1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Откажување на свадба

Дискусија во 'Свадба' започната од Sun.shine, 9 јули 2011.

  1. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Пред неколку год другарка моја по 8месечна врска нарочно забремена за да можеле да се земат(имаше 23год кој ќе и забранеше не е малолетна) и ајде направија веридба се и се спремаа и за свадба.Арно ама зетот почна психопатски да се однесува и девојчето не можеше никаде без негова придружба :devil:.И некое време после веридбата по жестока расправија таа прекина секаков контакт со него дури имаше и поддршка од нејзините ако сака да го роди бебето...И кога виде овој дека нема назад почна да зборува како детето не е негово и мн др глупости,девојчето абортира а пред народот беше речено дека имала спонтан... :( .Поарно на време што прекина оти тежок живот ќе имаше.
     
  2. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    Леле кога се спомне оваа тема пукам од смеа :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: , замисли си свадба спремана со месеци одеднаш оп или невестата или младоженеот вели НЕ ... Се руши светоооооот :) ..а до сега не сум ни присуствувала ни слуснала за откажување на свадба :D :D :D
     
  3. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    425
    хиихихихи интересни случки за некого, за некого трагично. се има по светов, и се може да се случи... :?:
     
  4. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    Леле се смеам на глас за причините поради кои се откажале некои свадби!
    Зар до толку ??? За парчињата торта,или за порциите?
    Во некои случаи и подобро што се откажале, штом не можеш да се погодиш за порцијата тогаш што останува за понатамошните Вистински проблеми во животот?
     
  5. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Знам само еден случај, едни луѓе мајка ми ги познава и свадба на синот се, и таман дошол кумот дома, заиграле орото и седнале на маса татково срце го фатило и на свадба умрел... :|
    Незнам дали сега се земени...
     
  6. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Јас знам за една неубава случка:
    Девојката ден пред свадбата има спонтан абортус и свадбата нормално нели мора се откаже (незнам за понатаму дали се земаа, но вереникот цело време ја тешеше и гушкаше во тие тешки моменти и за двајцата) :( :( . Тоа беше пред некои 3-4 години кога тетка ми беше оперирана и јас одев на посета, девојката мораше да остане в болница :( . Студирала во Бугарија па нејзини другарки кои тргнале за на свадба (а најпрвин незнаеле кога тргнале од Бугарија) цел ден поминаа со неа в болница да ја утешат колку-толку.
     
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    Присуствував на свадба денск азначи отидовме од кај 11-12 дента и некаде до 18 часот траеше
    младите не беа регистрирани во собрание и планот бил псле веселбата до собрание најблиските да одиме да се регистрираат
    помина свадбата се отидовме у собрание и се тоа по ред изчита тој матичарот и кога дојде ред за презимето невестата сакаше да си го задржи своето ама младоженецот и рече неможе ке го земиш само моето и оваа не нема шанси така сакам и моето плус да си го оставам и се скараа тука пред сите лом се сторија и се разделија на беке изиграна свадба па ај поклони се вракаа пари се вракаа смешки бре смешки и тоа за презимето ама мислам дека и алкохолот си го стори своето оти се беше под гас
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    И јас знам за еден пример каде што се откажа свадбата. Братучед на дечко на една моја другарка требаше да прави свадба во Октомври 2009 година. Две недели пред свадбата се испокарал со вереницата и ја откажал свадбата. Се било спремно. Требало уште тој да го купи костумот, а таа венчаницата. Причина за караницата била тоа што вереницата почнала да го уценува. Тој не можел да го трпи тоа и ја оставил. Во врска биле 10 години.
     
  9. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Пред неколку месеци и јас слушнав за едно откажување на свадба.
    Зетот бил Македонец, но живеел во Австралија, а девојката од тука. Оделе некое време и дошло ред да се земат. Планот бил да направат свадба во МК, а потоа заедно со невестата да си заминат во Австалија. И сега пример ако свадбата била закажана во Сабота тој во Четвртокот и се јавил на невестата од аеродром од Истамбул и и кажал дека не сака да се жени и за 1 саат се качува на авион за Австалија.
    Сватовиве разочарани, девојкава уште повеќе и нормално, свадбата ја откажале.
     
  10. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Ми текна на уште една случка за откажана свадба. Ми ја кажа маж ми. Се работи за другар на негов поранешен колега. Додека се венчавал во црква (во Скопје), добил непријатно изненадување. На сред венчавката се појавила некоја жена со мало дете. Му рекла - стоко една, ова дете чие е? После тоа венчавката не продолжила, а младенците се развеле. Детето било на младоженецот, а тој не кажал на никој дека има дете со друга. Не знам што се случило со жената и со детето. Кога ми кажуваше маж ми за случкава, се зачудив. Мислев дека тоа го има само во филмовите, ама го имало и во реалниот живот.
     
