Да, се чистат белите дробови. На моја другарка истото и се случуваше. Пиј чај од бел слез или од ѓумбир, бибер и мед.Ќе се утепаш од кашлање и ќе се исчистиш
Имало некои апчиња за да се откажат. Се купувале од Бугарија не ја памтам точно цената не беа многу скапи. Е сега не ми текнува точно како се викаат (мислам дека Торвекс, Тарвекс...) да не знае некој дали ги има овде во мкд и дали се ефикасни?
Можно е. Се чисти плуќата, затоа боли. Не се откажувај, продолжи така, за брзо време нема да помислиш на цигара. Ако имаш потреба, може да пиеш Бедоксин, ќе ти ја ублажи нервозата.
Или одма пресекување не пушам или никако. Ова со намалувањето само утеха и изговор. Јас пресеков наеднаш..
Ау, северноманќидонска работа. Навистина нема никотински налепници по аптекиве. Добро бре луѓе кај да ги најдам. Овие налепници ги има во секоја продавничка и трафика во светот, само во рсм ги нема. Нарачал ли некој по интернет?
За откажување од цигари, а со тоа и организмот секако се чисти. Ги користев пред 10на години додека живеев во странство. Ги имаше во секоја продавница како овде мастики што се продаваат. Цената окулу 10 долари колку што се сеќавам. Лепиш секој ден нова лепенка во текот на два месеци и постепено намалуваш ниво на никотин. Само не ми се верува до толку да сме црна дупка никаде дури ни во аптеките да ги нема кај нас.
Пробај прво да ги намалиш. Постави си помала цел (на пример, наместо цела кутија на ден, половина). Така нема да се демотивираш брзо. Зависи и од карактерот на човек. Некои ги откажуваат одеднаш и никогаш повеќе не палат цигара.
Што апчиња се тие ? И за какви налепници станува збор?? Сакам да ги откажам цигарите ,еве имам 2 електронски цигари ама џабе
Демек апчињата се природни и помагале за откажување. Јас сакам да знаам дали некој ги користел и дали му помогнале
Јас ги имав откажано без никакви помагала. Бев бремена. Сега пак си пушам. Само на мисла сум за да земам од тие што имаат како апаратче за затоплување. Само мислам скапи дека се, и не знам точно како се викаат.
Искрено јас не најдов ништо, еве 6 дена немам цигаре запалено, а многу ми помогна спинер ако имаш низ раце да го вртиш