Откажување од потомството за доброто на планетата

Discussion in 'Општи дискусии' started by ray-man, Apr 2, 2019.

  1. danichap

    danichap Moderator Staff Member

    Joined:
    Jun 26, 2011
    Messages:
    16,559
    Likes Received:
    289,421
    Ете, и тоа не кажав. Не јаде жената месо. И со авиони мислам не летала.
    Па за проблемот да се реши на глобално ниво треба поголема популација да биде опфатена од некаков манифест. Вклучувајќи и земји како Индија на пример.
    Ако главен проблем она го кажува дека е трошокот од 50 тони co2 по дете.
    Тоа ми беше прашањето. 1.5 дете, под просек што е една земја, вика многу co2 било.
    Она вика не можело(или смеело) веќе родени деца да се уништат, па води план за неродениве. Каде да се скрати. Почнува од кај германците, дискутира нивниот просек како голем.
     
    Herrera likes this.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Joined:
    Dec 29, 2013
    Messages:
    9,703
    Likes Received:
    134,977
    Зошто се концентрира само на раѓање? И ако почнува од земји што и немаат висок наталитет тогаш мисли само за својата удобност. Во такви земји како Германија би можела да напише статија за трошење, користење на природни ресурси, нека не се бања секојден, нека не вози автомобил, ете месо не јадела, па нека проповеда вакви работи штом немаат проблем со наталитетот. За да оние од Индија го прифатат како совет -не раѓај деца, треба прво цел ментален склоп да им го смениш па после. Ама почнува од она што неа и се чинело како најсоодветно затоа што самата веројатно не сака да има деца, не оти се воздржува за доброто на Земјата.
     
  3. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Joined:
    May 17, 2015
    Messages:
    1,146
    Likes Received:
    14,447
    Gender:
    Female
    Прво, ова е не е нормално :@
    Го почитувам изборот на другите, односно нејзниот да не раѓа деца, ама не смее да шири пропагнда ваква. Пренаселеноста е проблем. Ама тоа не значи дека мора да се престане да се раѓаат деца. Ќе ја редуцираме биолошката улога на жената? Па да не заборавиме дека има и морталитет, не сме вечни. Не можам да разберам како на децата гледа како на зло. Многу егоистично, себично, размислување со интелигенција еднаква на собна температура :x Овде си го припомнувам Џорџ Орвел и неговата „1984“, а тука некаде е и „Brave new world“ :worried: Пополека се движиме натаму. Зошто на пример не се откажат од потомство најбогатите фамилии? Зошто кога типкава е загрижена за глобално затоплување и јаглерод диоксид, на сето внимание кое го предизвикува, не покрене свест кај луѓето за опасноста од нуклеарните проби (од кои најмоќните држави не се откажуваат) ? Ќе немало ресурси заради децата, не бе, ќе нема кога најголем дел од светското богатство лежи во раце на неколку луѓе и тие ја диктираат економијата. Значи едни ќе живеат како господари, а други нема да имаат прилика да се родат, за да не ги загрозат првиве, ова според неа. Не било праведно да работат тие што немаат деца, а другиве да се на трудничко боледување. Аха, според неа мајките што туку породени да го занемарат своето здравје, да го остават бебето во клучните моменти, и да дојдат да работат за типката да не се чувстува обесправено. Изопачено во секоја смисла |(
    Како правник, ќе кажам дека може да биде тужена за две работи. Првата, затоашто никој, ама баш никој не смее да се меша во сферата на приватниот и семејниот живот на луѓето (чл. 8 Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи), како и во одлуката на жената да управува со својот живот и со своето тело. Она што таа го прави е поттик и доведување во заблуда. Втората, затоашто демонстрира говор на омраза против децата и врши дискриминација кон нив, и со тоа директно ја крши Конвецијата за правата на детето. Се надевам дека граѓаните, разните организации, кои таму се партиципативни, ќе ја оспорат книгата и нејзиниот став.
    Класична егоистичка пропаганда :x
     
  4. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Joined:
    Nov 8, 2018
    Messages:
    2,338
    Likes Received:
    9,436
    Gender:
    Female
    Јас се согласувам со ова мислење што и не е далеку од реалноста.
     
