Мислам дека пушењето ( барем кај мене ) беше појке навика да имам нешто низ прсти, отколку шо бев зависна од никотин. Од ко ги остадов секогаш ко ќе имав потреба за цигаре или ќе мислев да запалам, го земав спинерот ќе го вртвев дури да ми здосадеше и така и на цигаре ќе забораев.
Успат можиш да си спуштиш и една апликација no smoking и кажвит после колку време шо немаш запалено, шо ти е подобрено во организмот, колку пари имаш заштедено, и колку животни и какви би биле умрени од отровот од цигарите шо ги немаш испушено. Ова како дополнителна мотивација
Какви апчиња, какви лепенки.. За откажување само цврст карактер. Од денес не пушам и крај. Со тоа постепено намалување демек полека полека ги намалуваш па ги откажуваш, само се лажеш самиот себе. Мислам дека штом јас успеавв да ги откажам, од толку страстен пушач што бев, може секој. Само инат.
Си смукав бонбони. И го откажав и кафето привремено, додека да ги одвикнам цигарите, оти нели кафе без цигара не оди. Сега пак си пијам кафе, ама без цигара.
Ги откажав цигарите 2011 или 2012 не памтам па по 5 месеци пак да посегнам по нив . Почнав на факултет и се зезнав. Во јули 2019 година ги прекинав втор пат ама засекогаш. Пушач бев 10 години. Само воља и цврст карактер , друго ништо не помага.
Дали имате искуство со никотин стоп? Дали помагаат навистина овие во откажувањето од цигарите дури и кај тие што не можат да си го замислат животот без нив? Исто така, ме интересира дали овие го филтрираат никотинот? Оти во никотинот лежи зајакот, никотинот ги прави луѓето зависни од цигари... Ако не помагаат овие во отстранувањето на никотинот, кажете нешто друго ако знаете за отстранување на никотинот, ве молам...
Не со филтериве, самото тело, на секој кој ќе се откажи од цигари за максимум 3 дена нема никотин во телото. Немој да се лажиш со вакви работи и џабе да си фрлаш пари, најбитно за откажување од цигари е волјата. Еве јас за некој ден правам пола година откако немам запалено цигаре, без никакви лепенки, само цврста волја.
Ти благодарам многу Работата е што јас не прашувам за себе, јас сум непушач. Моите родители како турчишта пушат цигари. Татко ми рече ќе ги откаже, како тргна си мислев дека навистина ќе ги откаже, но за жал напразно се надевав... Мајка ми секој ден пуши цигари дома, 1 кутија на ден обавезно... И нормално, покрај таа што запалува цигари пред нас и тој сака да запали... Еве, мајка ми почна да се жали од срцето пред една недела... Кога ми се пожали од срцето ми дојде тие штеките со цигари да ги фрлам во оган Ако чекам на нив да ги откажат цигарите, ќе ги откажат никогаш... Не за друго, јас ќе треба со (не дај Боже) болести да се расправам. Што да правам навистина не знам.
Пушев 13-14 години, ги откажав пред безмалку 2 години. Најдобрата одлука ever. Тоа е нешто што сам со себе треба и мораш да си го договориш.
Тачно и јас пушев 15 години, сега ги откажав има 2 месеци и сум препородена, не ми смрди повеќе устава ниту ме боли главата на сабалје
Јас имам пречести главоболки, може и да се мигрени и ниедно апче не ми помага, и тоа се главоболки до степен на лошење, повраќање, вртоглавици.. Прогуглав малку дали пушењето може да го предизвика тоа и најдов многу articles кај што пишува дека тоа навистина може да предизвика различни видови на главоболки, меѓу кои и мигрената што може да станат доста чести. Исто така, дека потребни се многу повеќе апчиња за да ти делуваат на главоболката, и дека потребно е многу повеќе време за да ти помине, зошто блокирало некои рецептори во мозокот. Како и да е, еднаш одамна се обидов да прекинам со пушење, не знам колку долго ми траеше тој период ама жими се ми се смени текстурата на кожата, ми се разубави тенот, добив црвенило во образите, сега сум ко дух цело време жута. Денес ми е 7ми ден како немам запалено цигара, ем ќе пробам заради главоболките, ем заради операцијата и се надевам дека овој пат ќе истрајам во намерата.
Само така! Се' повеќе и повеќе бенефити ќе чувствуваш. Користев една апликација шо ми покажуваше што се случувало во организмот пример, day one without nicotine, day two, one week.. и т.н. Мене лично голема работа ми заврши. Исто што можеби ми одеше во прилог е тоа што, кога ги откажував повеќе почнав да пијам кафе. Си увртев во глава дека ако го навикнам кафето без цигара порано, толку подобро за мене. Нема да ги поистоветувам едно со друго. Истото ми важеше и со алкохолот, факт е нели дека тера да палиш... Е сеа не пиев дома вотка или виски по 2-3 чаши, ама знаев да си ставам out of the blue вино малку чисто и тој тригер да го навикнам дека всушност може без цигара. Шо знам, некоја моја логика што можеби кажана на глас и не држи вода, ама еве мене ми упали. Сериозно за сите кои што сте успеале, голема работа е и знам колку е тешко само да се нафатиш да одвикнеш таква психолошка и физичка зависнот.