Koga gi citam site temi,a posebno za seksot,me inspirirase da ja otvoram temava a toa e,kolku sme nie stvarno otvoreni,iskreni za seksot,jas mislam samo na forumi imame hrabrost sve da si kazeme,dodeka vo realniot svet tost vo zivo ne e taka.ili mozebi gresam?
Па ако седнеш во машко друштво, не би рекла дека се отворени, туку и „ПРЕотворени“ кога станува збор за секс.Наддаваат, лажат, извртуваат спектакуларни стории за бројните пикантерии во кревет и освојување, и најмногу поени добива оној на кој сите ќе му поверуваат.Едноставно уживаат во тоа.Апсурдно е да се анализира на што се е спремно едно машко за да ја докаже својата машкост.На крај кој најмногу лае, најмалку каса. Помеѓу женските овој феномен не е толку развиен, но ние знаеме многу поитро да си ги искажеме мислите кога станува збор за секс. п.с.И ако не ти е тешко, кога пишуваш, а особено ако отвараш теми пишувај кирилица!
Не само за сексот, туку секако не можеш во живо за се и сешто да зборуваш со било кого, затоа што не знаеш како тоа ќе ти се врати. Немам проблем да зборувам на било која тема со блиски луѓе во коои имам доверба, и знам дека нема ниту еден збор да ми протолкуваат погрешно. Со други не би се оварала. Особено не на работа. Овде на форумов е друго. Не се знаеме, и разменуваме мислења без никакви бариери, и тоа е супер затоа што во кругот на најблиските и немаш толку различни типови луѓе како што има тука. Овде можеш да добиеш многу сознанија, да ги погледнеш работите од друга перспекрива, а воедно од твоите искуства некој може да научи. Тука и да те осудува некој баш ти е гајле,а во живо па и не сакаме баш да не осудуваат и слично.
jas sum mnogu otvorena vo tvoj pogled se si kazuva so dvete najbliski drugarki ama bas se sekoj detal i ne se sramam..ne gledam nisto strasno vo toa..ubavo e da spodelis i razmenis iskustva..i so decko mi sum otvorena 100% na taa tema kazuvam se sto sakam i koga sakam i on na mene...
Пред да почнам да пишувам на форумов не бев толку отворена за одредени теми. Но откако почнав да станувам се повеќе и повеќе активна тука, тоа се рефлектираше и на мојот живот реален, надвор од сајбер-просторот. Почнав отворено да зборувам скоро за се. Сепак сеуште постојат ограничувања затоа што не знаеме како ќе биде прифатена нашата отвореност од другата страна.
На форумов сум максимално отворена.Некои работи кои ги имам кажано тука не ги знае никој.На некој начин ми е и како издувен вентил на кој се истурам скроз и ми поминува.
На форумов сум отворена за теми за кои мислам дека треба да коментирам,а и онака општо сум си отворена со секого,само што понекогаш мислам дека и поради тоа си страдам,поради тоа што го кажувам тоа што го мислам и немам што да кријам.Само тоа колку сме искрени не се кажува често,тој што е искрен ретко ја нагласува својата искреност,тоа може да го увиди друг,иако денес луѓево во ништо не веруваат,додека тој што нагласува постојано дека е искрен,не е.Секогаш е обратното, кога некој нешто те убедува или постојани ти тврди нешто,всушност те убедува во својата неискреност,правејки ја вистина или искреност,а и лагата понекогаш станува вистина ако нонстоп ја потенцираш.
Јас во принцип сум отворена и реална личност и секогаш го кажувам тоа што го мислам, дури и кога знам дека некого ќе го повреди вистината се обидувам да го соочам со неа, зошто многу подобро е да се повреди човекот со вистина и да се соочи со неа, отколку со лага. Па така и на сајтов, секогаш сум отворена и го кажувам тоа што го мислам. Тие теми што ме интересираат ги коментирам. Не ми пречи тоа што го пишувам тука да го кажам и реално, всушност по природа сум таква личност да секогаш отворено си го истакнувам мислењето.
Реална и отворена. И приватно и овде. Можеби не баш без влакна на јазик, имам моменти кога и не сакам да зборувам многу многу, ама брзо ми поминуваат таквите периоди, потоа кажувам дури и отповеќе. Кога станува збор за форумов, сум најискрена што може, од причина што сепак никој никого лично не познава, кажувам и коментирам на мислење исклучиво за нешто што навистина ме засега, значи воопшто не ми е од корист некој да лажам или да му мачкам очи. ниту пак сакам да навредувам, единствено ако сум ептен испровоцирана. И тие што ме запознаа преку форумов, и оние кои редовно ги среќавам тука, мислам дека заслужуваат да сум искрена, не ми згрешиле ништо, многу ги почитувам и ценам.
И на форумот и во приватниот живот, многу отворена личност, не постојат табуа за мене и правам искрен и отворен муабет скоро за се ...
Па за сексот и не сум нешто посебно отворена. Со другарките онака знаеме чат пат по нешто да си кажеме. Инаку овде на форумов, дека не се знаеме можам повеќе да си кажам што и како.
воопшто не сум отворена за ништо...мн малце се луѓето со кои сум целосно ама целосно отворена ... сепак некои работи треба да останат за нас самите така јас сметам...а и сто така и мојата неотвореност ја сметам за голем минус, ама затоашто сум свесна работам на тоа...
Во секојневието сум делумно искрена и отворена личност.Велам делумно бидејќи сепак внимавам пред кого што ќе кажам.Но секогаш има нешто што си го чувам само за себе. Тука на форумот сум најотворена, бидејќи не се познаваме и нема зошто да се лажеме. Гледам многу меѓу нас и не се баш искрени, па сами се издаваат Како случајот со СрничкаМиличка која ни пишува од два профила, и Ориноко која се пишала 25 години а вели дека невиност загубила на 26 !?
Да, го напишав ова додека ги немав прочитано причините, после се поправив во темата „ Љубовни проблеми и совети“ дека е оправдано
јас сум секогаш отворена во врска со секоја тема и многу ме иритира што многу тоа незнаат да го ценат и почитуваат,секогаш можам да ислушам и да ме ислушаат но многу пати моето мислење е кренато против мене после од тие што ме сослушале,никогаш ништо не су криела а за сексот отворена сум не само тука туку и дома со мојата мајка,сестра и другарки,и дечко и сите тоа мислам дека и не ебаш добра особина
Јас сум отворена секогаш. Искрена личност сум. Не само на форуми туку и во живо. Не се срамам од тоа што го правам
отворена сум била одсекогаш .. подобро така него да правиш тука една фаца, на друго место друга, на трето трета ..
Јас сум секогаш отворена за вакви теми... особено кога се во прашање моите друагарки, сакам да ги советувам и не ми е срам пред нив му кажувам до детали на пр..... нема што да се срамиме од таквите нешта тоа е природно само што кај нас народот е таков ....