Откажување од пушењето

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од rjgdm, 14 декември 2009.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    3.251
    Допаѓања:
    51.456
    никогаш не сум била пушач, ни па сум пробала цигара. луѓето со кои комуницирам, воглавно се пушачи ( освен домашните, и две три поблиски другарки ). постојано им трубам дека не е убаво и дека треба да прекинат, но, ако некој решил да пуши, ништо не го запира. :?: џабе ти им трубиш колку се штетни, а башка и парите си ги фрлаат за глупости

    не сакам да престојувам во простории во кои се пуши, многу се израдував кога разбрав дека конечно, и во Македонија го има тој закон против пушење :)

    за некој да се откаже, мислам дека пред се е потребна цврста волја, без тоа ништо не прави 8)
     
  2. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.083
    да да најбитна е вољата...
     
  3. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    139
    јас пушам 3 години, пробац да ги откажам ама имам многу големи кризи вртоглавица, несвестица, нервоза и неможам
     
  4. nenuska

    nenuska Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    449
    i jas pusam veke 10 godini t.e od 15 godini sum probala nekoku pati no toa traelo den dva i pak sum palela cigara
     
  5. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    2.635
    Девојки,јас ги откажувам!
    Дефинитивно!
    Се решив на здрав живот,и што е ова..Денес вежбав половина час,одвај тој го издржав..Порано по час и половина гајле сум немала,а сега...Одвај воздух си земав! :(
    А инаку пушам по кутија на два дена,зависи како...
    Кога сум некаде настрана,по цела кутија дневно одеше,ако не и повеќе..
    Но се надевам дека ќе издржам,оти имам волја овојпат!
    :*
     
  6. fairytale

    fairytale Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    24
    Пушев 4 години и се откажав со мојата желба. Бев премногу слаба и ако продолжев со цигарите никогаш немаше да накачам некое килце а многу се трудев.. Последици после тоа имаше, не велам не..Не можев да трчам, многу се заморував, премногу кашлав и ми беше тешко воздржувањето кога ќе видев цигари. :worried:
    Но сега сум среќна непушачка!! :D
     
  7. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.670
    Пушев многу време, некаде околу 6 - 7 години.
    Ги имав оставано цигарите но онака на недела-две или пак на некој месец, па пак си ги пушев.Откако останав бремена палев по една цигара на три-четири дена, ме фаќаше многу стрв. Но се разболев малце и почна да ми се гади од цигарите и од мирисот на чадот.
    Еве три недели не сум запалила цигара и не се осеќам баш добро, ми се чисти душата од цигарите и имам потешкотии во дишењето. Но останувам упорна, не палам, ги мразам цигарите.
    А плус и не му давам на мм да пуши во собата каде што најчесто седиме.
     
  8. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.073
    Допаѓања:
    1.615
    Пушам веќе добри 7 години, но последниве 3 пушам по една кутија на ден. Ги имам оставено 6 месеци ете така си реков не пушам од денес и издржав 6 месеци, потоа раскинав со дечко ми и утехата ја најдов во цигарите. Сакам да ги оставам,па месечно по многу пари давам за цигари, и тоа колку многу ни штети на здравјето :@ да не зборувам , но неможам. Си реков кога ќе останам трудна ќе ги оставам, и најчесто кога ќе речам на работа не пушам колешките веднаш помислуваат дека сум трудна :lol:
     
  9. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.336
    Јас не сум запалила цигара 3недели и 2 дена. Премногу ме направи напната откажувањето од цигари, и имам повеќе нервози и планирам да ја обновам дружбата со нив.:( Барем колку-толку кафето и цигарата ми причинуваа задоволство. Ги откажав бидејќи вежбам, и за да накачам некое килце да не ми го одземаат апетитот...
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.151
    Допаѓања:
    26.666
    Пробав 2 пати.

    Првиот пат ептен неуспешно. Само 3 дена успеав а и во тие 3 дена по 1 цигар палев дневно.

    Овој пат можеби 1 месец ама пак си палев во денот или во два дена по 1 цигар. И на крај решив дека не бива. :) Од се можам да се откашам ама од цигари не.
     
  11. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    628
    Пол:
    Женски
    Јас можам да кажам дека ако се сака се се може. Мајка ми беше пушач 30 години и сега има скоро две години како не пуши. Мислев дека нема да успее, ама и се восхитувам сега :clap:
     
  12. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    101
    јас пусев по 2 кутии на ден,еве 4 месеца не пусам откако останав бремена реков не и крај теско е ама срека сто успеав првиот месец ме фаќало криза и палев по една по две,сега пробувам абе еден дим неможам .треба да се биде упорен а кој планира да ги остави неможе одеднас пробајте прво да ги намалите и на крај една две и кога ќе видите не пусите
     
  13. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    201
    Јас секој втор месец ги откажувам и никако да ги откажам :lol: Ама и ја не сум си сериозна бе :fubar: А знам дека ако запнам, ќе ги откажам, се гледа дека е до мене :doh: Секоја чест на babyketi што успеала да ги остави :clap: Се надевам и јас набрзо ќе се откажам од оваа лоша навика :!:
     
    На rjgdm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.083
    Секој може да ги откажи ако има силна волја.
    Брат исто не можеше никако,али кога ќе ти дојди јајцето на газот се се можи.Откако лежеше еден месец на болница од воспаление на градите,му дојде умот и сега цигарка нема чепнато воопшто.
    Значи се се можи ако се сака.
    Само се надевам дека ќе издржи и нема повторно да запали.
     
