1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Откажување од верата - искушенија

Дискусија во 'Религија' започната од Chica.Loca, 20 април 2017.

  1. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.213
    Допаѓања:
    30.935
    Пол:
    Женски
    Верувам во Бог, така сум воспитана. Уште од најмала возраст ми имаат раскажувано за Бог, за верата како и за разните обичаи и верувања по однос на истата. Мојата баба кога ќе ме однесеше во црква ми раскажуваше за иконите, светците а воедно ме научи и дека најважна е онаа верба длабоко во душата. Затоа сметам дека и покрај тоа што можеби не одам секоја недела во црка и не постам редовно,тоа не ме прави помал верник од оние кои тоа го прават. Можеби многу работи за религијата не знам но сепак знам дека вербата во Бог си ја носам длабоко во мене и знам дека без оглед на се јас секогаш ќе верувам во него.
     
    На sonuvana, Orthophill, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Sv. Nikolka

    Sv. Nikolka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2016
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    411
    Пол:
    Женски
    Здраво. Не грижи се, и јас сум апсолутно сама а 38 години сум. И јас често пати се прашувам,што толку сум згрешила на Господа што вака ми се враќа? Што е полошо, многу неубави работи почнаа да ни се случуваат дома, и како да веруввам и да велам дека има Господ? Редовно одам в Црква, си палам свеки, и масло сум оставала за здравје, и желби сум си замислувала, но сето тоа било залудно. Така да не се разочарувај, ќе дојдат и подобри денови. Поздрав.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Искушенијата постоеле уште од сам почеток на светот,и ќе постојат се до крајот,наше е само дали и колку ќе им "потклекнеме".
    Доколку имаме силна верба и љубов кон Господ и религијата на која припаѓаме,никој ништо не ни може ;)
    Нормално е од аспект на овој 21 век кој е таков каков што е,во денешниот свет да постојат периоди,каде човек опаѓа и се растројува психички,денови каде се му оди на лошо и така мисли дека Господ го казнува(што не е точно).
    Но само со молитва и силна верба ќе се растераат лошите и лукави помисли кои сакаат да ни ја растурат и заслабнат заедницата со Бог.
     
    На Chica.Loca, sonuvana, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Верувам сеуште во Господ можам да кажам но не како порано, се менувам полека, незнам зошто. Колку повеќе помагаш и правиш добра толку повеќе лошо ти се враќа, колку повеќе кажуваш вистини и си искрен толку си поосамен и сите те избегнуваат...Постиш, се трудиш да бидеш добар колку што можеш, се трудиш да не грешиш истовремено се каеш за грешките направени, се молиш, почитуваш но изгледа не е доволно па како казна ти се враќа само лошо. Дури сега ми стана јасно зошто некои губат верба во Бог, како после ова да веруваш? ''Зошто да бидам овца и да си отежнувам повеќе себеси?'' со денови ми се врти ова прашање во главата.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Немој да очајуваш,сети се само колку голем верник беше и каква сила црпеше од верата и Господ.
    Лоши денови и искушенија имало и ќе има,тоа е факт,но немој да се предаваш,те молам...
    На крај краева овој земски живот не е ни малку важен,ние треба да се бориме и подготвуваме за царството небесно @Vitaly.
     
    На tessie, Chica.Loca, sonuvana и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Се трудам но изгледа залудно е, посилно е од мене. Не се предавам така лесно.
    Зарем сите денови се вака лоши? Велат прави добро добро да ти се враќа, јас добро правам мене со камен по глава ми се враќа.. Тука си велам зошто да бидам овца и слепец? Каде е тој знак, таа љубов да ми даде знак дека постои за да верувам уште повеќе да ми даде сила.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Zlatna12345

    Zlatna12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2016
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    842
    Пол:
    Женски
    Ako pomagas, pravis dobri dela, si iskren, kazuvas vistini i pritoa cekas nesto za vozvrat, samo poradi "nebesniot svet", poradi toj tvojot gospod, preispitaj si ja moralnata svest. Tokmu poradi ovoj princip na nati-dajmi si nesreken.
     
    На tessie, Lella, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Не, баш напротив, не чекам да ми се врати со добро но незначи дека треба да ми се врати со лошо.
     