    LollySky likes this.
  5. menov

    menov Активен член

    Joined:
    Mar 4, 2019
    Messages:
    28
    Likes Received:
    38
    Се согласувам со тебе,ова што го пропагира професоркава во најмала рака е болесно.
     
    zuto, oblace1 and SeaMermaid like this.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Joined:
    Oct 12, 2011
    Messages:
    5,083
    Likes Received:
    27,335
    Всушност не е проблем самата пренаселеност колку што е однесувањето на самиот човек и работите кои мора да ги прави за да си олесни.
    Кога би живееле како неандерталци без да се гради како денес, без користење горива, без електрична енергија и уште многу работи од кои би требало да се лишиме, планетата би била поштедена. Или барем како Амишите. Ама колку и да се труди човек, неизбежна е барем минимум штета врз природата.
    Така да, женава е во право, ама и не е во право. Свесни сме сите кои се последиците од пренаселеноста.
    Ме интересира само дали женава користи дома струја, дали вози кола, дали користи пластични ќеси, дали користи хартија...зашто не верувам дека живее како пештерски човек.
     
  7. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Joined:
    Dec 12, 2015
    Messages:
    4,920
    Likes Received:
    34,198
    Gender:
    Female
    За мене не изгледа книгава контрацерзна.Самиот наслов кажува " Ослободена од деца наместо бездетна" .Ја немам прочитани но по рецензиите видов дека се бори за избор на жената без осуди од општеството.Да не се користи поимот"kinderlos" туку "kinderfrei".
    Се согласувам со тој став.Не треба никое семејство да биде осудувано ако несака да има деца и да се смета за себично.Подобро без деца отколку чедоморство.
    За да ја мрдне темата од мртва точка мора да има контраверзни гледишта со кои ќе се презвика бура .Таа се истоветува со Бриџит Јонс и Кери Бредшоу.Целата книга е еден маркитинг трик:$
     
  8. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Joined:
    Jun 12, 2015
    Messages:
    926
    Likes Received:
    1,933
    Gender:
    Male
    Нејзин живот, нејзина одлука, ама ако веќе до толку сака да постигне енергетска ефикасност, наместо да труе луѓе со нејзините себеуништувачки агенди, уште одма нека оди нека се обеси, или може и да летне од некаде или слично. За добро на човештвото.

    Но најдобро да побара стручна помош во најблиската психијатриска установа...
     
    Last edited: Apr 3, 2019
    zuto and SeaMermaid like this.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Joined:
    May 31, 2010
    Messages:
    13,854
    Likes Received:
    80,913
    Gender:
    Female
    Тажно ми е што некој мисли вака. Реченицава повеќе ми звучи како одбивност кон децата и родителството отколку како грижа за планетата. Но почитувам став.
    Дека има пренаселеност, има. Дека има еколошки катастрофи, има. И фали свест, многу.
    Далеку подобро би било кога би се раѓале деца со желба и љубов, а не затоа што така ,,морало“ или „требало“. Потполно поддржувам жени чиј избор е да не раѓаат, од било кои причини. Тоа е многу поправилен избор од изборот да се роди дете само затоа што „природата налага“ и за да се продолжи лозата. Жените апсолутно не се на планетава само за приплод. Некои раѓаат деца само поради тоа, па после им го прават пекол животот на децата. Ем децата несреќни, ем еве проблеми со пренаселеност.
    Можеби Брауншвајгер звучи грубо изразувајќи ги ставовите, но предупредувањево сметам дека е во ред. Иако јас би сакала да имам дете или деца, сметам дека една или две усти не би предизвикале проблем за планетата, сепак знам дека ги има и такви со различен став од мојот и тоа е океј.
     
