1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Откажување од потомството за доброто на планетата

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ray-man, 2 април 2019.

  1. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.683
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    И јас го делам овој став :tmi:
    Верувале или не за 10-20-30 години ке дојде такво време ...
     
    На LollySky и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.995
    Допаѓања:
    279.299
    @LivingGlam те препрочитав. Сега сфатив.

    Kinderfrei statt kinderlos мислам дека посоодветен превод, иако е слободен, би било (о)слободен од деца наместо бездетен.

    Не она нераѓање наместо безбедност. Не сфаќам како дошле до овој превод.

    Претпоставувам целта на овој слоган е на немањето на деца да се гледа како ослободување/растеретување/олеснување... спроти она бездетно кое звучи како товар/тежина или непосакуван епитет.
     
    На do-re-mi, Herrera, LollySky и 3 други им се допаѓа ова.
  3. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.188
    Допаѓања:
    5.312
    Пол:
    Женски
    Мислеле на беёдетен и направиле печатна грешка, и мене ми падна чудно тоа,, безбедност.,, Бездетен е сосем логично.
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    52.600
    Пол:
    Женски
    Факт е дека планетата е пренеселена и треба да се превземе нешто околу тоа. Ама ако таа од првото мислење на темава ги гледата децата како зло тоа е друго и не е нормално.

    Инаку се согласувам дека во светот не треба да се промовира наталитет и да се поддржуваат многудетни семејства. Ниту па да се забранува и пропагира воопшто нераѓање деца. Секој нека прави како што му е убаво, само мора да се мисли и на глобално ниво. Не гледам нешто многу лошо во тоа што Кина дозволува едно дете, не можат да се допрехранат од толку многу што се. Да не зборувам и за Индија, 1 милијарда луѓе на толку мало место. Колку загадувања потекнуваат од таму и Кина.

    Сакам да кажам, нераѓањето деца, тој што ќе се одлучи на тоа прави повеќе добро за планетата, и не треба да се гледа како изрод или како "ѓаволот да влегол во него". :)
     
    На Feminka22, Anabelle.Amorette, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Не може во насловот на темата да стои Германска професорка порачува/апелира...? Зашто вака смешно е.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Иако пренаселеноста реално е проблем, професоркава навистина застранила со ставовите во екстремни и веќе нехумани води, според ова што пишала Даничап (бидејќи на балкански портали не верувам баш, германски не знам - а само такви линкови најдов за неа, немаше ништо на англиски).
    Има многу почовечки начини за придонес во екологијата и зачувувањето на животната средина, кои не вклучуваат мешање и осуда на нечија желба за семеен живот. А ниту со феминизам нема врска истово, баш напротив.

    Јас од сосема друг аспект мислам дека родителството треба да почне да се контролира низ светот, т.е. да се подигне свеста дека истото се учи како што се велеше во една реклама некни. Многумина не заслужуваат да бидат родители, барем додека не им се отворат очите и срцето за многу работи - не само поради пренаселеноста, туку и зашто создаваат несреќни и несигурни генерации.
    Исто така сосема сум против кампањи за многудетни семејства, парични надомести според бројот на деца, и слично.

    Но сепак децата не се виновни за ништо, ниту веќе родените, ниту тие што ќе се создадат во иднина - а ниту родителите кои со љубов ги зачнуваат и растат. Банален е патријархалниот наратив со мајчинството како задолжителна најважна улога на жената, но не смее емпатијата и човечноста да се загуби во контрирањето на истиот.
     
    На zuto, LollySky, Anabelle.Amorette и 6 други им се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.995
    Допаѓања:
    279.299
    Па да, нема врска со феминизам. Според нејзе оние кои имаат деца не се Феминисти.

    Она што ми падна во очи.
    Изјавува дека на 30год. кога го запознала сопругот, он бил среќен дека наскоро ќе може да стане татко (претпоставувам мислејќи на жена-брак-бебе, на таков редослед). Ама сега е горда што го убедила во нејзиново верување.


    Постојат многу многу подруги начини и методи за дас е предизвика некаква промена околу пренаселеноста. Она и нејзиново тврдење ми се целосно погрешните за истото.
     
    На zuto, Herrera и DAngel им се допаѓа ова.
  8. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.882
    Допаѓања:
    52.864
    Пол:
    Машки
    Не знам на кои дроги е професоркава ама и препорачувам да ја намали дозата:whew: Нема никаков корист од новороденчињата бе,ј*бал те Ниче(facepalm) Пренаселеноста е факт ама тоа не се решава со вакви радикали мерки,ај ако не да примениме вазектомија на сите мужи и ќе се реши пренаселеноста:envy: Или ко Танос,да убиеме пола човештво за другата половина да живее поубаво.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.643
    Допаѓања:
    52.600
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20190403-160657.png
    Да додадам, темава ме потсети на овој факт. Ова е преголем скок на популацијата за толку кратко време. Ако не се превземат мерки и неконтролирано расте, повеќе нема ни да имаме планета за живеење. Ќе ги искористиме до крај сите природни ресурси, со еден збор сами ќе се уништиме.

    Се согласувам со @Someonespecial и сметам дека еден од најголемите виновници е патријархалниот пристап, дека мора да се раѓа. Треба мерки, само не радикални и крајно апатични како тие од професорката.
     
    На LollySky, Anabelle.Amorette, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Колку е понапредно општеството, толку помалку деца се раѓаат...
    Едукацијата, финансиската независност на жените, и рамноправноста меѓу половите го 'регулира' наталитетот.
    Пример се веќепостоечките земји.