  9. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    @Vitaly Искрено ме запрепасти со ваквото размислување.
    Па каде ја изгуби силната вера и верба?!
    Сети се само Исус какви добрини правел и прави,а ние како му враќавме и враќаме,сети се дека ништо од тоа не го поколеба животот да го даде за нас,притоа не очекувајќи од нас пофалби или благодарности !!!
    Сите имаме лоши и тешки периоди и денови,но те молам биди силен и моли се на Господ и на Светците,ќе се среди се.
    И за крај,немој да очекуваш казна или награда за тоа дали вреди да си добар и како ти се враќа,овој живот е минлив,ние всушност треба да се подготвуваме за небесниот живот ;)
     
    На Vitaly, Chica.Loca и sonuvana им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    @Vitaly секој човек се бори во животот со разни помисли кои го водат по разни патеки. Те разбирам како ти е. На никој од нас животот не му е розов, само некои простапуваат кон Бог кога е тешко, а не кон себе или кон другите и тоа е таа разлика. Ние што пристапуваме кон Бог кога е тешко, добиваме парче од неговата милост и подобро ни е, тој секогаш помага на оние што одат при него и кога е добро и кога е лошо. Тоа што тебе сега ти се случува е или тест божји за твојата верност кон него (кој ако го поминеш ќе добиеш вистинска божја благодат) или пак искушение од рогатиот заради тоа што твојата верба не е доволно силна па може да те прелаже и привлече кон себе. Немој да паѓаш под тоа влијание. :) Јас сум поминала низ разни работи во животов, разни искушенија, и секоја победа ме правеше се посилна мене и мојата верба во Бог. Го поминав истото тоа во кое се наоѓаш ти сега, затоа вака те советувам, од свое лично искуство. :) Сега си дете, со многу прашалници во глава, но на пат да израснеш во прекрасен човек. Тешко е да не потклекнеш пред искушенијата, но секоја победа ќе те гради како таков. На крајот ќе бидеш благодарен на себеси што не си дозволил да згрешиш. :)
     
    На tessie, Таа Сум, Vitaly и 2 други им се допаѓа ова.
  11. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Кога се утврдуваш во верата, некои луѓе заминуваат од твојот живот, се повлекуваат. Запознаваш други или оддеднаш засакуваш некои кои и не ти биле особено битни порано.
    Тоа не мора да значи дека едните се подобри од другите, сите сме секако грешни, туку ги добиваш како милост, бидејќи ти се потребни во тој период од животот.
    Никогаш немој да се каеш поради добро дело и кога ти е лошо вратено, обиди се, да ја разбереш маката на оној кој ти предизвикал болка.
    Помага, иако можеби ке се оддалечиш од тој човек.

    Зборувам за луѓето, бидејќи кога почнуваш да веруваш силно, перцепцијата ти се менува и наеднаш ти смета туѓата грешност, лесно ја забележуваш.
    А, притоа забораваш дека доброто дело што наутро сме го сториле, до вечерта лесно можеме да го избришеме.
    Па од почеток утре.

    Обрни внимание на милоста која секако ја добиваш, особено кога мислиш дека е бесполезна секоја молитва. Мора да ја има, научи да ја препознаваш.
     
    Последна измена: 1 мај 2017
    На tessie, Таа Сум, Vitaly и 3 други им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ако се сети на Исус, ќе се сети и на тоа дека Исус никогаш не се молел на светци, ниту пак поучувал дека треба следбениците Негови да се молат на светци. Така што ако сакаш да го мотивираш да се моли на светци, подобро не го мешај Исус во муабетот, зашто ако земе да ги чита евангелијата, спротивен ефект ќе постигнеш кај него :)

    @Vitaly верата дека со правење добро - добро ти се враќа и обратно е типична за будизмот и кармичкиот закон таму.
    Христос учи дека нема добри луѓе, дека сите се грешни и дека треба да се покајат, да поверуваат во Него и на тој начин да добијат простување на гревовите и живот вечен. Доколку некој мисли дека е добар и прави само добро, тој/таа првенствено треба да се покае од својата самоправедност и морална горделивост. Дури потоа треба да се кае за своите гревови кои сигурно ги има и тековно ги прави. Дури потоа може да очекува благослови од Бог, радост, мир, љубов, исполнетост, но се разбира не и мед и млеко живот бидејќи тоа ќе биде во иднина кога Бог ќе ги обнови Небото и Земјата.
     
    На okcenzi, Vitaly и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  13. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Јас ти препорачувам да го погледнеш ова видео, можеби ќе пронајдеш некои одговори.

     
    На sonuvana, Rama, Vitaly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Ви благодарам на сите за советите. Ќе пробам да се изборам но не верувам многу дака ќе успее бидејќи е посилно од мене. Се трудев да верувам, верував, помагав, не барав многу, се покајував за грешките, но тоа ни мир не ми даваше, мене секогаш со лошо или со непријатно чувство внатре во мене ми се враќаше. Не барам да ми се враќа со добро ама да не биде и со камен по глава. Така почнав да размислувам зошто да бидам овца кога можам пак да правам добра, да помагам, да се задоволувам со малку, со тоа што повеќе ќе верувам во себе а мојот бог биде природата, како што верувале моите предци. Паганството заклучив дека дава одговор на моите прашања иако за некои тоа е ненормално а и за мене беше тоа до пред некое време. На пример зошто да бидам овца на Господ кога можам да бидам волк на Дажбог.
    Кога може да верувам дека Исус претворал вода во вино зошто да не верувам во Перун?
    Словените не им биле ''робови'' или ''овци'' на своите богови на пример како што сме ние денес, тие своите богови ги сметале за свои предци. Од друга страна пак мислам дека ова е поради околината која ме опкружува, јас се трудам да живеам по библиски правила а во моја околина такви луѓе скоро и да нема и мене тоа ми прави чувство како да се наоѓам помеѓу луѓе да пробувам да комуницирам со нив да барам помош а мене никој не ме гледа, никој не ми зборува, како да сум дух и затоа барам друг начин на живот.
    Се надевам дека е ова период и дека ќе помине како што ме советувавте, дека ќе се спасам од ова. :( Извинете поради напишаното, немојте да се навредите, не ругам ниедна религија поготово Христијанството бидејќи сеуште се сметам и јас за христијанин иако по напишаново многу би кажале дека не сум а и би се согласил со тоа.
     