  11. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.469
    Пол:
    Женски
    На мајка ми блиска колешка од работа ја откажа свадбата за синот, односно невестата ја откажала. Причина: невестичево си сакало венчаница од 1500 евра и тоа да биде платена од страната на младоженецот. Со изговор на госпоѓицата дека она еднаш во животот била невеста и сакала БАШ таква венчаница од некој си креатор. Знам дека долго беа во врска и знам дека колешкава на мајка ми и' кажуваше се, како ја побарал за жена, како се спремаат за свадба, убави зборови кажуваше жената за девојката, се знаеле долго време, се сложувале, фина била многу и на крај иднава снаа од нигде никаде се покажува во друго лице. Се обиделе и со разговор и со смирено и на синот се обиделе да му објаснат ама џабе. И јас не знам што и било на таа кога она знаела за кого се мажи, ги знаела тие луѓе, знаела колку и како се моќни финансиски и нормално било дека тоа не е возможно. И знам дека синот си ја поддржа својата идна жена, си замина од дома заедно со неа, се венчале сами не знам каде и не зборат со никого.

    Е сега јас ја знам едната страна на паричката, можеби другата е поинаква не знам. Меѓутоа ако навистина е ова единствената причина како што кажува колешката на мајка ми тогаш ова е уште еден доказ дека и снаите во денешно време се катастрофа, а не само свекрвите како што е општо познато.
     
  12. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Знам за две откажувања на свадби.
    За првиот случај,ми кажа најдобрата другарка.Нејзин прв братучед имал врска од 11 години,и нормално закажале свадба,веќе време било.Ама невестата една недела пред свадбата го изневерила со колега од работа.Најверојатно аферата подолго траела,само било прашање на време кога ќе се дознае.Потоа таа се омажила со тој љубовникот,а младоженецот заминал да живее во друг град.
    А за вториот случај,исто така ми кажа другарка.Заедно бевме да купува облека за истата.Вујко на младоженецот добил срцев удар,не преживеал.Инаку свадбата беше закажана за утре..
     
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Случкава е слична како една што ја пишав. Младоженецот со девојката одел 10 години. Две недели пред свадбата се испокарал со неа. Ја видел во вистинско светло. Таа почнала да го уценува. Тој одма ја откачил.
     
  14. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Многу модерни почнаа да се прават кај на ссо моминскиве и ергенскиве славења.
    А, баш тие славења знаат да бидат причина за изневерување, претерување и откажување на свадбата.
    Дури и такви случаи има.

    Ама кој нема памет во глава, ќе нема ни на ергенска, ни на било која вечер.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  15. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    На другарка ми брат требаше да се ожени минатиот месец, па 2недели пред свадбата случајно дознавме дека нема да има свадба. Што и како незнам, искрено не ми беше пријатно да прашувам, а и не ме интересира баш
     
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.899
    Допаѓања:
    103.028
    Пол:
    Женски
    И јас знам една случка, девојкава ни е блиска пријателка, а ова се случи 2008 год. Оделе долго време со младоженецот, живееле и заедно, се зкажала свадба, во ресторан, во матично,во црква, купиле се венчаница,костум,бонбончиња се се спремно, арно ама некоја недела пред свадбата пријателкава плаче, па како викаше пред дс купи венчаница немало за неа т.е, не и се допаднала ниедна.... и за ден пред свадба да рече дека не сака да се мажи. И нормално младоженецот разочаран, неговите не сакале очи даци видат и се до ден денес. Тогаш имаше 27 год и сега ќе си имаше и дечиња , а се зезна, на нејзе проблемот и беше што многу сака да шета, ваму таму, па со друштво,а сватила дека тоа ќе се намали кога ќе е во брак. Сега има 32 год и упорно бара маж :D
     
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Можеби и стравот, притисокот пред брак си го прави своето.
    Посебно кога ќе напнат жениве од двете семејства...
    И еден убав чин ќе го направат глава да те боли и да си речиш, ексик да е од се. :tmi:
     
  18. AliceWonderland

    AliceWonderland Активен член

    Се зачлени на:
    22 август 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Ние ја откажавме свадбата поради тоа што свекор ми почина :((( Сега после 1 година повторно си ја закажавме за во журнал на 11.01 :))) Убаво велат, ако не треба да има свадба нема да има.... кај нас изгледа судбина е да си имаме хихихихихи :))))
     
  19. tatjan

    tatjan Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    и јас се согласувам што понатаму
     
  20. Petit.Beurre34

    Petit.Beurre34 Нов член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    откажување на свадба со организатор

    Дали некој има искуство со откажана свадба кај организатор на свадби?
    Дали секако ке мора да се плати на фирмата што организирала или само го земаат депозитот?
    И колку % од сумата обично се дава однапред?