1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Откажување од верата - искушенија

Дискусија во 'Религија' започната од Chica.Loca, 20 април 2017.

  1. anonymous16

    anonymous16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    921
    Вербата во Бог е вербата во самиот себе. Барем тоа јас така си го имам сфатено. Можеби никој нема да ти помогне кога си во искушение но самата молитва те прави посилен да веруваш во себе дека се ќе биде добро, на некој начин утеха.
     
    На La.loca и Rama им се допаѓа ова.
  2. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Верувам во Господ. Бев и сеуште сум во едно искушение, каде за една грешка плаќам многу, прееемногу. Но, во ред. Имав лоши моменти каде се соочував во самоубиство и лоши мислис, но ете Гопод ми помогна да сватам да се освестам. Се борам со сите, а како основно се борам со моите дома, кој ме обвинуваат за све. Ме гледат како да имам убиено некого. Се претворив во емотивна личност. Сакам да го поминам овој период, на некој начин да испловам од оваа бура. Но, тешко е. Ќе се борам до крај со сите. Па вака денеска каква сила има, страшно.
     
    На melnicanecot и Rama им се допаѓа ова.
  3. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.393
    Не е можно да не Го сакаш Тој што тебе те сака. Ова се однесува на Господ. Тој прв нѐ возљуби, како што пишува во Светото Писмо, и не е можно човек да ја има осетено таа благодат и да ја заборави. Ете затоа веруваме, а не за да немаме искушенија и падови.
     
    На waterllady, Petra777, Feminka22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.090
    Допаѓања:
    163.463
    Пол:
    Женски
    Се мислам одамна да пишам мислење тука, пост што е можеби како за во На срце ми лежи, но поврзан многу со темава. Однапред ќе ве замолам најкултурно верниците што ќе ме прочитате – да не ме цитирате, барем не со совети како да се вратам на вистинскиот пат :)

    Никогаш не сум била голем и посветен верник... За настанокот на светот и природните појави, уште од 11-12 години кога сум почнала да учам за тоа – верувам повеќе во еволуција и останатите закони од физиката и хемијата.
    Од религијата сум ги почитувала начелата кои учат да бидеш добар човек, да ги сакаш луѓето, мирот што го наоѓаш во молитва кога ќе почувствуваш потреба од истата. Се радував секогаш и на нашето мало семејство собрано на трпеза поради празниците, но тоа веќе го нема... веќе помина еден таков празник со едно празно столче, и сите наредни ќе бидат такви, со изразена празнина и тага.

    Откако го изгубив татко ми пред 4 месеци, се немам помолено ниту еднаш. Не ми доаѓа одвнатре, од срце...
    Не велам дека сум совршена личност, но сите околу мене знаат колку сум била задоволна и среќна со животот. Немам видено ништо ни од луксузи и уживање, ниту некоја успешна и стабилна врска до мојава возраст, ниту некоја посебна исполнетост... но сепак кога размислував длабоко за животот - на крај заклучував дека треба да сум задоволна и среќна затоа што имам двајца живи и здрави прекрасни родители. На тоа мене вака ми се „врати“, со загуба на едниот од нив...
    Мајка ми во сета таа тага ми се отвори за сè со што се соочувала од нејзино полнолетство, со какви ужасни личности и неволји... И нејзе чесноста, човечноста и тоа што никого никогаш прв не навредила и повредила, вака ѝ се враќа цел живот...

    Така што, ако и малку сум верувала дека постои некаква карма, Божја правда - не, сега не верувам. Сè не се враќа и не се плаќа, никој веќе не може да ме убеди во тоа. Далеку од тоа да велам дека нема еден куп среќни, спокојни, исполнети и успешни луѓе што со своите постапки со цело срце можам да речам дека го заслужуваат тоа, ниту пак си дозволувам да почнам дури и на најголемите нелуѓе да им посакувам лошо. Но, фактите и реалноста во секојдневието не покажуваат дека има никаква рамнотежа меѓу делата на луѓето и среќата што ги следи, дека има горе совршен судија што гледа и дава на сите она што заслужуваат. Суровата реалност е ова, дека и на многу благодарни и скромни луѓе животот им зема од она малку а најважно што го имаат, а и многу луѓе полни со омраза, нетрпение, склони на насилство плус никогаш незадоволни и во потрага по уште - успеваат во животот.
    Плус и што најмногу нетрпеливи и осудувачки ставови кои ме прават да губам верба во човештвото, слушам и читам од најхардкор верници... А да не зборуваме за суровите неправди низ светот од типот болести на мали невини дечиња, сиромаштија... Отсекогаш кога ќе слушнам коментар за вакви најтажни работи дека се вид искушенија и дека Бог знае што прави, нешто вриело во мене.

