1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Откажување од верата - искушенија

Дискусија во 'Религија' започната од Chica.Loca, 20 април 2017.

  1. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.700
    Допаѓања:
    11.258
    Пол:
    Машки
    Да се надоврзам на @Vitaly и @Читател , од мое искуство, бев верник до 13, па мислам станав Атеист до рани 20ти, Агностичар/Етички Агностицизам форма некоја, недефинирана оттогаш. Секој со свој морал/етика, подршка од добри луѓе би нашол секогаш.

    Не осудувам никого за надеж кај бара.
     
    На Ex Luna Scientia, elimkd, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Само сликава ќе ја оставам, се друго што би додала би било сувишно.
    Прочитајте и ставете прст на глава. fe1f48b1-5dad-4990-8623-d7aea70841fd.jpg
     
    На Bender Rodriguez, Читател и Someonespecial им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.530
    Пол:
    Женски
    Оставете луѓето да веруваат во тоа што мислат дека треба да веруваат. Секој има свои причини.
     
    На Rama, carangigia, VictoriaSan и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    По нивна логика можеби треба и во иста облека да шетаме ама не, религијата им смета само и националноста. А тоа што некој секоја година измислува нова сексуална определба тоа е во ред тоест таквата определба. Во америка децата сатанизам учат во школо и тоа не им смета само Христијанството смета. Колку бизарно, мислат светот по нивна мера е кроен.
     
    На Rama, carangigia и Petra777 им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Америка е една од најрелигиозните држави.
     
    На theowndemon, Marko-MArince, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
     
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    "Сатанистичките" книги ги делеле активисти во знак на протест затоа што се делеле Библии во училиштата, а се забранувале книги од било кои други религии.
    Значи во училиштата во Америка на големо се проповеда христијанството.
     
    На theowndemon, Bender Rodriguez, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Интересна тема, која инаку ја сфаќам на сосема различен начин...

    Пред да почнам, би сакала да напоменам дека никого не осудувам и не напаѓам во поглед на верувања и надежи, како и сфаќањата како овој свет функционира; едноставно го искажувам своето мислење.

    Она што останатите го толкуваат како "искушенија" не се ништо друго освен статистичката неверојатност на некој настан кој, независно дали е предизвикан или не е предизвикан од наши дејствија и постапки, се однесува на начин кој не оди во согласност со нашите стремежи...

    Според мене, луѓето на оваа планета треба да разберат дека не е возможно самиот тек на животот да се состои само од добри или само од лоши дејствувања врз нивното целокупно постоење, бидејќи универзумот едноставно не функционира на тој начин.

    Никој не бара да биде роден и да живее, бидејќи тоа сепак не зависи од наша одлука. Меѓутоа самото страдање кое доаѓа со тој живот е неминовен, и од нас зависи дали во тоа страдање ќе пронајдеме некакво значење или не.

    Вистината е дека треба да се има рационален принцип на реалност, а тоа значи да се разбере дека ние луѓето не сме лабораторски глувци, па да бидеме тестирани како од страна на некој научник.

    Значењето на човековиот живот (кој инаку има краток рок) и сите елементи од кои тој се состои, понекогаш е погрешно сфаќан.

    Бидејќи сите мислат дека нивното постоење зависи и се сведува на нивната реакција кон, инаку природниот тек на животот, не успеваат да видат друга перспектива - Перспективата каде значењето на нивниот живот го опфаќа само фактот дека си жив, макар и тоа да е на ограничено време.
     
    На theowndemon и crimson им се допаѓа ова.
  9. Ex Luna Scientia

    Ex Luna Scientia Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 декември 2017
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    847
    Пол:
    Женски
    Бев троа бистро девојченце така што брзо сфатив дека нешто не ми штима. Мислам дека имав 12 или неполни 13 кога целосно ја отфрлив религијата - од тогаш се сметам за агностик/атеист.
    Не напаѓам никого и се обидувам да не осудувам луѓе кои ете, направиле поинаков избор од мојот и одлучиле да веруваат но за мене барем тоа е знак на недоволна еманципација. Како и да е, ненаметливи христијани и припадници на било која религија не ми пречат - ми пречи како таа се интегрира во нашево општество и нејзиното опијатно дејство врз колективот.

    Не ми пречи потенцирањето на универзалните морални вредности, туку отфрлањето на фактот дека целокупниот морал е релативен и субјетивен за секоја индивидуа. Ми пречи тоа што луѓето се дрзнуваат да им судат на другите а и на себеси заради морални принципи кои не се неопходни и се наметнати. „Искушението’’ е составен дел од нашите животи, но нашата свест и интелигенција не прави такви битија какви што сме, давајќи ни можност да избереме што е добро а што лошо за нас и за другите. Кога човек е пред тешка одлука, колку и да е преплавен од емоции сметам дека треба да преовлада рациото. Да се создаде баланс помеѓу самољубието, правдољубието и емпатијата значи да се биде универзално морален човек, без разлика на тоа дали си имал секс пред брак, дали си работел хонорарно во недела итн.

