1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Откажување на свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од Sun.shine, 9 јули 2011.

  1. Sun.shine

    Sun.shine Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    223
    Допаѓања:
    116
    Познавате некој што откажал свадба поради било каква причина?!?
     
  2. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Па мислам дека било во Кочани ама не сум сигурна ептен актуелно бесе,свекорот ги фати невестата и кумот на дело во текот на свадбата и човекот срамови не срамови на микрофон ја отказа свадбата и нагласи гостите да си ги земат поклоните :doh: мислам дека во хотел бесе тоа
     
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Еј и јас имам за ова слушнато ама ми стои ептен голема измислица ајде бе зар има толкави будали да се сек**т на сред свадба? Зар неможле да причекат ? Ама ич не ми се верува! Инаку знам случај кога снаата и свекрвата се испокарале на свадба зошто снаата сечела дебели парчиња торта и снаата ја мавнала со парче торта свекрвата и ја раскарале свадбата. Кој знае дали е вистина.

    Инаку знам случај кога на невестата татко и се разболи и ја одлижија свадбата за неколку месеци. Сепак имаше свадба!
     
    На dimoska му/ѝ се допаѓа ова.
  4. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Јас знам имаа веќе закажано све ресторан црква такви работи ама на девојката и испадна да оди нешто во Австрија на 9 месеци нешто многу важно за работа што од дамна го сакала и ја одложија демек свадбата за кога ќе се врати, ама кога се врати се скараа и ништо :worried: Тогаш баш поверував во судбина дека не требало да се случи свадбата...
     
    На snegulka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски
    Еден другар присуствуваше на свадба, на која на дело беа фатени на дело кумот и зетот од страна на таткото на невестата :o . Нормално, свадбата веднаш се прекинала :D Ова одамна беше, пред 6-7 години отприлика.
     
    На a.c.k.a му/ѝ се допаѓа ова.
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Ова сценарија за Холивуд
    Знам откажување поради смрт во блиска фамилија, али па најчесто ја презакажуваат, а не се прави проблем за тоа колку што сум запознаена.
    А за комплетно откажување само на филмчиња си гледам, доволно ми е тоа :)
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Пре ќе откажам свадба ако сфатам дека не ми паше малиот,отколку у несреќен брак да бидам.
    Остај ти тоа Холивуд,имаат храброст американциве,ние сме народ да не не збори по комшии,срамота било.
     
    На Bezopasna2002 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anabela931

    anabela931 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    41
    Кумот и зетот??? Педери ?? хаха божее мили што ли нема по тој свет
     
    На Vik'Toriah му/ѝ се допаѓа ова.
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Американциве ја израмнуваат врската со бракот. Они со сите си се потпишуваат во книгите. 3 недели врска оп свршувачка, на 2риот месец планови при крај за свадба, ќе се спукаат ден пред свадба и ајт со здравје. Уште не направиле 1 месец врска они ќе се женат. Нормално е да откажеш свадба така.

    Кај нас си го има она уште подолга врска, ретко кој за 2 месеци се жени/мажи.
    Затоа и ако откажуваат свадба тоа се големи причини.
    А наравно подобро откажи него лош брак. Како и да е ќе се трачатари, сепак за 3 дена ќе има нова поинтересна приказна за комшиниците. Штета само што им пропаднале плановите за дремење пред прозор на невестата, а и тогаш муабетите да не се позитивни? Секогаш има време за измислени трачови за зетот и невестата.
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  10. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Имаше една свадба во фамилија што поради смртен случај на мајаката на невестата ја откажаа, али после некое време се презакажа свадбата и се случи истата.

    Иначе се сложувам со Лилит ако имам закажано свадба и во меѓувреме сватам дека не е тоа тоа, без око да ми трепне ќе ја откажам и баш ''уво ме боли'' што ќе кажеле другите. Ма ни на крај на памет не ми паѓа поради тоа што ќе кажеле луѓето, да глумам лудило како сум среќна, а животот ми е сра** у боја. И никако не можам да ги сватам таквите луѓе, па добро бе луѓе за другите ли живеете? И никој не ви е виновен за вашатиот несреќен и страдален живот, единствениот виновник сете самите вие.
     
    На Bezopasna2002 и zalosna им се допаѓа ова.
  11. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Ова јас го имам слушнато како случај во Штип во хотел Изгрев! Мене повеќе ми звучи како измислица, сепак не знам баш точни информации во врска со случајот!

    Иначе моја пријателка откажа свадба со нејзиниот долгогодишен дечко (11години),поточно маж и беше бидејќи беа веќе официјално стапени во брак (регистрирани)уште веселбата во ресторан беше останала да се направи! Месец време пред да биде свадбата пукна некаков скандал и тие се разделија,наредниот ден ја откажаа свадбата во ресторанот! Како причини ни кажа дека бил неподносливо љубоморен, но подоцна излегоа на виделина други причини-изгледа ја фатил вереникот со друг па поради тоа ја откажаа свадбата! :x

    Друг случај знам каде невестата се породи два дена пред свадбата, па беше морално да се откаже свдабата, поточно се презакажи за другиот месец! ;)

    Имам слушнато и за свадбена веселба без зет :lol: . Женската страна со музика слави и го чека зетот со кумовите да дојдат по невестата но малдоженецот се премисли и не се појавил на свдбата! Свадбата се разбира била откажена! :fubar:

    И уште ова да го кажам... Моја пријателка денот пред свадбата беше добро истепана од нејзиниот маж! Нејзиното семејство веднаш и даде подршка да се откаже свдбата, татко и сакаше по куќите да оди за да им каже на поканетите гости дека свадбата е откажана но девојката од пусти срам (ваљда и од љубов) не се сложи да биде откажена свадбата! Беше невеста со модрици по лицето :doh: ! Бракот треше многу кратко и потоа таа самата си рече дека се кае што не ја откажале свдбата, но веќе беше доцна!
    Затоа подржувам и не се чудам ако некој откаже свадба од некои свои силни причини! Подобро да се откаже свдбата отколку цел живот да се трпат маки и да се живее во проблеми!
     
