Сигурно имате некоја личност на која би сакале, но не можете да и кажете се во лице. Сега овде можете. Напишете отворено писмо. Напишете се што ви лежи на душа. Кажете се!
Хе хе хе кога го видов насловот симислев дека станува збор за писмо што некогаш ви стигнало и било отворено и имам таква случка. А да да не сум офф па би сакала само нема да е за една личност туку за повеке само во во друга прилика
Темава сега ми дојде како 1 на 10ка. Избрзав..премногу избрзав..виното ми имаше удрено во глава..нозете сами појдоја,а срцево не ме праша дали смее да се заљуби! Добро почнавме што почнавме но требаше многу порано да завршиме..а не откако се заљубив..сега те барам,ама те нема..знам ја сакаш и немој случајно уште еднаш да ти текни да ми се пулиш в очи и да ми кажиш ЈА НЕЈЧАМ!! Немој те молам,сега барем знам дека ме лажиш! Беше убаво,беше болшебно,беше магичо,но не сакам веќе. Ја носам неа на совест за грешките што таа ги направила во минатото и сега ти преку мене и враќаш! Па,каде е овде логиката на животот??! Добро,зошто секоигаш јас згрешавам?! Знам дека не си ти тој што треба да ми одговори.. Само знаеш,ќе мине време, ќе ти притребам, ќе ме побараш, ќе те заболи кога ќе ме видиш а јас само ладно и без глас ќе поминам крај тебе...можеби после ќе ме боли и милион солзи ќе сронам,но нема да ми е прв пат, веќе се навикнав кога те гледав со неа...ма носете се и двајцата!!! Убаво ме налепивте,а јас будала.... ќе ви ги плаќам греките!!!!
^ И јас го помислив тоа инаку, нели е слична темава со Испукајте се темата.. Да кажеме се што ни лежи на душа..
Да да.. тоа велам...некако многу теми со различни наслови а иста содржина..не е убаво како и да е..не сум модератор па да одлучувам што како..нека одлучат тие
Океј е девојки, не кравајте паника!! Постои клуч или ако сакате да ја пренасочиме па да пишуваме за тоа кога некој ни отворил писмо!!