    LollySky, Mishela, danichap and 3 others like this.
  10. macencef

    macencef Популарен член

    Joined:
    Jun 20, 2011
    Messages:
    2,125
    Likes Received:
    3,173
    Gender:
    Female
    Наталитетот е непредвидлива категорија. Некои парови со смеење ќе направат 5 деца, ама на нив отпаѓаат 5 парови кои немаат или маки мачат да имаат барем едно дете и уште неколку други сингл што се вечно.....да се контролира бројот на деца спрема парите кои ги заработуваат фамилиите да, ама не раѓајте е глупост. Во арапскиот свет убаво е направено, жени имаат колку што имаат пари. Толку. Значи и се ограничува и бројот на нивните деца, индиректно....
     
  11. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Joined:
    Apr 23, 2017
    Messages:
    7,014
    Likes Received:
    14,502
    Gender:
    Female
    не верував дека и вакво нешто ќе прочитам
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,939
    Долу капитализмот 8-|8)

    Мене ми текна на "2BR02B", кратка научно фантастична приказна во која се зборува баш за контрола на пренаселеноста. Морничава и психолошка, ама...
    Капитализмот зацврстува наместо да се руши, големи пари се вложуваат во сѐ и сешто. Реклами за трето дете се смешка, ограничување и забрана на раѓање е исто смешка.
    Читав денес, дојде време кај што десничарите понормални работи од левицата кажуваат. Почнуваат и тек ќе почнуваат луѓе кон десницата да се вртат. Нормално дека тоа ич не е фино, ама при забегана левица и немаме некој избор.
    Ај на здравје, шардонето ме чека. До после во некоја пијана тема чекајте ме.
     
  13. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Joined:
    Jul 13, 2017
    Messages:
    18,307
    Likes Received:
    226,950
    Gender:
    Female
    Само на основ на насловот ќе одговорам. Не. Не би се откажала. Ако некој мисли дека човештвото треба да не се размножува нека се убие, ќе помогне ете со тоа.
    Може само свесноста кон планетата земја да се крене на повисоко ниво. А не да не се раѓа. Глупо е.
     
    oblace1 likes this.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,309
    Секое радикално движење е контрапродуктивно.

    Нема сеуште модел на општество кое би функционарало во единство со природата.. Ни едно.. Па ни Амишите.
    Плус, сите сакаат пари, а за да направиш пари, треба да измислуваш нови и нови потреби(непотребни), за да можеш да ги продаваш, за да правиш профит.

    Не го сакам капитализмот како уредување, ама нема 'поарно' од него... сега-за сега.

    Плус.. не мора да заврши катастрофално.. Не мора да е дистопија...
    Се' зависи од нас.

    Некој поназад имаше напишано дека законот за едно дете во Кина, бил добар..
    Не беше, ич не беше добар.
    Пишував за ова по темите.
    Најмногу настрадаа... како обично, жените... Посебно женските деца.
    Така кога на сила ќе им наметниш на луѓе, нешто што се коси со нивниот концепт за 'правилно'.

    А оваа од уводниот коментар, не ни сакам да ја анализирам и образложувам..
    Исто како да седиме и да анализираме еден Ариец...
    Проблемот е поширок, не е канализиран само во писателската дијареа на еден човек...
     
  15. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Joined:
    Nov 17, 2012
    Messages:
    13,119
    Likes Received:
    163,770
    Gender:
    Female
    Уште многу од она што не се јаде треба да изедат поединечни радикали за да ја стигнат десницата, Енџи.
    Додека вакви примери со само изнесен став (о)стануваат предмет на потсмев и осуда, десницата во разни делови од светот си спрема и носи контроверзни закони. А и нечуениве ставови се нездрава и екстремна реакција на општествените норми кои се совпаѓаат со десницата, да не заборавиме. Женава забегала со ставовите до таму поради предрасудите кон жени кои не сакаат деца, таму лежи коренот.
    Десницата е патријархатот во глобала. Нешто како што рече ти прееска за мизогинија и мизандрија, така мислам јас за радикална левица/десница, барем во денешно време. Првите се кринџ и иритираат, вторите се сериозно опасни.
     
