1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Откажување од потомството за доброто на планетата

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ray-man, 2 април 2019.

  1. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Машки
    Што сѐ не ќе најде човек на интернет.

    Ниту во Германија како да не може повеќе без скандали. Во епицентарот на најновите е 38 годишната гимназиска професорка Верена Брауншвајгер и нејзината книга Кinderfrei statt kinderlos (Нераѓање наместо безбедност).

    Брауншвајгер во својот манифест немала влакна на јазикот. Без срам објавила дека "нови деца не се потребни", бидејќи со нивното доаѓање на свет ќе се влоши климатската ситуација на планетата. Токму така.

    Објаснила дека секоја нова гадна уста значи нов тон на јаглен диоксид. И предупреди: "Наскоро ќе нема да имаме што да дишеме. Мразовите ќе се стопат и сите ќе пропаднеме. Престанете да раѓате!".



    [​IMG]


    Брауншвајгер апелира жените доброволно да се откажат од мајчинството, а како друга причина за тоа ја наведува и економската криза. Уште додаде дека за мајките на породилно боледување работат сите оние кои немаат деца. А, тоа според неа не е правилно.

    [​IMG]


    "Од децата нема никаква корист. Тие никого не прават среќен. Родителите се зомби кои се движат. Уште Ниче говореше дека новороденчињата се нова прашина која пристигнува во овој свет".

    Во Германија по повод на манифестот веќе прашуваат прашања од типот: "На што мислеше Брауншвајгер кога раѓаше деца?".

    https://tocka.com.mk/vesti/302998/g...ojte-da-ragjate-od-decata-nema-nikakva-korist
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Па не е далеку од вистината.
    Порано раѓале по десет деца за да работат на нива...сега се раѓаат за да се продолжи лозата и да се наследи имотот.
     
    На Alisa22, La.loca, LollySky и 3 други им се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    И за да бидеш сведок на нивните тантруми иако се нечии туѓи деца кои не ти претставуваат ништо во животот.
     
    На LollySky, Nigredo Odor и poenta им се допаѓа ова.
  4. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Машки
    Би сакал да ја прашам, зошто да не се раѓаат деца?
     
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Прашај ја!!
     
  6. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Машки
    Брауншвајгер во својот манифест немала влакна на јазикот. Без срам објавила дека "нови деца не се потребни", бидејќи со нивното доаѓање на свет ќе се влоши климатската ситуација на планетата. Токму така.

    Објаснила дека секоја нова гадна уста значи нов тон на јаглен диоксид. И предупреди: "Наскоро ќе нема да имаме што да дишеме. Мразовите ќе се стопат и сите ќе пропаднеме. Престанете да раѓате!".

    "Од децата нема никаква корист. Тие никого не прават среќен. Родителите се зомби кои се движат. Уште Ниче говореше дека новороденчињата се нова прашина која пристигнува во овој свет".

    Дојден е крајот...
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Освен последниот цитат, кој најверојатно е изваден од контекст поради кликови, не знам каков проблем гледаш во останатото.
    Точно е тоа, од пренаселеност се уништува планетата.
    Не прочитав што точно кажала, но сигурно не препорачува никој да не раѓа, така? Ако не те мрзи најди добар, точен извор и прочитај.
    Oд тоа што јас го најдов, нејзината теза е инспирирана од постојаните прашања - зошто не раѓаш? Има 38 години и одлучила да нема деца. Постојано се соочувала со неодобрување од околината. Нејзината одлука, меѓу другото, била инспирирана и од проблемот со пренаселеност на планетата. И е сосем океј како избор. Таа ништо не наметнува, само кажува дека државите не треба да поддржуваат многудетни семејства. И тоа е океј. Став. Поддржан со научни факти.
    А овие порталиве за кликови, веќе аман!
     
    На kim.k, LollySky, Sesil и 24 други им се допаѓа ова.
  8. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Машки
    Со или без клик-портали, лудило е тоа што тврди дека наталитетот е опасен по планетата. Што е следно, масовни самоубиства?
     
    На Elenpelen му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Да, логично доаѓа. После еден ваков текст на нет следно не останува ништо друго освен масовни самоубиства.
     
    На kim.k, LollySky, sj *O* и 12 други им се допаѓа ова.
  10. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.606
    Пол:
    Женски
    Не е лудило, туку факт.
     
    На kim.k, sj *O*, crimson и 7 други им се допаѓа ова.
  11. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Машки
    Факт од раст на население = се уништува планетата?
    †††

    Дека има сѐ на нет, има. Не ја гуглав жената, само сакам да кажам дека секоја помисла или идеа слична на нејзината од текстот, е вон нормала.
    Индивидуално да се донесе одлука за да нема деца ајде у реду. Ама да повикуваш на тоа?
    Еден ден ќе нѝ требаат дечиња, и тоа многу ќе нѝ требаат.
     
    На Elenpelen му/ѝ се допаѓа ова.
  12. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски

    Е еден убав ден ќе ги вадат од лаборатории а не од породилишта, едноставно по желба ќе ги принтаат.
     
    На НинаА1111, LollySky, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    До 2050та ќе бидеме 9 милијарди...
    Моментално, во една година, човештвото прави 2,2милијарди тони отпад.

