Отворени Секогаш сум отворена за се. Си го кажувам моето мислење и тешко да го променам. Моите другарки се такви што ако една каже вака или така сите се согласуваат со неа а кога јас не се согласувам секогаш си го кажувам мислењето па тие си мислат дека им се контрам што ме многу нервира. Им кажувам дека тоа си е само мое мислење и дека нема потреба да си мислат така. Кога грешат им кажувам не правете така не е убаво или што знам и тие мислат дека лошо им мислам. Поради тоа кренав раце и си ќутам, што сакат тоа нека прават. Па и јас си се тешам со поговорката: будала не прима совет а на паметен не му треба
Отворени на форумот сум отворена и како и сите кажувам се искрено, бидејќи сме анонимни, е сега во реалниот живот отворено можам за се да разговарам со дечко ми и за некои работи со поблиските, но и јас мислам дека некои работи е убаво да се зачуваат за себе
Отворени кога-како и мислам дека не со секого. Отвореноста е добра со блиски личности, иако јас како дрдорка имам обичај да кажам повеќе од потребното на непознати. Не сите теми се добри за дискусија со некој кој не го познаваш, а форумот изобилува со теми каде има коментари од секаков вид бидејќи е анонимен.
За мене не постои табу тема, ниту на форумот ниту пак во реалниот живот. За се со зборувам отворено, но секако, не со секој. Фетиши, порнографија, оргии, инцест итн итн. Можеби почесто на шега, но во друштво знаеме да споделиме искуства, да се насмееме и притоа никој да не биде осудуван и пропратен со wtf?! како што има некои. Иако признавам со мене не беше отсекогаш така, токму напротив. Дури откако почнав да копам и пребарувам низ форумиве сфатив дека не чини да си толку затворен во поглед на тие теми.
На форумов сум отворена за теми за кои мислам дека треба да коментирам. Во реалниот живот воопшто не сум отворена личност, многу сум себична кога станува збор за мене, човек сум кој што воопшто не сака да зборува за себе. За мене не постои табу тема можам да дискутирам за се со секој се додека муабетот е општо без навлагање во моја приватност, а и не ме ни интересира за приватноста на соговорникот освен ако тој/таа си изрази желба да си каже. Едноставно секогаш се водам со луѓето да бидам според ''правилото'' близок, а далечен.
мене зборот табу ми е непознат. Секогаш сум зборувала отворено за сите теми со секој кој ќе имал потреба за тоа. Што сум си мислела сум си кажувала и не се срамам од тоа што го правам, чуствувам или мислам. Во ред е некој да биде поразличен од другите, да има поинакви сваќања и размислувања нетреба да ги осудуваме ни тие што имаат табу теми само сметам дека младите пред се треба да се отворени кон се и да имаат отворени гледишта кон работите
Секогаш и секаде сум отворена ,посебно на форумов - Маршелин во ноу лимитс издание ! Во приватниот живот за мене не постојат табу теми ,само мојата околина некако е прилично ограничена во тој поглед и ретко кој ме сфаќа . За себе зборувам доста често ,но ретко за интимата . А кога станува збор за отворен разговор за сите ,баш сите табу - теми ,сфатено општо ,без влакна на јазикот си го кажувам своето мислење и не ми е грижа дали некој би ме осудувал поради тоа .
Јас секогаш играм со отворени карти и секогаш сум искрена, иако некогаш сум согледала дека и премногу да си искрен кон некои луѓе не чини. Ќе ти го земат за зло тоа што ќе го кажеш и најверојатно ќе се свртат кон оние кои им кажуваат она што нивните уши сакаат да го слушнат. Забегав малце. За вакви теми отворени, сум правела со сите муабет, значи не ми е проблем, отворена личност сум, сум седела и со машко друштво и добро е да се разменат мислења, начин да видите како и другите размислуваат.
Sekogas otvorena koj sakal se lutel koj sakal ne mn mi e gajle ednostavno takva sum,podobro vo lice nego zad grb pozz
За табу теми не разговарам често и со секој, што е и нормално, ретко се наоѓа добар соговорник за која било тема, а камо ли за табу.
Не разговарам со секого на табу тема се дури не осетам дека не станува збор за конзервативен соговорник. Често се наоѓам присутна во разговори каде соговорниците се со предрасуди и критички настроени, успевам некако да премолчам
Отворена сум , и сега со керка во пубертет мислам дека е корисно тоа, секој ден нови и нови прашања .