    Религијата мене не ми помага во овој најтежок период, ниту на мајка ми. И двете кога заради почит кон обичаите влеговме во црква неколку пати, чувствувавме уште поголема тага, можеби и револт.
    Ни помага позитивна енергија од доверливи и вистински луѓе, мене посебно и уметноста... но не и религијата.
    Ќе продолжам секако да почитувам сечие верување, освен оној тип на верници што ги спомнав погоре, а себеси не знам како би можела да се наречам - агностик, неопределена или можеби дури и накај атеист...
    Некој дури и по овие лични најискрени чувства што ги напишав во јавна тема може да злоупотреби и да рече дека сум збунета, дека се стремам само да бидам оупен мајндед и модерна, но ете, чувствував потреба во соодветната тема да го пишам ова, па се надевам дека молбата на почетокот ќе ми ја испочитувате :)
     
    На capuchino, КикиМаус, Luminary и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Dim40

    Dim40 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Машки
    Јас сум атеист и анти-теист, но ќе играм ѓаволски адвокат тука, прочитај се, па ќе видиме. дали можеш да ја прифатиш тажната реалност на животот, или ќе бидеш религиозна:devil:

    Ти неверуваш многу во господ бидејќи има неправда и зло на светот и си изгубила личност што според тебе бил нешто најдрагоцено и најдобро.Па ако ја имаш читано библијата , ќе знаеш дека злото во народот настанало откога било каснато забранетото јаболко.Тогаш Адам и Ева станале смртници и старееле.Не сме сите вечни и најдобрите луѓе умираат но сепак одат во рајот бидејќи го сакаат и веруваат во господ.

    Сега чим си атеист ќе треба да се соочиш со тоа дека животот нема никаква поента и се постои без причина, нема рај нема пекол, сите ќе умреме и се што ќе направиш нема да смени ништо.После 2 билони години од денес нашето сонце ќе стане црвен џин и ќе ја уништи земјава.А крајот на универзумот ќе се случи кога целата термална енергија ќе се "потроши(претвори во друг вид)", и црните дупки ќе ги "проголтат" сите планети полека а потоа со тек на време ќе исчезнат и тие преку "Ховкингова Радиација" и на крај ништо нема да постои и тој период ќе се вика "Црна ера" и тоа е крајот на реалноста.Ако си заинтересирана прочитај го википедија артклот "Heat Death of the Universe".

    Ова што ти го кажав е факт, но не препорачувам сите да го знаат бидејќи буди силен нихилизам.
     
    Последна измена: 15 јули 2017
  6. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.799
    Никогаш нема да бидам атеист,толку многу верувам во господ без разлика на искушенијата што секојдневно ги имам,господ многу ми помогнал и сеуште ми помага јас му многу благодарна.
    Не се откажувам од верата.....
     
    На meksikanka, marchi-cool, LegallyBlonde13 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Dim40

    Dim40 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Машки
    Уште да можеше да го докажеш неговото постоење и да направиш разлика помеѓу верник и неверник или верник во сосем друг бог, според тоа дали имаш поголема среќа или не.

    Нема разлика.​

    Господ значи помага да ги најдеш клучевите од колата, а не лечи рак или не ти растат нови прсти ако си ги исечиш старите.Исто така господ не помага ако си родена во африка и имаш зика вирус, исто така не помага ако си родена со мозочни недостатоци , господ исто така не помага од алцхајмерова болест или што било што уште медицината неможе да излечи и господ "помага" само тоа што е реално и тоа ти самата што си направила да успееш.

    Верувај си на господ и игнорирај ги тие научници и биолози што се трудат да му помогнат на човенството.

    И кога ќе умреш, ох во погрешен бог си верувала, има 4200 па така да луѓе грешаваат, вистинскиот бог бил Алах, каква штета , ВЕЧНО ЌЕ ГОРИШ ВО ПЕКОЛОТ бидејќи си пробала свинско месо!!!
     