    Humans have used a year’s worth of Earth’s resources in just seven months

    The costs of the “ecological overspend” include biodiversity loss, deforestation, soil erosion, collapsing fisheries, fresh water scarcity and the buildup of carbon dioxide in the atmosphere, leading to a vicious circle of climate change and more severe droughts, wildfires and hurricanes.


    Колку повеќе луѓе, толку повеќе загадување, толку повеќе уништување на планетата...

    Еве линкчиња со информации

    https://www.overshootday.org/
    https://www.footprintnetwork.org/
     
    На Leviosa2503, LollySky, Sesil и 11 други им се допаѓа ова.
  14. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.995
    Допаѓања:
    279.295
    Прочитав неколку нејзини интервјуа.
    Да се укинела помошта за фамилии со деца(претпоставувам детски додаток и сл.) а на сите без деца на 50год да им се даде премија од 70 000 еу8-|.
    Се прашувам дали би одела и понатаму со овие ставови и да се укине помош и за лица со посебни потреби, за лица кои имаат потреба од терапии за стимулирање(физио, ерго...), лица кои имаат потреба од придружба во текот на денот за обавување на своите потреби...
    Оти нели, не само воздух што трошат на планетава па и државни пари трошат.

    Давање пари на фамилии со деца било како на куќа што гори да дотураш дрва.
    Деца се раѓале од егоистички причини.
    И најважното. Само оние без деца биле левичари, екологисти и феминисти.


    Да не продолжувам. Треба цела тема за една ваква теза. Се жали била дискриминирана бидејќи нема деца, бидејќи фамилијата со деца над нејзиниот стан биле гласни, бидејќи нема посебно лоби во авионите за луѓе без деца....
    А да си ги препрочита уште еднаш сопствените дискриминирачки ставови не е лошо.
     
    На do-re-mi, m.i.g, Herrera и 16 други им се допаѓа ова.
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Забегала :D

    Но има голема вистина во тоа дека треба да се крева свеста за пренаселеноста.
    Индија, на пример. Сите проблеми со загадување и гнасотија произлегуваат токму од тоа.
    Па и Скопје.

    Секој што сака да има деца, нека има. Пет, шест, колку што е способен да изгледа. Но пренаселеноста е товар за планетата и тоа е факт. И кампањите што поддржуваат многудетни семејства се контрадикторни. Не дека треба да се ограничи на едно дете ко во Кина. Секој нека има колку сака, но да се дава месечна плата за трето дете ко стимулација за раѓање... не ми е океј.
    Има секакво право да си изрази свој став. Ако повеќе жени се согласат и решат да родат едно или воопшто да не раѓаат, ќе дадат свој придонес. Еееј, во Индија знаеш каква разлика би направило тоа? :D Како нивна свесна одлука, сосема е во ред.
    Само скроз е забегано да ти пречат туѓи деца и да ги гледаш ко штетници... зашто од тој поглед, и самата таа е штетник и ќе придонесела за почиста Земја доколку не постоела.
     
    На LollySky, Sesil, Animali и 12 други им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.995
    Допаѓања:
    279.295
    Читав критики на нејзиниот манифест каде се велеше дека е расист. Во смисол давање предност и некаков вид доминација на белата раса. Но претпоставувам човек треба да ја прочита книгата за самиот да го оформи ставот и да донесе заклучок.
    Според тоа што го прочитав од интервјута тие што се веќе родени не можеме да ги уништиме, па превентивни мерки за наредните генерации. Што некако е ок. Игра на зборови е дали суштината ќе биде пренесена со поблаги или поостри зборови.
    Но уз пат тон критики, навреди, осуди кон родителството и родителите, барања(или поточно желби) за укинување на некакви човечки права и бенефиции итн.
    Толку многу се грижи за големата слика а она што и е пред носот не го забележува.
    Недостиг на емпатија на многу можни нивоа.
     
    На Herrera, WildMk, TashSefton и 6 други им се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Имавме еднаш муабет на форумов дека жени без мајчински инстинкт се бесчувствителни.
    Епа... :D
     
    На Animali му/ѝ се допаѓа ова.
  18. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.995
    Допаѓања:
    279.295
    Не би рекла.
    Преостро се труди и обидува да докаже и оправда некоја своја теза па сама одлучува дали некој е добар/лош родител бидејќи му дозволил на своето дете да игра во стан, дека некој не е феминист бидејќи родил дете, дека на милиони деца треба да им се укине детскиот...за сите овие работи нема врска дали си родител или дали поседуваш некаков мајчински инстикт.
    Едноставно поширок видик на нештата е доволен.
     
    На An-na, Herrera, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Не ме сфати, но добро.
    Мајчински инстинкт нема врска со тоа дали си родител или не.

    Инаку мислам дека вакви дебати се корисни. Ќе има и радикални мислења, но нека. Нека се размислува, па секој за себе нека одлучи.
    За укинување детски додатоци, не се согласувам дека треба да се преземе ко мерка за оние за кои веќе важи. Но се согласувам дека треба да се укине за наредни генерации. Треба помош за мајките, до две години додека се вратат на работа. Потоа, треба да им се помогне да имаат еднакви работни права и можност за вработување.
    И да се зборува за проблемот, кој е реален.
     
    На LollySky, Animali, WildMk и 4 други им се допаѓа ова.
  20. ray-man

    ray-man Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2012
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    390
    Пол:
    Машки
    Решение: да го промени местото на живеење. Потполно се согласувам со мислењето.