Јас би сакала нешто модерно, а сепак да има простор да се одигра валцерот. Иако сум ракче, не сум толку романично настроена и не би можела да замислам свадбата да ми почне со дотичната „Од овој ден“. Јес да е прекрасна песна, ама не би сакала мојата свадба, да започне по веќе познатиот терк и потполно се сложувам со зборовите на Трендафилка. Не патам од комплексот да бидам различна од толпата, ами онака, некако мислам дека како што минува времето, сѐ повеќе различно го сфаќам поимот свадба и фамата што се крева околу тоа. Кога би ме прашале мене, би се одлучила за мала прослава со најблиските роднини од двете страни, ресторан, фина атмосфера и чао, пријатно. Да не забегувам од темата, ќе се искажам на соодветната тема. Мојата прослава би сакала да се отвори со Нокаут - наше си е наше. http://www.youtube.com/watch?v=9OsYhHvGWz0 Дури би сакала да се започне и со Кингси, ама повеќе сум за првиот предлог. http://www.youtube.com/watch?v=MUWzeOcBYxI
Јас би идела класично. Не сакам да се американизирам па да изведувам Џон Траволта на свадба, поинтимно и поубаво ми е, еден до друг, во прегратка да си се стискаме лево десно
На мојата свадба отварањето беше со песнатаhttp://www.youtube.com/watch?v=ZGoWtY_h4xo, а многу се мислев и за Принцезаhttp://www.youtube.com/watch?v=ST1qFjosKOU, ама сепак се одлучивме за Брајан Адамс
( рано е уште) Ама би сакал да се отвори свадбата со некоја латино песна на пример, онака да заиграш малце, различно од останатите.. на пример оваа многу ја сакам http://www.youtube.com/watch?v=8ETMdGwGhvE
Летово бев на едно чудо свадби, и скоро сите почнаа со латино... Незнам што им беше филмот, и тоа повеќе од пола со истата песна, а не да не се познаваат, туку незнам... Ова е гарант од квазигрупиве за свадби.... Све се кој до којега, мој до мојега!
Отварањето на нашата свадба ќе биде со две преубави песни: едната од него за мене, другата од мене за него. Оваа од мене е веќе одбрана, а за таа од него се мислам помеѓу три (сите ми се преубави, тежок е изборот )
Браво, одлично е! Баш онака интимно. Ние исто со две песни ќе ја отвориме свадбата, првата ќе ни биде You light my lights, која што ќе биде изненадување за него затоа што јас ќе ја пеам, а втората ќе биде некоја на која што ќе бидат поканети и другите да играат.
Ееех баш би сакала јас нешто да му отпеам ама подобро неееееееееее ќе си ги избркам гостите уште неседнати Од мене песната е You're still the one од Shania Twain, многу многу ми се свиѓа и ептен ми е за приликава, а од него (пошто јас ќе ја бирам ) се мислам помеѓу Can you feel the love tonight ама строго во изведба на Тоше (многу го сакам) или Can't help falling in love од Elvis Presley. Има време до тогаш, ама јас не оставам ништо за во последен момент Иако сите викаат да се промовира мак музика, јас сум со мисла дека на цела свадба ќе се пее македонско и српско, дури и во забавниот дел, па зошто овие две песни да не се на англиски?!? мене супер ми е вака
Еве вака! ххеее да се знае што е македонска свадба! и дека македонската свадба е најдобра, па после ова едно танго и се друго што иде по ред http://www.youtube.com/watch?v=CbMA_kKU ... re=related
да да сноу квин многу е оригинално и убаво, не сум против тангото и тоа е многу убаво заедно со саканиот и за првпат да играме танго во таква атмосфера,тој во одело ја во венчаница,нема ништо поубаво,ова колку да ги размрда гостите,нешто како изненадување од зетот и невестата,а потоа популарното танго се разбира со УСНИ НА УСНИ од тоше,мене таа ми е предвидена за танго,само нека дојде тој ден
Мене ми е глупаво ова, демек ајде да направиме нешто колку да сме поразлични, ко да нема после на цела свадба оро да се игра.
http://www.youtube.com/watch?v=UJ7pEddrTgQ Нашето ќе биде нешто слично на ова, без забавниот дел. Сакам да биде класично. Песна не сме одбрале уште. Мажот ми е пеач, па сака да ми испее една песна. Дали пред или потоа незнам ама мене идејата ми се допаѓа, мислам дека ќе биде многу романтично
Јас се мислам дали воопшто ќе имам танц, некако не ми оди. Вереникот е со две леви нозе и целиот е здрвен кога игра така да подобро да нема отколку да сме смешни (а знам дека ќе сме, сме танцувале на туѓа свадба). Единствено што сакам е уште пред почетокот да има балади кои ке вртат оти на последната свадба на која бев додека влегува гостите и се сликаа со младите немаше никаква музика и беше баш глупаво.
Сноу бе, остај ми да си фантазирам Дури фустан си избрав тесен.Незнам како ќе изведам толку акробации, ќе импровизираме.