    LollySky and lovestoneddd like this.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,939
    КАпитализмот е одговорен што 1% од населението ги има 99% од средствата, како е тоа добро, ич не знам.
    Погледни какви закони се носат под име на левицата во светот деновиве, па ќе збориме кој кого ќе стигне. Не сме ни ние далеку. Левицата станува небезбедно место за жените, целосно антифеминистичко движење водено само од капитализмот. И едните и другите не се нормални.
    Еден твит што убаво го доловува моето мислење и за едните и за другите. Ги заболе и левицата и десницат за нас...
    [​IMG]
     
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Joined:
    Nov 17, 2012
    Messages:
    13,119
    Likes Received:
    163,770
    Gender:
    Female
    Какви, и за каде тоа мислиш? Не следам (доволно) светска политика, не сум сретнала нешто такво. Пиши баш на што мислиш во посоодветна тема или во порака :)
    Дури ни кај нас не ми изгледа таква ситуацијата, за сѐ си останавме утепани ко порано и со левиве, но во врска со човековите и женските права се мрда барем малку напред (Истанбулска конвенција, антидискриминација, абортус...).
    А целосно искоренување на експлоатацијата на труд, како и на природните ресурси, е доста далечна утопија, за жал. Се согласувам со Вајлд, засега нема некакво решение и подобра опција од капитализмот...
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,939
    Ние не ни имаме соодветна левица и десница, кај нас и онака сѐ е измешано. Сите гледаат да му се допаднат само на народот, сите веруваат крајно популистички мерки само.
    Капитализмот и феминизмот се взаемно исклучителни. Не можеш да имаш феминизам во капитализам. Со кого бараш еднаквост? Жена како домаќинка и напралтена работа по дома за жените е капиталистичка измишљотина, исто така. Иако патријатхатот ми предстои на капитализмот, капитализмот го зајакнува патријархатот.
    Од друга страна, моќта е кај тие со многуте пари, а кај нив е и контролата. Нефинансирано феминистичко движење е ништо во споредба со искривени движења финансирани од големите батки. Така да, борба за еднаквост под капитализам е немогуча мисија. Ако мислите дека капитализмот е најдобро што можеме, да си легнеме на брашното, оти Истанбулската конвенција е мачкина кашлица, а не некоја кој знае каква победа на жените во Македонија.
    И во Хрватска е ратификувана Истанбулската конвенција според која семејното насилтво е кривично дело, па пак, поголем дел од семејните насилства завршуваат само со прекршочни. Чуму фајде?
     
  19. Sesil

    Sesil Moderator Staff Member

    Joined:
    Nov 27, 2014
    Messages:
    7,182
    Likes Received:
    137,513
    Gender:
    Female
    На кратко - не, и не треба. Ама треба подигање на свеста, едукација. Опишаното во насловниот пост е премногу екстремно. Но дека се потребни мерки за успорување и намалување на наталитетот - се. Ресурсите се ограничени и се помали се резвервите.
    Колку е понеразвиена една земја, толку е поголема стапката на наталитет, потежок животот. Додека развиените земји имаа низок или негативен наталитет, но имаат многу висок квалитет на живот. Епа јасно е нели што треба да се превземе.
    Не зборам за убивање на веќе родени, уништување цели народи. Ама едукација, еманципација, подигање на свест. Малку споро би идело, реално треба време, но долгорочно сметам дека би било поуспешно него било која радикална мерка.
     
    WildMk likes this.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2018
    Messages:
    37,714
    Likes Received:
    283,309
    Не е добро, ама е најдобро од сите, до сега испробани опции за општествено уредување.
    Надеж ми се Скандинавските земји. Кај нив има наклонетост за ремоделирање на капитализмот во некоја врста на социјализам...

    Вака е - како што е, затоа што 'толку ни делилде' Енџ....
    Значи не 'најарно', туку овај е степенот кој сме го достигнале. Еволутивно и логично... Не знам како да кажам...