  15. Gkatzopulu

    Gkatzopulu Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2010
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    8
    Pusenjeto na cigarite sekade go slusame e stetno po zdravjeto da se soglasuvam ama toj sto pusi tesko e dago otkazi.Nekoj ke mi kaze mene otkazise od pusenjeto stetno e,nepostoi nemozam tuku nesakam.Nebi se soglasila bidejki zavisnosta tesko se otkazuva.Jas ne pusam kojznae kolku i se zavisi od raspolozenieto moe.Moze da ispusam 10cigari na den i 1pak.na den.Mazot mi 2-3pak.na den.Pokusuvav dagi otkazam ama za kratko,znam deka najdobro e da napravam sto moze da go otkazam bidejki imam i zdrastveni pricini.Bi sakala dami kazete vasi mislenja za cigarite.Probav dagi otkazam so mastiki za zvakanje mi pomogna mnogu ama koga gledam pred mene pusi nekoj tesko mi bese da prodolzam so upornosta za otkazuvanjeto na cigarite.Ako gi otkazam imam mnogu pozativnosti zasteduvam od zdravjeto moe isto i od ekonomskata sostojba zasteduvam pari.Vi blagodaram


    [mod-kirilica:1jf6qg6x][/mod-kirilica:1jf6qg6x]
     
  16. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    31
    Pusenjeto cigari

    поздрав,
    јас би ти рекла да се откажеш ама да бидеш одлучна или пак постепено, пробај со сончоглед, мој колега така се откажа, прво пушеше 5-6, потоа само 2 на ден за на крај скрос да се откаже, и успеа!
     
  17. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.550
    Цигари се оставаат наеднаш и никако поинаку,тоа со постепеното или намалувањето не успева ама скоро никогаш. Јас така ги оставив,оваа ќе ми е 5-та год.ама не си славам годишнини од напуштањето :D .
    Цврста волја,одлучност,сечеш и нема враќање. Првите месеци ќе паѓаш во искушенија во друштво на пушачи,ама се издрзува,оддалечи се за момент ако веќе не ти е издрзливо,ама се е навика па и непушењето ќе ти стане навика. Сега понекогаш кога се присетувам на мојот пушачки период,како на др.да му се случувало или како на филм да сум гледала,знаете она чувство поминуваш покрај зградата на основното или средно училиште кај што си учел и ти се чини толку далечен спомен како било-не било,а сепак знаеш дека било...А и не е пријатно ако дечко ти е непушач,а ти пушиш,мене и ова ми беше една од причините да ги оставам,не дека тој побара,ама осетлива сум си јас и на неизговорено незадоволство :) .
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    1.736
    никогаш не сум можела да поднесам цигари, а кога бев помала (12 години) пробав 3 дена по три цигари, и навистина незнам како, и ситуацијата во која што живеев беше многу напната и прво нешто по што посегнав беа цигарите на мајка ми-на фрижидер :$

    немав никаков проблем да се откажам и веке не можам да ги поднесам.
    мајка ми е хроничен пушач(нема намера да се откаже никогаш) а татко ми беше хроничен пушач некои си 20-30 години, ама се откажа конечно пред некое време.
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.755
    Колку што знам од оние кои се откажале од пушење, никогаш откажувањето не е дефинитивно. Многу ми се интересни кога излегуваат надвор со нас пушачите само за да го вдишуваат чадот затоа што им недостига :)
    Инаку прв ефект е здебелување, а втор дека се намалува наводно нервозата (пушачите биле поголеми невротици)....наводно! :)

    Јас кога сум болна или настината сеедно, не трпам чад од цигара, и се случува со денови да не ми текне на цигара. Скоро секоја пролет правилно ме фаќа период од месец па и два да не запалам ич, заради проблеми со дишењето и алергијата која ја имам. Првата цигара кога сум на работа ја палам дури попладне, исто имам некој блок во мозокот дека не сакам да пушам додека сум на работа или кога ручам.
    Ама со кафе или со пијачка не можам а да не пушам. Пушам две - три кутии неделно.
    Што го знам дали е поарно помалце или повеќе. Ама засега не чуствувам потреба од откажување.
    Можеби еден ден ќе го сменам мислењето. Ама секоја чест на оние кои се откажале! Симнувам капа ;)
     
  20. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    2.548
    Пол:
    Женски
    Леле колкав проблем ми е ова немате представа.Секој ден ги оставам и никако тоа да се случи.Прошлата година не пушев 6 месеци, и на крај пак се здружив со цигарките.КАтастрофа бе.Размислувам и на терапија дури да одам зошто стварно ми се проблем по здравјето.