    На Bezopasna2002 и rak4estip им се допаѓа ова.
  12. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Една подалечна другарка ја откажа свадбата пошо имаше патолошка бременост и не смееше да станува. Ја презакажаа откако се породи и со ќеркичката на свадба. :)
    А на еден другар девојката не му дојде на нивната веридба. :x Наводно не знаела дали е спремна за брак и дали доволно го сака за да и биде маж и наместо да откажува свадби, вака веридба било побезболно. А најбитно, не сакала да му го врати прстенот од мајка му.
     
  13. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Ц,ц...значи што менталитет ке беше овој нашиов...
    Јас пак знам се беше откажала свадба затоа што двете страни не можеле да се сложат каде да ја закажат истата. Никој не попуштал и на крај се отерале кај што не треба поради еден глупав хотел.
    Најсмешно беше што и младите меѓусебно си исповаѓале очи, бранејќи ги секој своите мамичка и татенце.
     
  14. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Ова поодамна се случи. Еден мој комшија одеше со девојката долго време и немавме слушнато дека ја изневерува. Решија да се верат па двете фамилии се спремија. На самата веридба кога требало да тргнат кај девојката тој рекол ’’Кај сте тргнале вие имам јас друга неа ќе одиме да ја бараме’’. Не можеле да го разубедат и тргнале кај таа другата. Во меѓувреме родителите на девојката се јавиле да прашаат зошто доцнат сватовите и овие им рекле што е работата. Сиротата девојка се ископмплексира начисто не правеше со никој муабет се посвети на бизнис. Од траумите што ги имаше се омажи дури после 12-13 години. Ама гледа Господ. Таа на комшијата ич не му се погоди една ептен убава ама к*рва со тапија. Уште првата година сакал да ја бара пак бившата девојка ама неговите не му дале му рекле ’’ Што си надробил сега тоа да си сркаш’’
     
    На delvi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Баш оваа недела требаше да бидам на свадба која ја откажаа заради тоа што таткото на невестата мораше итно на операција :doh: Место веселба-нервоза.Сега бил подобро и ја закажале на нареден слободен термин што имало.
    Инаку мои комшии беа кумови на свадба каде не присуствувала невестата т.е.тој ден се породила :lol: верувале или не.Сепак веселбата се одржала,ама без неа :lol:
    Се чудев како може бе,зар не си го знаела терминот :?:Ми кажаа дека се умешала свекрвица ]:) ,чија сестра од Австралија само тогаш можела да дојде,па рекла-Или тогаш или нема свадба :!: :D
     
  16. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Имам слушнато за еден случај кога бабата на невестата починала, па луѓево ја откажале свадбата за наредната година!
    Наредната година сите среќни, весели се спремаат за свадба и ден пред свадбата умира мајката на невестата! :worried:
    Свадбата не се одржала, си дале луѓето еден ручек после некое време и толку!


    Исто знам, како ден пред свадбата умира таткото од зетот и овие го однесле во капела, само најблиските знаеле, вака-така си ја направиле сведбата и наредниот ден си го погребале човекот! Воопшто не ја откажале свадбата! ( И ова не е работа, ама наводно свадба не се откажувала).

    И најтазе случка е тоа што пред некој ден почина таткото на невестата на еден познаник, а свадбата е закажана за викендов. Истата не се одложи, туку се ќе се прави со ред, само без музика и оро кај невестата!
    Судбина, што можеш тука да направиш! :(
     
  17. dimoska

    dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    47
    За ова многу пати ми кажувале.Не знам дали е вистина само сум слушнала.За караницата заради тортата.се има по светот.
     
  18. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Да, да пред десетина години имаше во Дневник мислам за случајов. Имено, снаата кога ја сечела тортата на нејзините сечела подебели парчиња наводно, а на родителите од мажот помали и свекрвата и се налути ли, ја удри ли не знам што и снашкава и ја шлапнала тортата у фаца :D Се има по белиов свет, знам баш баба ми кога читаше тогаш ми покажа и се смеевме цел ден.
     
  19. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    И јас знам за една свадба што се откажа, покани уште немаа пратено ама усно бевме поканети знаевме и датум. После некое време гледаме покани нема... свадбата се откажа младите се разделија. Никогаш нити прашав зошто нити ме интересираше. Се се случи како да е најнормално без скандали.
     
  20. fs-fs-fs

    fs-fs-fs Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    809
    Допаѓања:
    800
    Пол:
    Женски
    Да јас сум сведок на откажана свадба една недела пред да се деси и тоа за порцијата, едните сакаа пориција од 9 евра другите од 9.5, не можеа да се договорат и пукна работата ..... :rofl: