Dada znam ima period koga ke mi dojde silna zelba,ama srekjna sum sto ne pusam sega inace mnogu se zdebeliv ama toa mi e dobiv 10 kg plus
Вчера видов во аптека лепенки за откажување на пушењето.Беа околу 300 денари.Апотекарот ми рече дека се нови и дека треба да пробам па да знам дали имаат ефект.Дали некоја има пробано лепенки и дали е задоволна?
Kaжи ако ѓи купиш.А вчера видов и едни капки илјада и нешто денари се капнуваат на цигарата демек го неутрализирале никотинот,ама мн ми се видоа пари
Пробав и со никотинските лепенки и со капките во цигара. Не ми помогнаа некој помош да даде многу сакам да ги оставам и секој ден си викам последна е оваа кутија нема веќе и пак купувам.Се нервирам страшно дури се мразам себе си затоа што сум пушач. Некој некоја помош?
Јас прекинав туку така, преку ноќ. Кога сум дома и порано не ни чувствував некоја потреба да запалам, ама кога бев на кафе, на факултет, журка или кај другарка дома некако од навика ми доаѓаше да пушам, а и другаркиве на 5 минути палеа, па и јас со нив ајде. Овој пат, се' се случи некако ненадејно, буквално немав волја за ништо да правам, а најмалку за цигари, ми се гадеше некако, и цели две недели додека немав излезено од дома немав запалено ни цигара. Кога веќе излегов, си реков зошто кога веќе сум издржала две недели, сега да го прекршам тоа и за џабе да давам пари на глупости кога тие пари можам за нешто друго да си ги искористам? И искрено, многу ми е подобро вака, секогаш си имам 100-150 денари плус ако сакам нешто да си купам, за јадење, за пиење, козметика, било што. Не дека понекогаш не ми се јавува желба да запалам, ми се јавува, но не се себеказнувам ако испушам една до две цигари понекогаш во една вечер, но никогаш не сум преминала над две цигари. На факултет скоро и никогаш не палам, но само кога бев на журка пред некој ден ја претерав и испушив повеќе цигари во една вечер, после дури лошо ми дојде. Ова ви го кажува човек што некогаш пушеше една кутија на ден, понекогаш и повеќе и прекина баш cold turkey. Сфатив дека не ми се потребни, и дека веќе ми преминаа во навика, а не ми беа задоволство како на почетокот, плус ако веќе не мислите на здравјето, барем помислете на тоа дека ако ги тргате тие 100-200 денари што ви биле за цигари на страна, ќе си купите уште плус некое парче облека, козметика или што и да сакате.
Јас еве месец како немам запалено.. А многу убаво ми доаѓаше цигара навечер, учејќи.. Ама знам ако така земам кутија само додека учам, пак ќе си ги почнам и нема крајјј И да, многууу јадам! Тоа ме нервира многу
Не помагаат ни лепенки ни магнети ништо живо освен воља за откажување.Мене мајка ми ми бараше некои лепенки ама аир нема, мајка на другарка ми рече имало некоја книга на англиски која натерала голем број луѓе да ги остават цигарите ама не ми текнува ни името ни авторот.
Пушев по минимум кутија на ден, некогаш и по две, и еден ден му реков на дечко ми: "оваа ми е последна". И стварно ми беше последна, еве скоро 2 години сум непушач (и тоа единствен во друштво ).
Цигари не се оставаат деновиве. Не се допушува кутија. Се оставаат сега, одма. Во моментот кога ќе решиш. Само тогаш има најјак долгорочен ефект. Кутијата се фрла. Тоа ти е како тест на волјата и карактерот. Со лесно откажувањето.
Цигарите ги оставив во Јануари 2015 . А решив без посебна причина онака да пробам. Се погоди период да бидам дома, не излегував често во друштво на пушачи, а дома за да не мислам на цигари гледав серии и јадев благо. Не се здебелив ич. Се плашев дека кога ќе ги оставам ќе качам на килажа ама за среќа не се случи тоа.
Јас демек ги остaив една недела ама сега пак палам по две цигари. Од 2 кутии ги намалив на 2 цигари. Ама како скроз?