За прв пат манифестацијава се отворила во Босна и Херцеговина но и во Македонија стана традиција.Скоро во сите градови во Македонија се одржува еднаш годишно.Наменето е за деца до 13 години и обично во секој град трае по 3 дена.Децата се поделени во групи и секој ден ираат различни игри.Исто така сите се облечени во исти маички и капи (донација од Cross Cultures Project Association (CCPA))Секоја екипа има тренер а тренерот асистент .Манифестацијава се одржува обично во градевите со погелеми фудбалки игралишта.Годинава ќе се одржи при крајот на август а јас се пријавив за асистент па ќе видеме како ќе помине.Исто така годинава децата ќе имаат можност да отидат и во друг град каде се одржува манифестацијата каде ќе стекнат нови пријателства Што мислете вие за манифестацијава доколку се одржува во вашиот град
Ееј јас имам учествувано тука Бев пред едно 6 години. Многу позитивни впечатоци од манифестацијава. Тоа време одев на пливање, и преку тренерот дознавме за ова, всушност тие и не носеа. Мислам дека 3 дена траеше, преубави три дена ми беа тоа. Дружење, спорт, рекреација. Во главно учење на основните работи во фудбалот, а потоа и некои натпреварувања, нешто како игри без граници, не е само со фудбалот поврзано. Само убави спомени имам, а и уште си ја чувам маичката и си ја носам по дома
Јас бев лани и многу убаво си поминав. Изненадувања,забава и најака беше песната која ја игравме на почетокот и на крајот И јас како малите дечиња, си играв,шутирав Но,прекрасно си поминав со позитивни впечатоци.
Гледајќи по маичкиве на децава,излгеда се работи за истото. Јас кога бев 4то одделение имавме предмет и се викаш вака Open Fun Football school и само фудбал на часовите игравме.Имавме исти вакви маички како децава,и од цело училиште за нашиот клас го имаше ова како предмет. Пред 2-3 години знам дека имаше и во цел град,се одржуваше тоа на стадион.Одеше една другарка. Што значи дека и јас имам учествувано.Го гледам како убаво место за забава и за запознавање на нови другарчиња!
Јас не одев, но како што гледав беше навистина добро и штета што го прекинаа. Децата се дружеа, учеа, се натпреваруваа. Стварно беше корисно.