XstrongerX, тесееееен фустан? оххх лелеее XstrongerX XstrongerX жими се јас незнам зошто покрај толку реализирани планови околу свадбата,желби и идеи....веќе ти кажав и во другата тема,да сум на твое место дефинитивно свадбата ќе ја направев порано. сепак тоа е твоја одлука. првенствено за тебе и бебето а после за сите желби
Буквалист Не би дека сериозно така ќе се облечам , нема да личам на ништо јасно ми е.Ама би сакала.Ама нема.
тоа е веќе друго. Од кај да знам јас дека се шегуваш Како и да е, штом така си си одлучила,сега уживај и верувај дека тој ден ќе ти биде волшебен.
Не сум фанатик да правам свадба, но кога би правела би сакала да биде класично - со валцер и да се игра на песната „Еден бакнеж“ од Владо Јаневски И текстот и музиката ми се баш за прв валцер
ние ја отворивме свадбата со because you loved me -seline dion и од Оливер Драгоевич- А кад ми доџеш ти
Јас уште одамна си ја изразив желбата,ако дечко ми биде младоженецот здравје, бидејки се блиски пријатели татко му и Џамбазов и сигурно ќе биде на свадба,сакам тој да ми отсвири нешто, песна не знам ама ќе избереме до тогаш.Мерак ми е човекот со неговиот талент да ми ја одбележи свадбата, а ние да танцуваме уз таа мелодија...убавини.
Би сакала мојата свадба ( кога ке дојде ) време да ја отворам со валцер и тоа би сакала да биде balade pour adeline или од овој ден...тие две ми се единствени кои би сакала да ми ми бидат први песни на свабдата
Што мислите за поновите видови на танц(играње)кои во последно време се на врвот во светот за кореографии на свадбите наместо валцерот.Младенците кои досега го играа стандардниот валцер сега спремаат интересна кореографија на музика која е за диско играње или нешто слично.(Незнам дали ја има оваа тема некој досега почнато,но јас се спремам за свадба и сакам некој совет околу првиот танц). http://www.youtube.com/watch?v=CpN8x2KMf6Q http://www.youtube.com/watch?v=0vHSpWMB7k4 Дечкиве се феноменални со идејава.
Ако сум уште со сегашниов дечко би сакала на првиот танц да танцуваме на "Every breath you take" од The Police. Некоја забавена верзија.. шо знам. Си ја сакаме двајцава песнава, не потсеќа еден на друг
Би сакала да започнам со класичен валцер со татко ми и потоа од некаде се појавува дешко ми т.е. сопругот и играме некој интересен танц
Ние ја отворивме свадбата со Have you ever really loved a woman од Bryan Adams, верзија приспособена за Виенски валцер. Бевме на часови и на свадбата првиот валцер го игравме само ние. Беше навистина прекрасно, посебно бидејќи таа песна ни е омилена и на двајцата.
Класичен валцер никако, многу ми е смешно и невкусно кога го свират музички групи составени од клавијатури, гитара, тапан, хармоника.Се знае дека валцерот го свири симфониски оркестар.Значи некоја убава песна по мој избор.
Откако се изнагледав клипчиња од странство каде баш секаде ја играат првата песна сами, сфатив колку всушност некултурен народ сме и колку е безобразно да се стане да се игра на таа песна. Ама како и да е најпаметно ќе е да самите музичари кажат да се остане на своите места. Инаку не ми се допаѓа тоа кога играат од секоја песна по малку најубаво е една цела песна да се игра со убава кореографија без разлика каква песна е.
Ние свадбата ја отворивме со Wicked game и буквално никој не ни стана сами игравме а одма после таа песна си го свиреа валцерот е дури тогаш ни се придружија
Искрено нас сите не оставија сами, ама бидејќи и јас и мм сме антиталенти за играње, многу подобро ќе ми беше да станеа и останатите Дури и за време на танцот им мафнав на кумот и старосватицата (сами беа) да ни се придружат, ама тие ја сочекаа втората песна, така било правилно Сакам да кажам, не секога и не сите исто гледаат и се осеќаат - мене лично второто танго кога околу гледав драги луѓе ми беше многу поприродно, отколку првото кога сите очи беа свертени кон нас и пазев како сето тоа личи од страна (среќа имав долга венчаница па помалку-повеќе личи во ред, иако сме двајцата крути)
Да бидам искрена,сакам свадбата да се разликува од оние традиционалните кај нас. Нормално почитувам обичаи,и нема да ги изоставам на свадбата,но не сите зошто има некои кои не ми се допаѓаат(сум била сведок кога младоженецот го тераа да пие живи јајца..)Никако Во делот од ресторанот,сакам почетокот да го отвориме јас со идното маже со некој валцер(но,само ние)и потоа некоја интересна кореографија јас и он да си напраиме на некоја позната песна,може и да запееме(пример некоја песна која не пратела во врската,и која ни значи и на двајцата). После што сака нека биде На забавниот дел би сакала да има караоке,не сум љубител на оние ју хитови кои ги пуштаат на свадбите(па ајде сите вовчиња ќе праиме)
Бидејќи нели претходно им посочивме на музичарите дека младоженецот не си е по играњето, не посоветуваа да не одиме со класичен валцер туку со танго...не знаевме што ќе свират, испадна од Владо Јаневски - од овој ден.
18 страни песни и предлози за песни, многу романтични и некои малку поинтересни и што избегале од клишето(браво за Хелоу на Ричи и за Елвис и јас би играла така ) и на никој ама на никој не му текна на Френк Синатра т.е Nat King Cole e на песнава не е Синатра - маестрална, мојот оче наш-L.O.V.E? http://www.youtube.com/watch?v=iorkf-8tjP4 По романтична песна нема на универзумот, сте се научиле со таа Селин Дион ми се серее толку многу колку што на сите им се сере Од овој ден на Владо. Ако се мажам и се дочека тој ден, бидејќи не сум ич по свадбите али би имало некоја мала прослава со најблиските, и музиката би била нешто најценетото, тука не би штедела, прославата би ја отворила или со песнава или со Unforgettable исто од Нат Кинг Кол. http://www.youtube.com/watch?v=BnPcEQmd9co Или па било што од Синатра, дали I`ve got you under your skin, Fly me to the moon, The Way You Look Tonight у превод од кал да е Синатра да е. Или пак со нешто малку побрзо како на пример - Can't Take My Eyes off You - Frankie Valli and The 4 Seasons Дали јас имам перфектна визија и музика во која се пронаоѓам па мислам дека сите би требале исто, али ни во лудило не би дала некој бенд да ми бира или наметнува песна за ваков ивент и за било која забава. Знам дека некој од тука за прва песна ја имале Once Upon A December од цртанот Анастасија, што е навистина брилијантен избор, мене дури оваа уште повеќе ми се свија, комлетно и музика ама и текстот е најпогоден на свет. Башка на никој не би му текнало, само на будала ко мене и плус ќе биде нешто оригинално. http://www.youtube.com/watch?v=r0SocbXEal8
Ние ќе ја започнеме свадбата со три песни, оние кои ни се некако подраги се разбира. Првата е онаа која и на двајцата ни се допаѓа Ти си тој - Лидија Кочовска http://www.youtube.com/watch?v=6rBz69cLs8U Втората му се допаѓа многу на мм Не кани ме - Миле Кузмановски http://www.youtube.com/watch?v=ncF7brr5vi4 И третата јас му ја посветувам нему, иако е машка песна не опишува нас потполно Провинцијалка - Балашевич http://www.youtube.com/watch?v=E_ApmWeL6UY Е после може да се почне со орцата