    „Искушението’’ за мене е важно само кога си во ситуација каде што се чувствуваш способно да се уништиш себе или другите околу себе. Ваквите моменти не може ни Библијата да ги упрости или искомплицира - ваквите моменти се случуваат секому. Кога зовриената крв и желбата за деструкција владеат над рациото. И не станува збор ни за некаков си ѓавол ни за бог. Тоа сме самите ние.
     
    На Lolo5, crimson, Nigredo Odor и 3 други им се допаѓа ова.
  10. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Искрено да си пишам, во тек на само еден ден, можно е пет пати да се откажам и од вера и од Бога..така да и сама незнам.....
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Искушенија сум имала еден тон,ама не подлегнав на ниедно од нив.
    Да,ми се случило да се разочарам,да си поплачам,да му се обратам на Бог низ молитва,зошто јас,зошто сето ова мене ми се случува и слично,ама никогаш не сум се откажала од вербата кон него и нема ни да го сторам тоа,а верувајте сум поминувала низ разни пеколи,ама до ден денешен си останав доследна на оној внатрешниот глас во мене кој ме тера да верувам....
    И,само да знаете,глупаво ви е она упорното верглање на муабети од типот"само слаби личности веруваат во невидлива виша сила,и религијата постои за контрола на народот"
     
    На Topcica1990, marchi-cool и Vitaly им се допаѓа ова.
  12. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Не знам во кој пост се најдовте увредени, еве ги прелистав сите за да не згрешам, ама не најдов ништо што би можело да ве понижи, омаловажи вас или вашите ставови.
    Уствари овие коментари и по другиве теми од вас увредените се прав показател што е христијанство ( и др религии ) во пракса. ;)

    Не ми е јасно како некој од вас може себе да се нарекува верник и да тврди како ке иде на таму некое си измислено небо ,рај, уатевер, после толку негативност соберена во вас, непочитување на неистомислениците, зарем не треба да проповедате љубов и толеранција, да занемарувате кавги ( а упорно ги барате и таму кај што ги нема ). Секоја дебата меѓу верник и атеист завршува со тоа дека атеистите се арогантни и немаат почит према религијата. Вклучете се со прави аргументи во една таква расправа а не на таков начин. Штета што правите верници ги има многу малце и не можат да дојдат до израз од главните глумци во тој филм.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Барем си призна дека атеистите се арогантни (90%) Се гледа каква толерантност имаш. Ајде те молам кажи што те тебе заболе глава во што верува некој верник? Нели е тоа негов личен живот? Кога ќе се спомнат педери одма реагирате еееј чекај тоа е нивен личен живот нивен избор а кога ќе се спомнат верници или религија тоа е погрешно тоа не е убаво тоа е вака тоа е онака. Нека не те засега тебе во што верува некој Рајко или Петко се додека тој не пробува тоа со сила тебе да ти го наметне.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    :D
    Прочитај си го потписот на профилот, па врати се тука и зборувај ми за толеранција и за почитување на неистомислениците, оо ти голем вернику :D
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Каде прочита дека сум голем верник? И нека не те чуди тоа што јас не сум толерантен, туку нека те чуди тоа што членови кои се изразуваат како либерали немаат тронка толеранција а нивната идеологија всушност се заснова на тоа.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  16. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.076
    Допаѓања:
    6.637
    Пол:
    Женски
    Тоа што викате имало неправди е заради луѓето не се борат за своја правда. Господ кога ке види дека се бориш ке ти го даде тоа што го сакаш.
     
    На душленце му/ѝ се допаѓа ова.
  17. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Два дена се соочувам со искушението. Не дај Боже да паднам... Мислите само таму ми летаат. Одамна не сум се почувствувала вака. Мислам дека нема да можам да издржам, а да не му одолеам... Господе дај ми сила зошто ја губам. :whew::tmi:
     
  18. melnicanecot

    melnicanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Машки
    БОГОРОДИЦА !!!!


     
    На Orthophill, Rama и La.loca им се допаѓа ова.
  19. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Свесна си дека не сакаш да изгубиш сила и да потклекнеш,тоа е многу добро,на добар пат си,само моли се и ќе се вратиш на вистинскиот пат.
    Не си сама.Сите ние сме имале искушенија,но не сме се откажале....
     
    На Orthophill, MarigoldA, kuc и 5 други им се допаѓа ова.
  20. J@cqueline

    J@cqueline Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2018
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски

    Со текст...Овој пат е многу стрмен, Боже дај трепение, сила и издржливост молитва да добијам, послушание пред се' ... На лукавиот му пречи молитвата ти знај, затоа ти не плаши се кога ќе те нападне...

    Искушенијата се тука да ја тестираат нашата верба, ги имало и ќе ги има.
    Тие укажуваат дека сепак сме емотивни и ранливи човечки битија кои знаат да бидат поведени од профаното но има изнад него друго, световното.
    Пуштај ја почесто молитвата:)
     
    Последна измена: 7 декември 2018
    На Orthophill, afrodita94, kuc и 4 други им се допаѓа ова.