжи веселбата како и да е прекрасно беше
Сакам да си биде со валцер, но не да ми пуштат некој песна што ја пуштаат на секоја свадба, јас ќе си изберам песна. и целата свадба сакам така да биде. Нормално, во духот на традицијата ќе си ги истераме ората, а потоа за забавниот дел, повторно песни за кои ќе се договориме со идниот сопруг.
http://www.youtube.com/watch?v=WpmILPAc ... r_embedded Ова е мојата желба Spoiler не дека не може да се смени
кај мене ке е класично а пошто една 2 братуцетка има студио за модерен балет кај неа одевме на цасови и спремивме валцер на класична музика до шпага на крајот и груги работи ама јас и он везбавме јас 10 години балет а тој 10 години хип хоп
Сакам нешто налик танго ко за почеток, на Inside of you од Infant Sorrow во изведба на Петко. Малце е луда цела песна, ама наша си е, од Петко за мене. И нејќум тетки, вујни, стрини и дечишта да се вртат окулу нас, сакам пригушено светло и јас и тој да го одиграме нашиот танц. А после тоа може и еден класичен валцер на Од овој ден за да им помине меракот на сите.
Ќе се самоцитирам на темава, зашто не сум го сменила мислењето и ќе додадам дека песната на Владо Јаневски - Од овој ден, која стана неверојатно клише, мене лично ми е и прилично глупава. "Од овој ден, ти си ми единствена" - во превод, ноќеска имав стриптизета на ергенската, и ја буткав главата у цицки, ама од овој ден... ти си единствена... Зошто сите ја бираат оваа песна се прашувам?
еве неколку предлози кои баш мене ми се допаѓаат... http://www.youtube.com/watch?v=qt_IwkaHTHc http://www.youtube.com/watch?v=VSOk3z8C_Gc http://www.youtube.com/watch?v=gkenUcbX ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=aBz_YC0Sm2Y брат ми неговата свадба ја отвораше со последнава и беше прекрасно,различно од сите до сега....
Еве предлози и од мене, за сите кои сакаат нешто поразлично од класичниот валцер за сите црнокоси: http://www.youtube.com/watch?v=PEyHlNDfGDI http://www.youtube.com/watch?v=cNiKe-m0FJk за сите што се викаат Ивана (невести) http://www.youtube.com/watch?v=rKwY-Efk ... re=related И уште една песна ама неможам да ја најдам на you tube> Бакни бакни ме нежно ќе сум твој,чувај ме милувај ме ти, несакам ноќва за нас знај да има крај...
Се согласувам со Трендафилка и Најубава - и јас сакам првиот танц да го играме сами. После на наредниот кој сака нека стане, ама на првиот никако! Со време ќе им кажам на сите да си знаат, да не се изненадат ако ги натепам . Се изнасмеав со описот на Трендафилка за „Од овој ден“, ептен сликовито , ама навистина така е, демек до вчера што сакав правев, со 100 одев итн ама од денеска не. Глупава ми е песната од толку многу што ја форсираат. Јас би избрала некоја песна на двајцата што ни е убава, некоја наша, за нашиот танц, а после и за тој сите кај што ќе играат пак некоја убава, асална. Инаку, многу ми е интересно кога невестата прво почнува да игра со нејзиниот татко, па после некое време тој ја предава на зетот. Да беше татко ми жив, вака би направила. ^СноуКвин, ова е песната, „Бакни ме“ од Сашка Петковска. http://www.youtube.com/watch?v=Cu3ZPLXc6-4
По избор на мм, свадбата наша ја отворивме со Savage Garden - truly, madly, deeply. Инаку првиот танц го изигравме сами, така е на секоја свадба што сум била, а на наредната песна/танц се придружуваат најблиските па на третата стануваат и останатите гости. http://www.youtube.com/watch?v=US-ZgUr3xQY
Јaс сакам да танцуваме на некоја песна што сами ке ја избереме. Што ке има некое знаечење за нас. Првиот танц сакам да го играм со мм а вториот со татко ми. Spoiler Леле луѓе јас незнам како ќе се одделам од татко ми. Кога ќе ми текне на тоа ми се одмилува и мажачка и се’
Bitter се гледа дека не живееш во Македонијава, па овде што музика засвири "Забавата може да започне", одма скокаат комшии и остали парови до трето колено ти се плеткаат низ нозе, те чешкаат по рамо, те плескаат по газ. Со други зборови те убиваат у поим. Или барем така било на сите свадби каде јас сум била. А за да немам нервози, пошто Петко ќе ми пее ќе нагласи, ќе каже, незнам што ќе напраи, дека некќеме гужва додека иде нашата песна, ја пишав претходно. А после за да овие горе споменати квази танчери ги покажат своите способности нека свират нешто комерцијално, свадбарско и сл.
