Целиот проблем е што темава се базира на шкљ напис од шкљ портал, без наведени извори и паушален превод. Уште поголем проблем е што најголем дел од луѓето не читаат подалеку од насловот. А веројатно најголем проблем е непочитувањето и осудувањето на нечиј став и избор.
Дека сме пренаселени, пренаселени сме. Ама има земји каде наталитетот е низок, но има и каде е превисок. Не дека сме сегде пренаселени.Во Кина,Индија и другите на Далечен Исток да ме извините се котат како глувци, во Африка децана немаат пивка вода за пиење. Има рапидни разлики.Плус имаме уште општества каде има многудетни фамилии со многу деца. Јас кај нас во Скопје знам фамилија со 9 деца и тоа моја возраст.Луѓето не се затуцани ама ете си направиле повеќе деца, сва среќа имаат средства за нивно одгледување па не мора голи и гладни да шетаат.Ама тоа е веќе друго, си имале услови си направиле. Не би се согласила баш со професоркава што и да е бидејќи има многу начини како да се контролира пренаселеноста.Не може некому да забраниме да ствара потомство за доброто на Земјата.Ако сакам ќе имам 5 деца, ако сакам нема ни да родам воопшто.Ете нели во Кина имаше порано закон по 1 дете во фамилија. Во пренаселените земји може да се стави таков закон секаде, а онаму каде има низок наталитет да се створат услови за живот за детето.Не како кај нас, роди трето дете и дај им 8000.Фактички раѓам за пари да добивам?Не фала. Треба да се створат услови за живот првин па после да се збори за зголемување на наталитетот. Пример во Африка, нити вода имаат како што треба нити во некои земји има основни хигиенски работи, што ќе им се на тие луѓе таму пари ако децата немаат чиста вода за пиење и бањање, ако треба да одат со километри до ,,болница” или ,,училиште”. Не и го осудувам ставот ама не се согласувам воопшто. Треба да се размислува на глобално ниво и да се најде решение.
Не станува збор за чкљ или не-чкљ, станува збор за обично мислење, кажано или некажано. Дури и доколку тоа е став, па и на 5 милијарди луѓе на планетата да е, нема да промени ништо. Огорчена е од индустријата, знам. Ама нераѓањето не е решение.
Намален наталитет, контролиран наталитет. Тоа веќе се случува од страна на владите (во сенка) во светот на начин што сѐ е пресметано да приходите дозволуваат најмногу едно до две деца. Во малите земји како нашата, нели, се промовира наталитет исплаќајќи некоја смешна сума за трето дете. Значи се движи некој баланс каде и колку деца да се родат. Но да не се раѓаат воопшто, за да закрепне планетата, е тоа е, и ќе биде - лудило. Кога сме кај темава, една модераторка од мислење ми направи тема
Така, не е решение нераѓањето туку сеопфатна самосвест за зачувување на здрава живодна средина и природните ресурси. Едукација за контрацепција, без разлика за каде се работи. Можеби ставот е намерно толку радикален за да привлече внимание со провокација.