    Е сега, проблем од друга страна е, што понапредните земји, користат повеќе ресурси, него ли посиромашните...
    Не менуваат луѓе без пари мебел на 2 години, ниту купуваат шминки, ни алишта 'оти немат што да облечат'... итн, итн..

    Пренаселеноста е еден проблем, конзумеризмот е уште еден.
     
    На LollySky, oblace1, Anabelle.Amorette и 4 други им се допаѓа ова.
  11. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.995
    Допаѓања:
    279.299
    Во некое од интервјуата го имаше спомнато и тој момент, конзумот. Не запамтив точно, но имаше некоја статистика дека на едно дете во германија се троши колку на деца во цела градинка или цело село во африка. Она што го спомена и ти, посебно на облека, играчки и сл.

    Значи манифестов не е само за воздухот, туку и на сите останати сфери, иако на конзумирањето како што спомена, влијаат други фактори, не дали се има деца.

    Се прашувам кои промени сака да ги предизвика во германија каде што наталитетот е дури под просекот. 1.5 дете на жена.
    Да дојде на 1, на 0.5???

    Баш ме интересира дали има идеи или предлози за земјите каде што наталитетот е драстично повисок а и финансиски не се во можност да ги издржуваат тие деца, спроти една западноевропска фамилија.
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Не знам, од една страна Германија нема работници и ги увезува, од друга страна ова. Се е денес пропаганда.
    Сметам дека кога сите би биле совесни и би живееле во хармонија со природата, би имало место за секого под сонцето, ама тоа останува илузија. Веројатно „проблемите“ ќе бидат решени така што некогаш ќе има војна после која ќе се контролира целата популација и по бројност меѓу останатото.
     
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Не реков дека само децата се фактор во прекумерно конзумирање, туку општо, и деца и возрасни... во земји во кои народот е финансиски моќен.

    Тоа се иначе идеите за намалување на наталитетот во посиромашните земји: Едукација, финансиска стабилност и родова еднаквост.
    Функционира, докажано...

    А конзумеризмот за да се 'запре', треба да исчезне капитализмот.

    Една од опциите е таа.. постапокалиптичка дистопија.. Ништо чудно да се случи..
    Пошто за живеење во хармонија со природата треба свеста/размислувањата на луѓето да се на тоа ниво.. А за тоа треба еволуција и време... многу време...
     
  14. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Проблемот не е раѓањето деца!
    Секој кој и мисли добро на планетата нека мрдне малку пешки, со велосипед или помала ќе биде штетата ако користи јавен превоз, отколку требало не требало да пали автомобилот.
    Па веќе од толкууу автомобили се угушивме. Сè повеќе и повеќе гледаме автомобили, дури нема веќе и кај да се паркираат, па да можат и врз глава ќе ти ја паркираат колата.

    Освен тоа, секој треба да биде свесен кај се фрла ѓубрето, а не кој како стигне кај најде таму фрли го ѓубрето, па после загадена е планетата, епа загадена ќе биде.
    Селекција на отпад и рециклирање, слабо некако.

    Сечење дрва и палење шуми, па после нема кислород, епа ќе нема.

    Да не заборавам на загадувањето од фабриките, кои немаат филтри на оџаците.

    Потребно е развивање на еколошка свест кај сите. Сите да се промениме на подобро, да направиме сè што е од корист на планетата, ако сакаме да ја зачуваме и после нас да можат да продолжат да живеат идните генерации.
    Овој проблем не се решава со не раѓање деца, а ние веќе родените ако продолжиме да се однесуваме како најголеми душмани на оваа планета.
     
    На LollySky и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.995
    Допаѓања:
    279.299
    Да, точно те сфатив. Дека на кознумирањето влијаат други фактори, не само децата. Се сложувам дека финансиската моќ си го прави своето, независно дали се има деца.
    Проблемот е реален. Начинот на справуавње со истиот целосно погрешен.
    Не дека верувам дека многу сериозно ќе ја сфатат, ама ете. Го убедила мажот и, сигурно ќе се најдат и некои други истомиленици.
    Да не беше вака радикален ставот немаше ни да добие медиумска покриеност.
     
    На Herrera и WildMk им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Џабе автомобилите, кога најголем загадувач .. добро, еден од најголемите е метанот од стоката која ја користиме за храна..
    Буквално, прдењето на кравите е меѓу првите три најголеми причини за загадување на планетава :D

    Ма секогаш ќе има луѓе кои се приклоници на радикални движења.. Не само ова... Нацизмот пример.. си цути и ден денес во некои групи на луѓе..
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Да, една нуклеарка да им мавнат. И да ја остават Германија на мира оти има низок наталитет. Германија сигурна е, другите нека му ја мислат.
    Не само деца, да не трошиме, да бидеме со поразвиена еко свест, со јадење месо да намалиме...во планина некаде за иднината на нашите деца. Пардон. нашето дете или детето на комшијата пошто ние баш не мора да имаме.
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Па и не е така низок. наталитетот.. 1,5 не е страшно..
    Дефицитарен имаат некои земји..

    И не е лошо тоа со увезувањето работна сила.
    Ќе ги интегрираш во 'напредно' општество и ќе ги научиш (ако не првите, тогаш наредните генерации), дека има повеќе во животот од сиромаштија и раѓање 10 деца.
     
    На LollySky и Amellie13 им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    И ќе троши така еманципиран и образован колку за 5 или 10 најмалку и ете ти пак штета за Земјата.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Тоа да...