^Еј ќути знам како е На брат ми свадбата беше во Скопје, само што почна музиката за првиот танц, уште младоженците што се вика не заиграле 3245982 парови на подиум Брат ми навикнат од тука мислел сами ќе го одиграат првиот танц остана со забезекната фаца А мене во рок од 10 секунди ми дојдоа 300 загрижени роднини да ме прашаат што сум се лутела затоа што не сум била на подиум Абре луѓе, нивни ден е, нивни прв танц како брачен пар затоа не сум на подиум Малце офф ама никогаш не сум ја сфатила таа потреба од 500 души на свадба, што ќе ти се, нема апсолутно никаква шанса со 500 луѓе да живееш толку добро па да сакаш да ја споделиш својата радост со нив, е после им се заебува свадбата е ќе се заебе кога имаш вишок од најмалку 300 луѓе кои не ги боли уво за тебе. Инаку мене да ми го препуштеше изборот мм за песна за отварање на свадбата ќе беше: http://www.youtube.com/watch?v=RF0HhrwIwp0 Мм се закани дека ќе се разведе од мене ако инсистирам на песната срамота било wuss
Пред две години бевме на свадба кај едни пријатели кои живеат во Америка ама тука ја правеа свадбата. Младоженците си ја имаа избрано песната You're still the one од Шанаја Твејн за нивниот валцер и сами го играа. И како за чудо никој не стана . Дали луѓево видоа дека никој друг не станува, па никој не стана, дали конечно станаа совесни, или нешто друго била работата, не знам. Ама навистина беше поубаво отколку да се мафтаат уште милијарда други парови наоколу. После тоа свиреа уште 1-2 песни и тогаш станаа и другите ама првиот танц си го изиграа сами. Spoiler Може рекле дека сакаат првиот валцер да го играат сами, ама па на 300-400 души не верувам дека им кажувале посебно, може на нивните само па се раширило низ луѓето . А за бројот на гостите, 300, 400, 500 итн, што е многу многу е. Не може со толку луѓе да сме толку блиски и да живееме толку добро. Ај, кога ќе ги земеш роднините, блиските пријатели, нека се соберат 200 максимум, ама 400-500 претерано е. Барем за мене. http://www.youtube.com/watch?v=KNZH-emehxA
Што мислите дали е во ред за танго да се избере песна која во оригиналот ја пеат машки и женски вокал, а на свадбата да ја пее само пеач? Дали ќе фали женскиот глас? Јас сакам да започне со I want to spend my lifetime loving you, или со A Hole new world, само незнам како би звучело??
Сестра ми имаше многу убаво отварање на свадбата, ја отворија со оваа песна : http://www.youtube.com/watch?v=JDcuRgk-JEI&ob=av3n Многу беше убаво немаше класично влегување со пиење на шампањ туку тие влегоа, го пригушија светлото и почна да танцуваат и интересни беа балоните што почнаа да паѓаат. Ептен беше убаво тоа што првиот танц сами си го одиграа и просто бевме изненадени од гостите никој не почна да игра додека не заврши песната туку стоеа од страна и гледаа. Прекрасно беше и според мене и така треба првиот танц да си го одиграат младенците Е после на втората песна http://www.youtube.com/watch?v=O5vig7lxUo8 сите почнаа да танцуваат
Песнава мии е онака, ептен првотанцовно свадбарска, не знам зошто http://www.youtube.com/watch?v=d3PWD8I9zf8