    Последна измена од модератор: 16 јули 2017
  8. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.185
    Пол:
    Женски
    Никогаш не сум поминала низ искушение, затоа што никогаш не сум ни верувала :D. Мислам дека дури ниту во детството... што знам, кога ќе се сетам на тие денови, а Господ, а Дедо Мраз - исто ми беше.
    Верници има еден куп кои го живеат животот полошо од мене, не дека сум јас многу задоволна, можам и подобро, ама ете, нема врска тоа со вербата и не би се осврнувала натаму за помош и прибежиште, нема никаква смисла да го правам тоа, судејќи според беспоговорните верници кои не ги добиваат.
    Криво ми е кога рајата вложува толку многу надеж во апстрактности, наместо да ја насочи енергијата попрактично... или кога не си ја бара правдата стравувајќи од господ, оти само тој имал право да бара сметки (facepalm) Ама тоа е, секој со својот памет, само штета што цело општество го уредуваат по нивен принцип.
     
    На crimson и Dim40 им се допаѓа ова.
  9. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Колку искушенија имав нема да споделам, не сакам ни да се враќам наназад.
    Единствено што паднав, тоа беше на колена - да се молам на Бога. Слава му!
     
    На kuc, Таа Сум, makedonkamak и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Neophodna

    Neophodna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2018
    Пораки:
    569
    Допаѓања:
    548
    Пол:
    Женски
    Сум имала искушенија
     
  11. RAF Camora

    RAF Camora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2018
    Пораки:
    1.576
    Допаѓања:
    10.981
    Пол:
    Машки
    После несреќата во која бев на работ од смртта не сум ни размислувал за откажување од верата.Туку уште посилно верувам. Благодарен сум на Бога што ми даде втора шанса да бидам подобар човек од тоа што бев. Иако не знам колку ја заслужувам втората шанса, но сепак и покрај несреќата извлеков многу поуки и заклучоци иако бев на граница помеѓу животот и смртта.
     
    На tessie, kuc, Таа Сум и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Откако памтам за себе,искушенија еден куп сум имала,или да не речам причини за да се откажам од верата и вербата во Господ,понекогаш "нечисти мисли" ми прелетувале низ глава,траеле по неколку секунди,ама фала му на Господ срцето секогаш победуваше и разумот се чистеше... ;)
     
    На tessie, kuc, elenkata20 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.808
    Допаѓања:
    25.087
    Пол:
    Женски
    Sum se posomnevala vo verata da , no nikogas ne sum pomislila da se odkazam od istata . Ako Bog ne postoese , ke bev vekje trula vo zemja . Slava mu !
     
    На meksikanka, La.loca, melnicanecot и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.505
    Допаѓања:
    8.427
    Пол:
    Женски
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.890
    Допаѓања:
    14.247
    Пол:
    Женски
    џабе ти е се без благослов од Бога. Ние се помачивме купивме кола ни се запали од нигде никаде телевизор купивме се пукна.... Да не дискутирам повеќе.
    ама со помош на молитви и одење по манастири со чудотворие се излечиле болесто за кои што медицината нема објаснување и сме виделе и чуле многу примери. Јас два пати се најдов на работ меѓу смртта и животот и Ако не постоел Господ никогаш не ќе можев да се вратам во живот. По преживеана тешка сообраќајка и долгочасовна операција да била медицината толку јака немало докторите на моите да им дадат образложение "направме се што можевме останува да чекаме" што ќе чекаа?тоа мене ми ја зајакна повеќе вербата.
    И јас низниз ова цел живот сум минувала. Искушенија еден куп.
     
    На tessie, kuc, meksikanka и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.723
    Допаѓања:
    19.127
    Пол:
    Женски
    Не се откажав од православието заради некое мое лично искушение , туку се откажав бидејки не го чуствувам во себе и наоколу ...апсолутно ништо не сум осетила , и нема да верувам во нешто што не е научно докажано , со доказ или да искусам нешто надприродно , или да почувствувам некоја божја сила ....
    Се додека гледам страшни неправди , тешко дека некогаш би се предомислила .
    Верувам во она што ке го видам со мои очи и слушнам со мои уши .
     
  17. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.505
    Допаѓања:
    8.427
    Пол:
    Женски

    Patot do pekolot e poplochen so dobri nameri:tmi:
     
  18. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    82.105
    Пол:
    Женски
    Никогаш не треба да се откажеме Господ ни праќа искушенија колку што можеме да истрпиме ..
    Слава му !!!
     
    На Rama, carangigia, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.807
    Пол:
    Женски
    -рече бебето родено со рак.
     
    На Lolo5, theowndemon, crimson и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    На добар пат си пријателе. Не се терај на сила да правиш нешто што не ти е прирпдно.

    Не се ограничувај себе си во верувањата и практиките. Создади си сам свои правила, (не мислам на ова да бидеш деструктивен) на живеење.


    RUN
     
    Последна измена: 23 април 2018
    На Scott Weiland му/ѝ се допаѓа ова.