  15. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Ако уште пред да се обидеш немаш надеж, губиш.
    Како што кажал старец Тадеј:

    "Какви ни се мислите , таков ни е и животот."

    Не си единствен кој така се чувствувал, од искуство кажувам тоа е само лош период на кој кога ќе се завратиш ќе бидеш благодарен за тоа бидејќи те научил на многу нешта.

    Не дозволувај тие лоши мисли да те наведат да мислиш дека не си христијанин и да те оддалечат од Бога, само во моментот се наоѓаш во таков период, во кој сам тешко ќе одиш.
    Како што ме советуваше една феминка, појди кај духовник на кој ќе му ги кажеш сите мисли, маки што те мачат, да поразговараш со него. :)
     
    На sonuvana, Vitaly и Rama им се допаѓа ова.
  16. melnicanecot

    melnicanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Машки
    Простете не ги прочитав сите постови претходно...
    Верник сум од Православна веросиповед од пред неколку години зборот верник за мене доби друго значење односно вистински почнав да ја практикувам мојата вера со: Исповед кај Духовник, пост молитви бденија акатисти и причестување со Телото и Крвта Исусови ( Причест) итн.
    Многу работи ми станаа појасни многу нови познанства стекнав со луѓе од најразлични професии и возрасти и сватив дека Православието е едно големо семејство. Во кое болката, и тагата се делата помеѓу сите и сите страдаат додека среќата на еден е среќа на сите.
    Искушенија драги мои секогаш ќе има самото Свето писмо и ни го кажува тоа, мене ми помагале разговорите со духовникот, со монаси, со свештеници, Светот Писмо, идење во Црква, Идење на Богослужби, Акатисти и бденија, читање на житија на Светители итн.
    ИСУСОВАТА МОЛИТВА - Господи Исусе Христе помилуј ме мене грешниот/та се предлага како најдобар штит за време на борбата со искушенијата.
    Нормално е да не следат искушенија ке ги има до крајот на нашиот живот но со секое искушение Господ Исус Христос и ни дал и излез од таа ситуација.
    Но мора да се практикува редовен литургиски живот со одење во црква во Недела и на поголемите празници доколку сте во можност и што е многу важно мора да имате Духовник кој ќе раководи со вас.
    Посететеги манастирте во кој има активен монашки живот и ќе се запознаете повеќе со Верата и нејзината правилна практика. Можам да ви ги предложам Бигорски и Лесновки манастир.
    Во контекст
    https://www.facebook.com/Lesnovo.Monastery/photos/rpp.348524600579/10158537612375580/?type=3&theater
    Ви оставам и линк од книгава обавезно да ја прочитате : http://bigorski.org.mk/wp-content/uploads/2017/04/publication.pdf
     
    На kuc, Orthophill, korisnichka и 4 други им се допаѓа ова.
  17. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Изминативе пет дена како пет недели.
    Неверојатни искушенија од блиски и на блиски, на најмилите ми луѓе.
    Јас на моменти непрепознатлива, како запалено чкорче, сакам правда да истерам.
    После пола сат, кога ќе се смирам, криво ми е за некои зборови кои излегле од мене во тие моменти бесни.

    Искушенијата се посилни за време на постот, особено во деновите пред причест.
    Тогаш јасно излегува на видело сета наша слабост.
     
    На tessie, Rama и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    Тие денови со најтешки искушенија се имам соочено. Мора да се трудиме максимално за да не паднеме пред нив. Тешка борба е тоа, но силата наша и плодовите од неа - слатки.
     
    На Таа Сум, Rama и sonuvana им се допаѓа ова.
  19. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Веројатно дека сум неискусна сеуште, искушенијата ми доаѓаат преку луѓе за кои до вчера мислев дека умеам да бидам со нив своја и опуштена.
    Оддеднаш ги гледам со поинакви очи и дознавам некои нови вистини за нив.
    Зачудена сум, збунета. Се е навидум исто, а не е веќе.
    Можеби ќе бидат тие односи нови подобри, верувам дека Господ се грижи за тоа.:)
     
  20. LittleGirl626

    LittleGirl626 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2016
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    267
    Пол:
    Женски
    Не верувам во господ! :)
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.